Ако ми е многу тешко молитва и плачење или разговор со некој многу близок. При некои ситуации што ме вадат од такт или во пмс импулсивно реагирам се дерам и расправам додека не ми помине моментот. А секојдневно ме опушта молитва, прошетка, вежбање, топол туш, книга и кафе или чај и тишина.
Молитвата секогаш помага. Читање, најчесто Библија или нешто духовно, инстантно смирува и теши. Вежбање поретко. А најдобро рестартирање, ако е веќе нешто многу насобрано, ми е да се исплачам онака убаво, сѐ да истече од мене. Е после тоа сум супер.
Моментално користам еден издувен вентил тоа е вежбање во теретана секој ден.Е сега планирам во иднина да појачам со уште два планинарење и кампување . Инаку ми помага и музиката на Лео Ројас тотално ме релаксира и опушта.
Затварање во 4 ѕида сама со себе со се спуштање ролетни до крај ко во пештера да сум. Читање(евентуално едуцирање околу ситуацијата во која сум се нашла и вербализација). Разговор со некој кој разбира. Креативен проект, музика, танцување, вежбање, прошетка, возење( не, озбилно возење, еднаш во афект така имам отидено до Белград во бољи живот преку ноќ, непланирано). Тоа би било тоа.
Спиење , гушкање милениче,гледање омилени серии ,читање книга(библијата исто така ми помага), кршење предмети кога сум на раб на живци,плачење, карање со блиските кои може свашта да им изнакажам во лоши расположенија ,одење на црква,пешачење,прекумерно пиење вода или други течности ,лежење во кревет по цел ден во пижами .
Вежбање, цела негативна енергија ја исфрлам таму, секогаш нешто ке се нашалиме или ке треснеме некој муабет за вежбањето и многу брзо ке помине времето, а после вежбање полни со енергија
Дневник, пешачење и медитација. Најдобро ако имам време за сите 3 едно по друго, по тој распоред. Прво изнапишување во дневник, тука најмногу ми оди издувувањето; па релаксирачко пешачење, брзо, но со избегавање на размислување на нештата за кои сум се издувувала во дневник; па сесија to top it all off. Инстант ресетирање.