Кога почнаа да го даваат кај нас (ми се чини на А1 беше, така?) почнав да го гледам, ама искрено фатија да ја тупат ептен и престанав. И сега имам едно прашање: што всушност се случуваше на тој остров? Нели излегоа гласини демек биле сите умрени па се наоѓале во чистилиште и што ти јас знам. Па, ениуан?
Cе секавам на серијава,ја имаше едно време на A1,ама јас никогаш не ја гледав Aј можеби ке ја проверам
Денес ја изгледав последната епизода. Има еден месец негде откако почнав од почеток да ги гледам сите сезони, и едно ќе кажам мозокот каша попара ми се напрај. Сите што ја изгледале серијата некако го спуштат видеото што ќе ставам линк па да продискутираме во врска со него, оти стварно кога го изгледав и него е дури тогаш ништо не сватив http://thepiratebay.org/torrent/5743400 ... _In_Charge
Го имаш гледано ова видеото што кладов торент? Во него се појавува Волт во ментална институција, од каде Волт во ментална институција ?
тоа е после островот веќе, во Њу Јорк се дешава. Лок ќе го посети Волт, а овој со баба му ќе идат кај Харли. Харли е во ментална болница уствари не Волт. Волт сака да го распраша Харли пошто ќе се сомнева дека татко му (Мајкл) е уште жив на островот, али не е .
Знам за тоа, ова друго е. Харли и Бен ќе одат во болницата и таму Волт ќе биди и ќе го земат со нив, демек да го вратат на островот.
Епа нели Бен му вика дека го зимаат демек да му помогне на татко му (иако и двајцата знаат дека е мртов) . Харли и Бен го носат Волт ``дома`` на Островот, и Харли му ветува дека ќе има некоја ``работа`` да заврши. тоа е . нема некоја голема филозофија овој дел. или барем мене така ми изгледаше
Ја гледав серијава додека беше на А1, па потоа не можев да дочекам и спуштив 2 сезони... и се изгубив во нив, така да не продолжив да ги гледам.. се’ некако се измеша
Многу ми беше интересна јас сакам серии со откривање на работите по логика ама не успеав да си ја догледам до 4 сезона мислам дека ја гледав
кога ќе се сетам дома со мајка ми се водеше борба за филмов.И јас го гледав ама првата сезона после не ми беше интересен.Мајка ми беше затрескана во филмов и во глумциве.Инаку она се соживува со филмов и би можела уште 30х да го гледа
Да ги гледаш „Изгубени‘‘,ти самиот ќе се изгубиш. На почетокот беше интересен,ама после каша-попара се направи. Тешка психологија!
Епа не е серијата за гледачи што гледаат љубов, казни и слични глупости. Не сакам некој да се навреди, ама нормално дека не е евтина турска серија, овде треба да се вклучи мозокот.
Ај некој ако може да ми испрати квалитетен линк каде можам последната сезона од серијава да ја изгледам зимава.. дури не ме фатило мрза и да седам пред компјутер да гледам
Најдобра серија што некогаш постоела. Единствено добро ќе се сфати ако се гледаат епизодите една по друга. Убаво е се објаснето така да и логиката не е потребна, освен ако се замарате со глупиве турски серии па споредба не може да се прави во никој случај!