Јас имам сосема друга интерпретација за крајот од што имате пишано погоре. Ќе пробам да објаснам колку што е можно поедноставно (иако сепак е комплицирано) Не читајте ако планирате да гледате од почеток! Пробувам да ставам спојлер, но безуспешно, ако може некој админ нека ми го стави објаснувањево во спојлер. Spoiler: Објаснување Се што се дешава на островот навистина се дешава за нив во реалноста и не умираат сите наеднаш кога паѓа авионот. Не се во никаков пекол или рај додека се на островот. Смртта на ликовите се дешава како што е прикажано. Еве примери за смртта на поглавните ликови. Ќе се сетите ако имате гледано скоро. На пример: - Шенон навистина умира кога Ана Лусиа по грешка ја убива. - Ана Лусиа и Либи умираат кога Мајкл ги убива. - Мајкл умира на бродот кога се враќа да ги спаси другите. - Лок умира кога Бен го убива, кога се враќа на островот тоа веќе не е тој, туку чудовиштето. - Џулиет умира помеѓу 4тата и 5тата сезона кога патуваа низ времето… значи поентата ми е дека се што се случува на островот е реално и секој лик што умира, умира како што е прикажано, а не сите заедно кога се урива авионот. Ова беа примери од претходните сезони, но еве за крајот: - Саид умира со бомбата во подморницата, - Џин и Сан умираат исто во подморницата заедно, - Џек умира на островот кога успева да го спаси од пропаѓање и го гледа авионот како си оди, што значи дека Сојер, Кејт, Ричард, Мајлс, Клер и пилотот успеваат да заминат од островот во последната епизода и ги продолжуваат нивните животи во цивилизација (кои не се понатаму прикажани) - Хуго и Бен остануваат на островот и го менуваат Џејкоб. Во “Алтернативната реалност” од последната сезона кога сите се потсеќаат кои се и се наоѓаат во црквата всушност сите се веќе мртви, но бидејќи другата страна нема временски линии туку “се е сега”, иако починале во различно време сепак се наоѓаат таму и тогаш.. значи некои од нив дочекале старост, а некои од нив умреле и порано, но таму се сите заедно заради се што поминале заедно на островот, за да продолжат понатаму заедно по смртта. Кога ликовите умираат во реалноста, тогаш за нив се случува средбата во црквата. На пример за Џек сцената во црквата се случува откако умира на островот како што беше прикажано од негова гледна точка. За другите се случува кога умираат тие самите. Се надевам добро објаснив. Ама да, ова е вистинската интерпретација. Факт е дека серијата не е за секого и има и фантазија во неа, можеби не може секој да ја разбере, но за мене е безвременско ремек дело и мило ми е што ја изгледав пак.
10/10 предобра. И интересна. Ме копкаше ептен. ја изгледав цела за недела дена. Препорака од мене иначе крајот и мене ме збуни, и уше не сфатив шо се деси, или шо се дешавало ( знаете на шо мислам каков е крајот, да не откривам спојлери)