Животот знаеме каков е, таков, онаков, чупав и длакав, убав...пријатели, љубов, фамилија...напорен.. но што правите кога еден ден ќе ви дојде се преку глава...КАКО СЕ РЕСТАРТИРАТЕ.....кој е вашиот ИЗДУВЕН ВЕНТИЛ Порано одев во шопинг, купував безвезе и така се смирував, пред две години издувен вентил ми беше во преждерување..а сега, а нешто ми прекипи, идам одма да се издувам на фризер..мењам боја, се шишам( останав со тифус фризура)....како не се растартирам на пр. со вежбање или плетење??? Кој е вашиот издувен вентил, вентилче
Мене издувен вентил ми е вежбањето. Тогаш ја исфрлам целата негативна енергија Исто така ми помага кога со другарките одиме на кафе и оговараме
На мене издувен вентил ми е возење точак,така ме опушта и смирува ни дијазепам нема таков ефект Поготово Водно кога го возам Уште ако се дупне гума баш издувен ќе биде Лошо е ова Водно и друга гума да се дупне
Се повлекувам во соба да спијам добри 2-3 дена заклучена ќе седам,нема да барам ни јадење ни пиење,и после ќе излезам како нова јас Или одам да пешачам во некоја планина каде што нема луѓе. Од една во друга крајност одам за мојот издувен вентил
Сакам една порака да пратам до сите членови на форумов фемина, кој навистина ми стана добар проверен издувен вентил...хахаха..значи, морате редовно да го употребувате тој издувен вентил, немојте да собирате и собирате ви себе се и сешто, оти најлошо е така...еден ден ќе експлодирате и ќе направите катаклизма (морам скришно да си признам дека понекогаш издувен вентил ми е кога ги нервирам модераторите и некои дотични особи)
Ми се допаѓа темава Може некому ќе дадеме идеја доколку нема начин како да се изрелаксира и наполни со позитивна енергија. Мои издвни вентили и извори на позитивна енергија се, пред се медитација (иако не знам дали може да се каже “издувен вентил'), планинарење и секс.
Низ годиниве приметувам дека начините на преживување и надминување на некои животни сопки ми се менува. Само едно останало исто - да се изнаплачам силно,гласно, гестикулирано, со дерење скокање урлање...да ги 'протерам' демоните од себе. Еден период одев по дуќани и купував безвезе, и сега се 'фаќам на дело' но поретко, сватив дека ова ми е само краткотрајно задоволство и џабе дадени пари ( најчесто ) за нешто безвезе. Исто така , 'удирам' по косата, нова боја, нова фризура, драстично шишање... често пати подоцна ми е криво. Порано неконтролирано гнетев, а сега пак обратно, ништо не ставам во уста. Последниве години гледам сум станала попрактична и издувен вентил ми е генералка дома, прередување шкафови и чистка на истите ( е покасно и за ова зажалувам некогаш ) , но тоа е кругот на живеењето - изнервирај се, удри на шопинг, изнервирај се и исфрли шо не носиш..
Izduven ventil .. Generalka niz kukja Skafovi ne pomestuvam , ama zatoa sekoe predmetce i ukrasce go prebrisuvam sto pati
Животното патешествие ме научи дека морам нешто да правам за да им се спротивставам на случувањата. Кога трпението ми е пред колапс сакам да бидам сама. Најчесто шетам, преуредувам средени работи низ дома или реализирам креативни идеи за да ги отфрлам негативните мисли. Сакам да молчам и да слушам музика. Во последно време како да не ми се доволни овие начини на рестартирање на умот и емоциите, па се почесто наоѓам утеха во книгите.
Издувен вентил ми е туширањето. Туширањето ме многу опушта како физички така и психички. Тогаш не мислам на ништо и се препуштам на уживањето.
Издувен вентил ми е се.На час можам да се издувам, на кафе.Било каде било кога, лабава сум.А ако се изнервирам на бирам кој е што е и каде се наоѓам.Посилна е нервозата од мене.
Молитва, музика, лежење у када, џогирање или шетање во природа (сам или со близок пријател пред кого можам се да си кажам). Понекогаш и си одам сам у кафиќ со книга и кафе. Понекогаш, кога сакам да избегам од гужви, и на едно ноќевање во некое СПА надвор од градов. А понекогаш и боксерска вреќа завршува работа
Убивање луѓе кои тестираат нерви и медитациона прошетка до Водно со нивните тела. Гарантирано најефикасен начин за трајна релаксација и опуштање.