Ја гледав серијава кога ја даваа на А1 али само до втора сезона, некако ми здосади тогаш и не ја догледав. Инаку планирам летово до крај да ја изгледам бидејќи ги имам сите сезони во компјутер
Гледав, обавезно пред ТВ бев во дадениот тајминг, но некаде до средината малку повеќе од средината на втората сезона.Потоа некако ми станаа досадни и не ми беше интересна серијата, па прекинав да ја гледам
се надевам дека она што кажаа дека ке има продолженија е само лага!! мене не ми се допадна воопшто серијава и ја изгледав колку да е во изгледаните!!
Ја даваа на А1 и ми остана недовршена, па сега скоро одлучив да ја изгледам. Можам да кажам дека крајот беше најглуп на цел свет!
Една од моите омилени серии. Значи прејака серија. Секоја епизода ја гледав и многу ми е жал што повеќе не ја дават. Омилена ми беше Кејт. Ииии Јејмс(многу ми е убав брее ) Спојлер Спојлер Хуго и Чарли ми беа многу интересни . Спојлер Спојлер Најмногу го мразев Бен-.- а и погледот му е многу манијачки Спојлер А Јек мф мф преубав. Спојлер
Го гледав на почетокот и го баталив. Добро ја свативте содржината, или само јас не сватив оти прерано се откажав што се случи, се вратија во своите домови назад? што имаше во џуглата каде им падна авионот?
Имам гледано неколку епизоди, онолку колку што успеав да фатам на ТВ. Навистина добра серија, кога ќе ја догледам Two and a half men ќе ја побарам неа на интернет да ја видам целата серија, сите сезони.
Да не ја гледа и некој друг серијава во 2021 или јас сум единствена? Се навлеков, уште сезона и пол ми остана.Не знам како до сега не сум фатила да ја гледам, баш мој калибар е цело дејство, мистерија, малку научна фантастика, малку драма, а и плус глумците се презгодни.Единствено што ми смета е што сите омилени парови ми ги разделуваат.
Многу добра серија, не знам како тоа има хејтери. Се уште ги памтам сите главни ликови од почетокот (патници во авионот): Џек, Кејт, Соер, Џон, тој што беше заљубен во полусестра му, па таткото и синот, Ирачанецот, Австралијката Клер со бебето, дебелиот, Чарли.... Многу незвесности, ми се гледа пак....Една од најдобрите американски серии, веќе ретко прават вакви.
Џон Лок, таква трагедија од живот. Не можам да разберам и не можам. Па неговата смрт... Никогаш немало и ќе нема таков промашен живот на ниедна серија и филм, и што ќе не потсетува секој ден дека животите ни се безцелни...
Гледајќи ја сеа пак на Star Channel, сфаќам дека ликот на Кејт е толку глуп и безвезе, не знам како ми беше порано омилена. Језда имав 14 години тогаш, шо сум знаела. Језда уствари косата нејзина ми беше љубов. Како и да е, сеа сфаќам дека ептен е лигава, само се сили, а на крај се' сјебува, тотално бескорисна е.
Има некој што гледа во 2024? Ја ставија на Нетфликс пред некој ден па ја почнав пак Првпат гледав како мала мислам 3то одделение или така нешто бев кога ја даваа на А1, интересно ми беше ама не разбирав многу. После ја гледав во 2017та од почеток до крај и јака ми беше, ама не се сеќавам баш на секој детал. Сега ми е трет пат. При крај стигнав на првата сезона. За Џон Лок некако најмногу ми е жал и не ме нервира воопшто засега..
Јас. И јас ја гледав пред 20 год. на а1, и од тогаш ја немав гледано сè до пред 2-3 месеци кога почнаа да ја даваат на Star Channel. Таму застанаа со крај на 3та сезона. Неделава од кога ја ставија на Нетфрликс, продужив со 4та. Многу работи немаат добро остарено, ама воглавно уште ми е интересна, само што на 14 години Кејт ми беше идол, а сеа ме нервира, ми се повраќа од нејзе. Сфатив дека серијата е доста филмски направена, музиката е баш old school, дава дополнителен ефект на атмосферата. Кинематографијата е супер, доста добри сцени има, се труделе ептен. Е сеа нема баш логика крајот, али јбг, добра е сè на сè.
И мене Кејт ми е антипатична на моменти. Ама уште сум прва сезона, ќе видам понатаму баш ќе пишам дали ќе ме нервира или не
Спојлер: Објаснение за крајот Сите се мртви всушност сето тоа време, островот е демек пеколот, језда мене ми делува повеќе ко purgatory, бидејќи: 1. се соочија со разни гревови и грешки од животот, 2. се бореа за да стигнат до крајот и да доживеат спокој, и 3. зошто онаа верзија на живот што ја живеат во последната сезона каде не паѓа авионот е рајот, за да на крајот од последната епизода во црквата конечно заминат во светлината да си го доживеат спокојот.
фала ти за ова никогаш не ја догледав до крај серијава а ни па ми текнало да гуглам како заврши сега може да се спие на рајат