Јас сум променлива личност , знам да урлам , знам да се затворам во соба со денови , знам да запалам џоинт да се опуштам , знам да напрам некој "грев" на душа .... Но мислам дека само борбеноста и упорноста ми ја извлекувало душата кога ми била уништена.
Музика до даска, и тоа „бесна“ - или похардкор бунтовни песни, или онакви скроз за размрдување си пуштам кога сум изнервирана. И пешачење, една солидно долга прошетка...
Соба празна и кревет и сите ќебиња врз цела снага, за час мислам дека сум невидлива, а чувствата завиткани
Пеење... Чудна работа, после 1час додека грло не ми се исуши како нова сум. Порано 3пати неделно ми беше задолжително и таму се издувував, ама ете престанав. Колку и да не ми се пее, ако сум сама ќе си го пуштам звучникот до крај, концерти на цело маало држам. Сега во последно време маж ми свири, па се надвикуваме, кој е подобар. Не знам дали можам да ги наречам издувен вентил, некако не ми е соодветен збор ама ете, викенди исто така одам до некој манастир, црква каде знам да поминам доста време... Излегувам како нова. Молитва и читање книги пред спиење многу ми помагаат да заборавам на стресен ден, а и кога не е таков, ме полнат со убава енергија.
Добар и темелен разговор со личност од доверба. Квалитетно придеравање понекогаш. Гледање смешни слики и читање вицови. Убаво,ама преубаво пресмејување.
Порано урлав многу. Сега сум затворена во себе, излегувам во такви моменти навечер онака покрај река да се издувам или одам тренирам со дупла тежина од нормалната, или пак се тепам со ѕидот.
Порано плачев,а сега некој блек метал и тоа онака да пишти, да видам дека некој дома се нервира и тогаш ме фаќа смеа и поминува се
Најчесто ништо... Го чувам во себе и трпам додека не помине. Некогаш со по некоја солза. А понекогаш разговор ми помага.
Издувен вентил ми е да сум сама во соба, во тишина и со мојата омилена музика..А во лето навечер излегувам на тераса си палам миризлива свеќа и се опуштам гледајќи во ѕвездите или пак повторно слушам музика. Нормално со сето тоа и е запалам по некоја цигара чисто да се доопуштам.
Izduven ventil Peski odenje od doma do biblioteka. Nekade okolu 2.5 saata mi trebaat se razbira so mala pauza vo biblioteka. Eftin i zdrav nacin. Epten zivopisen pat, niz edna sumicka pa po ulica i tamu sum so bistra glava. Nazad patot bonus mi e. Zimo, leto, nema razlika. Ke se oblecam soodvetno i trgnuvam vo pohod.
Издуван вентил ми е да си се изнавикам така да сс испоракам малку и ми олеснува хахахаха но сепак тоа не е убаво ама посилно од мене или пак ќе си сварам кафе на мобилен и ќе си пцовкам хахаха и само јас и кафето си се слушаме. И стрикно сакам да сум сама.
Секс, ефтина тамблр поезија и џудо. Кога човек ќе се заинтересира за садо мазо, веќе нема проблеми со ова.
Јас се рестартирам со слушање убава рок и диско музика од 80/90, психичко опуштање на викендица в село и добара секс партија, може и две со мојата, не со туѓа.
Излегување до касно со добро друштво, шетање во природа и пливање. Ако ми е ептен тешко, плачење. За секс се согласивме сите, да не се повторувам