Без градник низ дома обавезно, може и под некоја дебела блуза сега дека зима ако не се приметува ама без гаќи нема шанса
Абе што мода ќе беше тоа, без гаќи да се шеташ,ауууууууу Јас на кивање се подмочувам понекогаш а му се мислам па да бидам уште без гаки отиде низ нозе
Како бе без гаќи, леле, ќе полудам од неудобно. А без прслук си ринам и низ град и летно и зимно време ич не ми е гајле.
Абе зошто не видов ниедно машко(од овие нашиве) да се изјасни за темава, дали одат без гаќи, дали им е поубаво да си ги помафтаат мандалата или не!? Ахх жени, жениииииииии..угол голи ќе почнат да шетаат, се на ачик ќе покажат што имаат...а би требало и маживе да се отворат на виделинабарем ќе знаеме на што сме
Еве јас ќе ти одговорам шетам без гаѓи само под туш кога сум, инаку до сега не сум излегол без гаќи никаде. А ти досега ко не си знаела на што си од сега па ич нема да знаеш на што си макар и цела машка популација шетала без гаќи.
Оооооо, а ти демек имаш подвижен туш, шетајучи или ходајучи туш Тоа што го пишав дека ќе знаеме на што сме, мислев на тоа што носат мажите или ете попросто да ти доловам, увид на лице место за нивната машкост.
Да не ја трупам темава безпотреба само би ти упатил еден средчен поздрав, може би ќе откриеш што носат машките меѓу нозе понатака ако до сега не си открила
Не дај боже народов да ни се шета без долен веш со оглед на тоа дека мнозинството менува веш еднаш во 3 недели, а гениталии мие еднаш во 3 месеци. Ќе добиеме рак на бели дробови од смрдеата
Се насмеав со коментариве погоре. Дома често избегнувам градник а понекогаш под некој дебел дуксер под кој не се забележува, исто така може да го изоставам. Без гаќи нормално дека не би излегла.
Јас без градник, не можам никаде, и дома само за спиење го вадам. Каде со олкави гради без градник, грбот ќе ми го убијат, и онака ми пречат, а не пак уште ако се без поддршка. Да не правиме муабет па за какви се не погледи (негативни) би привлекла. За гаќи сувишно е и да се коментира, не сфаќам дали некој стварно би излегол така, и со која потреба
Не сум нешто посебно „надарена“, така да, сеедно е дали носам прслук или не. Ама без гаќи бе луѓе? Не е малце нехигиенски?
Сум излегла еднаш без гаќи.. Со пантолони. Голема грешка, уште еднаш не ми текна. Прслук, ионака ретко носам. Мнооогу ретко... Во лето евентуално.. ако е нешто ептен оцртува.