Во последно време особено кога ми е досадно посегнувам по добра книга....Имам слушнато дека Издавачката куќа ,,Сакам Книги'' имаат доста добри книги па доколку имате некоја препорака повелете Колку што разгледав јас не идов дубла тема но ако има може слободно да оди в канта
Секоја чест за Сакам Книги. Го обожавам и порталот и многу ми е мило што сега имаат и издавачка куќа. Јас си ги имам купено од таму Рајот може да почека и Го сакам Њу Јорк.
Порталот мене тотално ме разочара откако премногу се искомерцијализира. Почна одлично и со љубов кон книгите, кога се појавија спонзорите се почна со редактирање коментари и статии, бришење на негативните забелешки кон издавачките куќи кои се спонзори, дури еднаш имаше и статус на фб да не пишуваме информации за издавачи кои не се спонзори... сосема се оддалечи од првичната цел која беше прекрасна. Сега веќе ретко го посетувам сајтот, а за книгите што ги издава не би можела се’ уште да коментирам.
RainBow..Прочитав дака имаат издавачка куќа но не сум 100% сигурна.....И не знам дали инормациите се точни но сепак му станав редовен купувач
Јас го посетувам сајтот ако не секој ден, барем пред еден. Ги имам купено речиси сите нивни книги, бидејќи вадат стварно добри наслови, преводите им се кул, а и книгите се супер за подароци, многу добро изгледаат. До сега ме немаат разочарано со ниедна книга, едвај чекам да дојде саемот за да си ги докупам новите книги. Можам да кажам дека ми станаа една од омилените издавачки куќи, по сите критериуми Во врска со коментарот на LivingGlam, мислам дека не си во право за спонзорствата зошто јас гледам дека кога даваат книги поклони даваат само нивни, многу ретко од други издавачи Една моја другарка е колешка на една од девојките кои се администратори на сајтот и од неа знам дека сајтот воопшто не заработува, ниедна издавачка куќа не им плаќа ништо и сајтот сега функционира исто како на почетокот, го прават тоа што го прават затоа што сакаат, а не затоа што заработуваат од тоа. Поздрав девојки
Јас денес прв пат купив книга од кај нив. "Момчето во пижами на риги" од Џон Бојн, и баш ќе видиме дали ќе ми се допадне. Многу прашина се крена околу оваа издавачка куќа, и гледам дека се сконцетрирани на бестселери само. Па ќе видиме
Од таа издавачка куќа ги имам прочитано момчето во пижами на риги и Рајот може да почека и двете се извонредни ти ги препорачувам...а слшам дека сите книги им се добри...следна од таму ја планирам Роза за балерината а и многу им се привлечни кориците што според мене е многу битно
Од ,,Сакам Книги'' имам купено доста книги и навистина се убави особено серијалот ,,Го сакам..." .А исто така ги препорачувам: ,,Скриена во најмрачниот агол'' и ,,Нешто слично на љубов".
Значи алал им вера бе! Утре одам на одмор и си нарачав 3 пакети од Купикнига: се плашев дека нема да ми стигнат. Умрена сум за книгите. И сега ми стигнаа, Купикнига брзи сте ко стрела Јупиии http://kupikniga.mk/Publisher.aspx?pubQS=107
Со среќа да си ги читаш Lady Million Иначе,ги имам купено сите книги од Сакам Книги,уште од почетокот кога се појавува сум голем фан,преводите им се одлични,се е убаво,чисто преведено,плус доста многу придонесоа кај нас во Македонија со доста нови,познати наслови,бестселери,уникатни се во својот избор и што е најважно за секој вкус има по нешто.Со нетрпение го очекувам секој нов наслов,затоа што знам дека нема да се разочарам од нивниот избор Нема промаршување за било која нивна книга да се одлучите да купите,за секое расположение имат книга
Дали некој ја има читано книгата? Се двоумев каде да го сместам прашањето , но ајде оваа тема ми се виде најсоодветна Гледам на fb сакам книги има онлајн купување.Е сега да прашам како оди таа работа, после парите каде треба да се платат, преку пошта се зема книгата и таму се плаќа? Ај некој нека ми објасни поубаво Или нека ми каже некоја продавница за книги што врши достава Spoiler повеќе информации
Дали некој ја има читано книгата? sakamknigi.mk најдоле на страната имаат објавено телефонски број каде што можеш да ги побараш, па они лично да те известат. Така ќе си бидеш најсигурна и ќе си прашаш се што те интересира. На мејлови не враќаат така често и со конкретни одговори (од лично искуство). Можеш и преку оваа страна: http://www.kupikniga.mk/Help.aspx Тука ти се дадени прашањата и одговорите како можеш да нарачаш. Се надевам помогнав малку
Јас имам купувано преку интернет. Најпрво им пратив e-mail за да се информирам, и како повратна информација ми пратија уплатница која требаше да ја пополнам и да ја уплатам цената на книгите. Потоа откако парите ќе им легнат на сметка ги праќаат книгите по пошта. Книгите стигаат по 3-4 дена.
Девојки, денес на КупиКнига има попуст на изданија од СакамКниги, до 50%. Акцијата трае до полноќ. Еве линкче: http://kupikniga.mk/BookStoresCatBooks.aspx?BKSQS=23