Здраво, сакав да отворам дискусија за оваа тема затоа што мислам дека е битна и треба да се дискутира a никој не обрнува внимание на неа. Дали вие имате изгубен однос со вашата мајка? Или познавате другарка што има? Еве јас да си кажам за мене, да односот помеѓу мене и мојата мајка е ладен.. и не се поместува од тоа. Кога бев мала мислам дека се беше океј ама пак не сме имале многу близок физички контакт. Ама некогаш знаеше да ме натепа многу силно, и тоа за најглупи ситници, и од тогаш почна да ме навредува ама пак ретко се случуваше тоа. Потоа 6то, 7мо, 8мо, одделение, работите малку повеќе се влошија. Беше премногу строга и многу ме контролираше. Со неа неможев да разговарам за повеќето теми и да се однесувам ко другарка. Одсекогаш се плашев да ја прашам или да и кажам нешто, затоа што е премногу избувлива и нервозна и незнаев како ќе изреагира. И знаев дека ако и побарам нешто одговорот секогаш ќе биде НЕ затоа што ја познавам. Тогаш и почесто ме тепаше и ме навредуваше со секакви зборови што ќе и дојдеа на памет. На Фб не ми даваше да имам пријатели јас коишто сакав да ги имам. Ми ги проверуваше пораките, и еднаш ме истепа затоа што сум имала повеќе од 50 пријатели.. друго.. знам дека ми има речено дека требала да ме абортира и дека сум била грешка. Многу плачев на тоа. Потоа стигнав 9то одделение и беше уште построга. Некогаш ми забрануваше да излегувам со другарките и некогаш и ги навредуваше и нив. Ми го земаше телефонот многу пати кога не учев. Кога излегував на одредени места ми викаше и ме караше, почна да ме нарекува курва ороспаќа.. ме малтретираше за ситници. Сега сум 1ва година средно и скроз попуштив со школо и сега не зборуваме освен ако не треба нешто многу важно да и кажам. Значи таа ќе ме сака само ако имам одличен успех во школо.. а ако не учам воопшто не сум нејзина ќерка. И никогаш не се смее секогаш е намуртена и се кара со баба ми, или со мене, или со брат ми. А некогаш работите и ги сваќа погрешно, и не знае да прави нормален муабет, се мора со цркање.. а некогаш знае и многу просто да се испонаша или да каже нешто со што мене ќе ме испровоцира. Не верувам дека ќе се поправи нашиот однос а и да се обидам да го направам првиот чекор, немам храброст.. затоа што после толку години.. тешко е. Инаку мајка ми е разведена и живеам со неа баба ми и брат ми.
Zivotnite situacii ponekogas se takvi koga roditelite nemozat da GI kontroliraat ili da se naviknat Na NIV. Togas nemokta doveduva da se odnesuvaat agresivno.Od Edna strana majka ti treba da glumi avtoritet, da vospituva, da se grizi za celoto semejstvo, smestena vo tug Dom Na baba ti, a Od druga strana saka da bides obrazuvana, da te vospita vo dobra licnost. Veruvaj, taa samo e isplasena I zatoa e agresivna, navreduva, molchi. Taa se odnesuva kako sto roditelite se odnesuvale kon NEA. Ti mozes da I pomognes so Toa sto ke se podobris vo uciliste, ke I pomognes vo sekojdnevnite obvrski DOMA, ke ja gushnes, ke I napravis edno kafe ili caj vo denot, ke razgovaras so NEA za nejzinoto sekojdnevie idr. Ne veruvaj vo se sto majkite ke kazat vo lutina. Majka ti te saka no e sama I IMA mnogu egzistencijalni problem I so koi teshko se spravuva, a ti Ne GI znaes zattoa sto taa Ne saka da te optovaruva so NIV. Gushni ja majka I podobri se .
@mira.mira тоа што мајка и има проблеми и е сама, воопшто не е оправдување за таквото однесување. Еден куп родители се со слични проблеми, па не ја поминале границата на нормално однесување. Не велам дека не е нормално да се налути, да повиши тон понекогаш, ама ова што @Unicorn_ погоре го објасни, според мене е болест. На жената и треба стручна помош. Ако има проблеми, треба да стегне заби и сама да си ги реши, без да ги меша децата во тоа. Тие воопшто не се криви за нејзините проблеми и во никој случај не смеат да страдаат поради неа. Ако и треба поддршка од децата, треба прво таа да ги поддржи нив. Ни јас никогаш не сум била блиска со мојата мајка. Можеби физички не ме малтретирала, ама психички да. Затоа потполно ја разбирам членката погоре. Вистинска мајка/родител сака и поддржува безусловно, а оние другите очекуваат премногу од своите деца.
јас израснав во скрос ама баш скрос иста ситуација со мајка ми. Немамвме ама баш никаков човечки однос како маќеа да ми беше а не мајка. Стрина моја повеќе ми се најде во животот одколку таа. За неа поарно камен да родеше одколку мене,за неа поарно да цркнам одколку да ми помогне, цел живот беше против мене. На крај ме доведе до состојба да лажам да се кријам само за да ја откачам да не ми досаѓа да не и покажувам тестови... Кога заминав на факултет уопште не и кажував кај одам со кого се движам и каков успех имам и среќа живнав и се ослободив од сите стеги во тој период. Се опуштив размислив си поставив планови и цело во животот и знаев дека доколку таа не знае јас многу ќе успеам. И не само тоа. Направи и татко ми да лаже да не кажува што обврски има кај оди кај се движи исто и со сестра ми... Таа која пола жживот ради неа го помина дома без да излезе и да види светов како функционира. Сега за неа сите сме згрешиле што на своја рака сме правеле се... И да не расправам многу. Мораш да прифатиш дека таа е таква и неа не можеш да ја смениш но можеш да поработиш на карактерот свој и да ја игнорираш. за својот живот сама да одлучуваш но паметно и разумно. Не мора се да и кажуваш не ни мора да знае. Односот никогаш нема да го смените,можеш само да се надеваш на подобро и на среќа дека никогаш во животот нема да сретнеш особа како неа.
Твоите оцени во школо се резултат на тоа колку родителот работел со тебе. Не секое дете е генијалец и само да знае како да сака да учи. Треба некој да го седне да му каже да му објасни.. Децата се огледало на родителите. Мајка ти треба да е свесна дека САМА НА СЕБЕ треба да е лута. Разводот и тоа што е самохрана мајка НЕ Е ОПРАВДАНИЕ во никој случај за занемарување на своето чедо посебно во најосетливите години. Односот со мајка ти чисто сумњам дека ќе ти се среди но сакам нешто на тебе да ти кажам. Не си ставај при срце иако боли. Во никој случај немој да мислиш дека ова е здрав однос на родител-дете и утре дека ќе е нормално своите деца вака да ги третираш. Ако мајка ти почне повторно да те нарекува ороспија курва и да црка по оцените можеш смирено да и кажеш дека имаш снимки од тоа и дека ќе пријавиш во социјални грижи ако не проба во најмала рака барем да не те вреѓа. А што се однесува за оцените чим на неа не и се работи со тебе тогаш нека плати професори да работат со тебе. И уште нешто. Како што реков децата се огледало на родителите. Се дур се под влијание на истите тие. Но ќе дојде ден кога ти самата ќе треба да одлучиш што сакаш да бидеш и каков да ти е животот. И тоа ќе е многу скоро. Дали сакаш да се срамиш од твојата диплома утре кога ќе покажеш слаби оцени онаму каде што ќе треба да се вработиш. Дали сакаш да го осетиш на свој грб она-не ја бива неа и што е најтрагично да се во право. Верувам не. Затоа искрено ти кажувам...Помалку замарај се со мајка ти, повеќе со себе. Нејзиниот живот ако е пропаднат не мора и твојот. Верувам не ти е цел утре да си чистачка но МОРА да се испотиш малку за повеќе да бидеш. Зашто на 35 срамота е да речеш-мајка ми не ме научи. Зашто ќе добиеш повратен одма-до 18 може на ова да се вадиш, ама понатаму треба сама да увидиш каде згрешила и да исправиш. Твој е изборот. Секогаш е твој изборот.
А кога пишав во една друга тема, дека родителите понекогаш им се непријатели на децата, дека не е секогаш мед и млеко, се најде членка да ми одговори дека не било така, дека родителите секогаш им мислеле добро на своите деца. Камо да беше вистина тоа и сите да имавме супер однос. @Unicorn_ терај си го животот и не обрнувај внимание на нејзиното лошо однесување. Кога ќе посака да те испровоцира, не возвраќај. Однесувај се добро, со почит барем затоа што ти е мајка, но не дозволувај твојот живот да биде уништен поради нејзини проблеми или фрустрации. Успехот во училиште може да ти биде важен понатаму, затоа треба за себе да се потрудиш да бидеш успешна иако разбирам дека си демотивирана и нерасположена. Колку и да е тешко, мора да се мисли позитивно.
Mnogu energija ke izgubi deteto ako se Trudi da go smeni karakterot I navikite Na roditelot. Nema potreba Od pogreshno nasocena energija I vrème. Roditelite Ne gi birame, tuku gi dobivame so ragjanje. Ne opravduvam losho odnesuvanje kon dete. No sekogas si ima dlaboki koreni vo psihata Na vozrasniot. Situacijata e kompleksna.
После разводот на моите решив да останам со татко ми, а мајка ми отиде со сестра ми и не комуницираме уопште бидејки јас така одлучив, а она на 3 4 месеца ке пише пораче али едвај. Имам слушано муабети као ме омаловажува, се најлошо и криво ми е али само тогаш коа ке чујам такво нешо.А и коа сме живееле сите заедно се ја бев глупа,полоша од секоја моја другарка и посмотана пошо имав добри оцени а не одлични. Не ми треба таква мајка, а и не ми е баш логично тоа коа ке кажат НЕ СЕ МОЖЕ БЕЗ МАЈКА да, не би можела доколку би имала мајка која нема да ме брука, која ке ме сака како нејзино дете како шо треба. Ми фали али боље е вака.
Јас имам 26г. сеуште живеам со мајка ми и татко ми. Со мајка ми имам проблеми уште од тинејџерските години. Јас не бев многу по учењето, а бев мирна. Кога почнав да ги редам слаби оценки кажав дома, мајка ми викаше, урлаше и ме ставаше под казна месец дена да не излегувам со другарки. Знаете што значи тоа во тие тинејџерски години.. Потоа јас почнав да прикривам оценки, за да не добијам казна, но нели ке дојдеше родителска и пак исто. Потоа кога почнав да излегувам по кафичи знаеше да ми се случи да дојдам потпивната дома, и за тоа имав драми. Мајка ми е тип на човек што сака да е жртва и секогаш повеќе од што треба се потресувала, плачела дома, паѓала во несвес и никогаш не признавала грешка. Се случувало кога ке се скараме месец дена па и повеќе да не разговара со мене во буквална смисла, ни збор. Поминаа тие мои "луди" години, признавам дека и јас грешев, само што мислам дека мајка ми беше престрога со мене, во споредба од тоа што била со сестра ми (ама она беше одлична ученичка и немаше никакви проблеми) и по тоа што сум гледала од мајките на другарките мои. Има многу многу ситуации што не можам да ви ги напишам тука зошто ке биде предолго, само сакам да кажам дека јас имам трауми од мајка ми, имам некој навлезен страв што се собирал сите тие години, не страв од ќотек (тоа не го правела) него страв дека ке почне да плаче ако погрешам нешто, страв дека ке и се слоши итн. Многу, многу можности, прилики сум пропуштила поради нејзе во животот само за да не ја повредам. Многу нормални работи не сум ги направила само затоа што она не сакала. Пример никогаш во животот не сум преспала кај другарка или кај дечко. Немам отидено на одмор сама надвор од Македонија итн. Еве сега моментално пак ми е лута за глупост, се скаравме и секогаш ги навраќа работите од минатото и повторно не разговара со мене. Не знам веќе што да правам, на моменти ја мразам затоа што јас се , буквално се правам за нејзе, што ми е грешка, можеби требало да си го терам животот како што сакам, можеби повеќе ќе ме ценела и ке ми верувала. Не се издржува веќе...
Веќе си 26, млада, но доволно возрасна. За многу одговорности што се ставени пред луге во 20тите, секакви очекувања постојат кај околината нивна често, освен очекувањето дека ке си го живеат својот живпт како што сакаат. Не дозволувај да бидеш манипулирана . Се лутела- некансен лути. Ако си згрешила, извини се, ако не , оставија нека си прави драми. Повеќето родители сакаат најдобро за своето дете, но што е тоа најдобро, е индивидуална ствар. За некого академски успех, за друг пари, трет сака да шета, четврта домакинка да биде. Ти си господар на својот живот, и ако не си независна финансиски, труди се да постанеш, а после , многу помалку ќе паѓаш на нејзини манипулации.
И јас бев така со мајка ми (горе долу ,не баш до детаљ ,но и деталите нели не ги знам ни јас кај тебе ни ти кај мене ) се додека не почнав да се затварам сосема. И така на 26 г.почнав да работам сезонски со престој и сфатив дека се додека сум покрај неа јас нема да живеам салам.. тогаш и таму се запознав со мм,ништо не знаеше се додека не решивме да се заозбилиме и да поседам кај него демек да видиме како ќе ни оди. Тогаш морав да и кажам ,иако мислам дека пример ако ништо не испаднеше од нас ,немаше да сака да се вратам дома... Сега гледано може немаше вака да постапам. Ама ако мајка ми не беше таква сигурно немаше вака да биде Да за мене беше забрането дечко дома да донесам ,да преспијам кај другарка (освен во друг град ама на таа другарка мајка и и татко ми колеги беа). Проблем беше ако си дојдам 5 мин покасно од саатот она што го назначила (а имав над пола саат пешки одење). Љубоморна им е на другарките мои и ден денес. Сестра ми заради неа нема друштвото ,но затоа што веќе е 24 г. (возраст на која според мајка ми веќе требало да е мажена и да има деца ) и е дозволено да носи дечковци по дома уште од 1 месец. Прв дечко и е ,и направи еден куп глупости,но мајка ми упорно го поддржува само за да не се скараат оти кај ќе најдела друг Брат ми не ни праша дали може да ја донесе девојката ,само рече ее ќе дојде вечер.
И јас сакам да отидам некаде, но искрено немам друштво, а и почнува да ме фаќа паника дека имам 26, дека треба да се мажам, да раѓам.. Се чувствувам како животот да ми помина веќе без везе..
Се едитирав малку прочитај и тоа За мажење и деца никогаш не е доцна. Друштво се стекнува ,само треба подотворена да си. Сезонски можеш и сама да отидеш ,за почеток негде низ државава преку лето а потоа пример со друштво таму што ќе запознаеш негде странство . Искрено со овој памет денес и јас требаше така да постапам ,Али јбг некогаш се прават погрешни избори. Љубовта ќе си ја сретнеш попатно не може да ја форсираш. Со некој може и да се утепаш од трудење џабе. Со некој од прв поглед ќе кликнеш ,различно од сите останати ќе биде по тоа ќе си познаеш.