Воопшто не го одобрувам тоа неносење на долна облека. Никогаш не сум била без долна облека. Мислам прво не ми е удобно, а второ не е хигиенски. Има уште голем број причини.
Сега барем има 300 глупости измислено, некакви гаќички за фустани каде што не треба да се познаваат ова она. Не оправдувам искачање без долна облека, многу е нехигиенски.
Не прифаќам излегување од дома без долна облека, па каква сака и да е причината. Кога купувам гардероба внимавам дали бара специфична долна облека, па ако бара искрено се размислувам дали да купам и дали би го носала парчето и на крај не го купувам.
Ако под долна облека се мисли и на градник, да, имам излезено без него.Имам една блуза со гол грб, а напред непроѕирна, па летно време ја носам на голо.Грдо ми е кога назад се гледаат прерамки од градник.
ма какво излагање без долна облека Памтам кога бев средно бев отсабајле на школо и беше зимно време облекувајќи сум заборавила да си го облечам прслукот стигнав на пола пат и чувствувам нешто ми фали носев џемпер застанав на сред улица и се мислев дали да продолжам затоа што не се познава или да каснам на школо. Одлучив да каснам на школо . Се вратив назад за да си го облечам и каснев кога стигнав кажав дека сум се успала а всушност само заборавив да си го облечем прслукот. така да по никоја цена нема да одам без долна облека
Без гаќички нема теоретска шанса да излезам некогаш од дома. Никогаш и не би носела облека која го бара тоа да излезеш без гаќички! Никако. А без градник да, имам излезено бидејќи формата на фустанот го дозволуваше тоа, односно имаше вграден градник и беше како корсет па нема смисла сега дупли градник да носиш, а и не изгледа убаво така. Има доста модели на такви фустани и корсети каде што не е потребно да се носи прслук затоа што самиот модел е направен за да ги држи градите на место. Во секоја друга прилика сум со градник секако.
Комотноста која ни` ја пружа облеката меѓу другото лежи токму и во нејзината слоевитост. Така што, што се однесува до мене, не-никогаш не сум-никогаш не би. Не судам никому, кој како си се чувствува на крајот на краиштата. Но јас не.
Големо НЕ за излегување без долна облека и од хигиенски и од естетски причини. Привлечноста и впечатливоста кај една личност се забележува токму преку облеката.А долната облека има голема улога во истакнување на телесните контури и женственоста.Сексапилот се доживува преку убавата облека,а не преку голотија.
:О нема шанси да излезам без долна облека прво од хигиенски причини,па култура и на крај и од естетски причини.
Никако не излегувам без долна облека Сум видела многу девојки кои не носат градник а носат тесни маички, све се познава и не изгледа убаво така све растресено