1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Излегување од дома

Дискусија во 'Бебе' започната од FreeMind, 10 мај 2019.

  1. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Со доаѓање на новиот член во фамилија, излегувањата станаа многу динамични. Доколку некој се прашува дали можел да се облече и да иде во тоалет за две минути одговорот е може.

    Би рекла дека излагаме од дома како фурија, баш така како фурија. Зошто? Затоа што не знаеме поинаку.

    Малата треба да се облече во потопла варијанта за надвор, дома е една температура во станот и ставаш јакна на неа она ги тегне рацете лево десно облекувањето ракави е во тие моменти научна фантастика. Баш тогаш се заглавува прсте на страна или патентот закочува, баш кога треба тоа брзо да се изведе. Пот на чело. Ти облечена со јакна за се тоа да биде брзо изведено. Се потиш и се обидуваш да бидеш смирена. Наеднаш почнува да плаче што од траење на процес, што од топлина или од мисла дека не се доцицала. Од ново соблекуваш јакна и пробуваш да ја дохраниш. Секако дека те одбива. Стануваш со залепена фризура на чело и мисла: се ќе помине, се ќе биде во ред. Ја ставаш градата на место покрај блузата, маицата, елечето и јакната. Се фокусираш да и ги ставиш ракавите овој пат оди брзо. Она го зголемува тоналитетот. Она рика забележуваш.

    Ја ставаш во количка и отвараш врата за надвор пеејќи некоја песничка или тропајќи со играчката која и е омилена. Патиките ги навираш и трчаш до лифт. Бебе вриска погласно. Ставаш цуцла ја плука како мастика. Излегуваш од зграда со нагазена патика, испотена и залепена во косата, велиш гледај мама глеј глеј потивко шшшшш.

    Имате подобра варијанта? Споделете!

    Како без стрес да се излезе од дома? Како вие тоа го правите? Подоцна во градинка верувам е уште поинтересно излегувањето со не ја сакам таа блуза! Во школо исто така.

    Можеби некој го нашол решението како да излезеш мирно од дома.
     
    На Emma2, TutiFuti, emkaemka и 22 други им се допаѓа ова.
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Вака беше ептен на почетокот.
    Сега знае дека ќе шета и се радува.
    Со тек на време се уходуваш и уште побрз стануваш, а и повеќе ќе завршиш.
    И доручек и ручек за бебе, и да спакуваш за надвор, ако надвор јаде. И вода да земеш, лажичка, и резерва чорапи зашо ги соблака и ги јаде.
    И не знам за понатака, до 9месеци сме стасале, ама сигурно забавата расте.
     
    На Sexybaby86, emkaemka, Ladyyyy567* и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Lavica2016

    Lavica2016 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    2.084
    Допаѓања:
    3.849
    Пол:
    Женски
    Моево беше такво до кај 5 и пол/6 месеци. Сега е помирен, не плаче така но мене сеуште кога се спремам да искочиме ми е проблем. Спремај ташна, спремај тракатанци, играчки, пелени и сл. Тактика ми е да искочам пред прва дремка, кога е нахранет.

    Заспива у количка во рок од 10/15 минути и топ е :)
     
    На Girl-Rabbit, gjoker4e, duffi и 2 други им се допаѓа ова.
  4. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.345
    @FreeMind добро опиша се, ама кај мене плус имаме и плачки за стегач или капа пошто нели ко февруари да сме а не мај. Битно цурица е средена и подмирена со се а мама може да излезе и со штипка за алишта на косата пошто нели додека ја облечеш се препотуваш и ај да не ти смета косата земаш прво што ти дошло на рака (facepalm)
    Пред некој ден бев кај моите со бебка (за прв пат сами со кола) и кога станав да си одам така излетав од куќа со патиките недооблечени што мајка помислила дека сум се налутила за нешто :D
    И после и викам не бе мамо туку така искачам во последно време :rofl:
     
    На Ladyyyy567*, Girl-Rabbit, gjoker4e и 8 други им се допаѓа ова.
  5. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.172
    Пол:
    Женски
    И јас излегувам ненашминкана ( што беше шминка?!), заборавам рингла да исклучам, излегувам без прслук, штотуку бањата-веќе испотена и тако даље.
     
    На Emma2, Ladyyyy567*, Girl-Rabbit и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Mama993

    Mama993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2019
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    558
    Пол:
    Женски
    Поштено ме изнасмеа воведот.
    Се пронајдов во секоја реченица.
    Ми се случило да ја стокмам бебушка а јас да излезам како партал изгужвана.
    Сега бираме време за излегување. Шетаме после попладневната дремка и после јадење.
    Имам една торба која секогаш ми е спремна со следниве работи:
    - 2 памперса
    -влажни марамчиња
    -боди
    -хеланки
    -маичка
    -лигавче
    -пелена
    -лажиче
    -капче
    -цуцла врзана со држач ставена во кутивче
    -тенко ќебенце.
    И кога треба да излеземе не морам да губам време за спремање на торбата.
    Откако ќе стане прво ќе ја нахранам. За тоа време маж ми се спрема. Откако ќе се најаде му ја предавам како штафета да ја шетка по дома додека јас се облечам и нашминкам.
    Тоа трае едвај 10 минути.
    Кога јас ќе бидам спремна,ставам шише со вода во торбата и ја облекувам додека маж ми ја извади количката од дома.
    И да не заборавам,за време на спремањето правиме дебили од себе со гримаси,пеење,гугање се за да се задржи вниманието на бебе бидејќи облекувањето најмалку го сака. Исто и количката. Има 8 месеци и најмногу што има седено во количка е речиси саат време и ништо повеќе.Секогаш едниот од нас ја носи неа на раце додека другиот ја вози количката празна.
    Како да ја засака количката и да седи мирна во неа барем 2 саати?
    Удобна и е,но по некое време во неа кенка и мора во раце да се земе инаку кенкањето прераснува во плачење.
     
    На Emma2, emkaemka, Ladyyyy567* и 9 други им се допаѓа ова.
  7. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Исто имам проблем со рингли и релна уклучена. Вчера кога се вративме од шетање вратата влезна ни беше ширум отворена. Не сум ја затворила на излагање/излетување. Следен пат да оставам и лист: Повелете, не мора да се соблекуваш влези.

    @S.J.Parker :rofl: така излагам во последно време мамо како ветер.
     
    На Emma2, Girl-Rabbit, LoveHope и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    Исти бевме до кај 4 - 5 м. Кога се подобри ситуацијата и како ни сама не знам.:^)
    Само кај нас па и дека зимско бебе дополнителен проблем беше облекување на скафандер/јакна и капа или стегач. Се додека не почнавме во најладната соба да и облекуваме скафандерче, а капа не трпеше за ништо живо. Па сред зима ја шетавме со капата од скафандерот наметната откако ќе заспиеше во кола. А се комораше во рок од 5 секунди штом ја наместевме во кола, што не е случај и сега. Сега мора мн подолго да ја возиме и пак може да не заспие. Сега за чудо трпи и пувки на глава и летното капче го обожава. Дури и се кикоти кога и ставам нешто на глава. Битно најголемиот студ го истеравме речиси гологлави, а знам дека бебињата најмн губат топлина преку главче. 8)
    Играчки една корпа носиме врзани со држачи за цуцли на транспортер. Секоја ја игра по 2 миниту и откако ќе ја изгустира ја џиткат и се нафрлат на нова. Ако пробам да и ја вратам ич не и се испулува. Иста е и дома кога ја ставам во релаксатор кога имам нешто работа. Ја затрупувам со еден куп играчки и само слушам трас, трус и едно време силно викање. Кога одам сите играчки испофрлени од околу, а таа останала сама и се дери на цел глас. Забавта завршува тука.]:)
    За да се спремам јас трошам 3 минути. Можеби малку излажав... Всушност се 2 ако не го сметам и одењето во тоалет. :^)
    Едно време станував во 6 на утро за да се искапам, испеглам коса и алишта и да се нашминкам тро од тро:makeup:. Читај да успеам да нанесам кармин и маскара. Повеќе во некој друг живот. 8)
    Ама бебе и за ова ме заеба и реши да се буди во 4 на утро, па до кај 6-7 да ме масажира. Ама ако не се бунам. Тие ни се најубавите мигово во денот.:inlove: Највесела и најразиграна е тогаш. Па кај 7 часот се комираме и двете, а јас ја научив лекцијата дека е луксуз мајката да е средена и се помирив да си одам со брзо стуткана коса во пунџа. Алиштата секако секогаш ми се изгужвани од цицање во последе миг, колку и да гледам да се облечам последно. Па бирам нешто што не се гужва и изборот на гардероба ми е сведен на минимум. :| Како и да имам па време да барам подлабоко во плакарот, да бирам и да правам модни комбинации.:D
    Инаку и јас си имам секогаш спремна торба со се, ама ретко користам нешто од неа. Најчесто само на 1 месец менувам алишта оти тие што стоеле и се смалиле и тоа е тоа.
    Цуцла користиме само кога одиме некаде. Ни служи за лижалка и чешалат за заби. Поштом глодалка е строго забрането да се стави во уста. :D Штетна била по здравјето. :rofl:
    Чај обавезно носиме со нас и се прави во послодните секунди пред излегување, а се истура целиот недопрен откако ќе се вратиме. Ама ме има спасено во неколку ситуации кога ненадајно ќе огладни на сред пат. (fingers) Стискам палци дека уште повеќе ќе имаме прогрес во иднина. Ако не друго иди лето, па ќе не мора да облекуваме јакни, џемпери и тракатанци. И плус нели жешко е со шминка и пуштена коса на лето. 8)
     
    На emkaemka, cresa-jagoda, Petra777 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. lavica82

    lavica82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2017
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    660
    Пол:
    Женски
    Vo sekoj zbor se pronjadov,sekogas sum nervozna pred izleguvanje,dodeka gi oblecam sekogas placat bliznaci se, prepotena skroz, nikogas za mene nema vreme da se sredam ko so treba, kosata sekogas sobrana so snola, denje noke mi e taka stutkana,a koga se vozat vo kolicka nadvor nema sanshi da sednam da ispijam edno kafe bidejki ednoto sekogas place i mora da e vo race,taka da posle sekoe izleguvanje sum premorena i pishman so sum izlegla
     
    На Emma2, malasimba, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Mama993

    Mama993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2019
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    558
    Пол:
    Женски

    Леле близнаци :o !
    Еве ти симнувам капа :bow::clap:.
    Ако ти е утеха немора да мислиш за второ,па откако ќе се вратиш во нормала пак да поминуваш низ хоророт кој сега го доживуваш.
    Плус едното на другото му е друшка,ќе се заиграат раат ќе бидеш по некое време и нема да мислиш леле детево ми е само.
    А тоа брзо ќе дојде,деца брзо растат.
     
    На Emma2, cresa-jagoda, Petra777 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.596
    Допаѓања:
    22.722
    Пол:
    Женски
    Се пронајдов во сите постови, и ако верувате јас во 5 месеци само 5 пати имам излезено со количка :?:
    Зимско бебе, беше многу ладно, прв пат пробав да излезам со количка некаде во март кога се затопли, плачеше од дома, цело време и ни цуцла фаќаше тогаш ни ништо и некаде околу 300 метри прошетавме и се вратив дома пишман што излегов (facepalm) потоа страв ми беше пак да пробам :D
    Па на помала релација пред куќа шетавме и сега машала подобар е, баш бевме излезени пред некој ден заспа и дури и на кафе бевме со мм :!:
    Многу повеќе сака во раце да гледа се, така пред куќа кога е топло седиме, а со количка поретко, од самото тоа спремање, облекување, плачење мене не ми "фаќа окото" да тргнам некаде :)
     
    На emkaemka, cresa-jagoda, Petra777 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.712
    Допаѓања:
    145.067
    Ќе си го фатите редот жени, вистина е хаотичен почетокот. И на почеток стално нешто забораваш за торба или за себе.

    По некој период ќе фатитете некој ред и рутина па нема да бидат мачни излегувањата. Можам да бројам на прсти колку немаме излезено од дома, сите останати денови во годината сме надвор, макар биле 5-10 мин колку да го фати воздух.
    Секогаш кога сме сами двајцата излегуваме после првата негова дремка. Кога беше бебе и на доење/шише кога ќе станеше веднаш му давав да јаде. После го облекував и спремни за парк. Зимата е вистина потешко со повеќе слоеви гардероба, ама како се затоплува полесно ќе биде облечено, па нема тунтење многу.

    Додека он спие јас се спремам, ставам ЦЦ крема обично, моливче и малку маскара и руменило. Во спротивно сум како дух со подочнаци и не си се бендисувам. Не сакам да шетам ваква.
    Се облекувам , уште пред да го заспам мислам на тоа што да го облечам и него и јас. Торбата секогаш е спремна со резеврва алишта, пелени ,влажни, дозерки кога беше само на млеко и додавав вода и шише.

    Сега ако го понесам неговиот ручек со нас, го блендирам непосредно пред излегување, вакумирам, ставам во ранец и одиме.
    Се гониме по дома 2-3 круга за да му ги облечам патиките, за тоа време јас облекувам обувки и низ врата.
     
    На Sexybaby86, m.i.g, Mama993 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. lavica82

    lavica82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2017
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    660
    Пол:
    Женски
    Se nasmeav za cajot,zasto i kaj nas zavrsuva sekogas taka,go isturame nedopren:D
     
    На Milaаа991 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Ох ... да се издишам и да почнам и ја. :D
    Првиот пат кога излеговме, мислев на пикник дека одам или дека за одмор се пакувам. Ми се сврте памет, ама стварно.
    Една торба + ранец + доле количка полна.
    Бидна ајде. Почнав полека да гледам што се треба, а што е вишок.
    Јас дека давам АД тоа уште толку место ми зафаќа.Термос + 2,3 шишиња + дозерки...
    Сега се редам од вечер. Негова облека, наша облека, ташна спремна, шишиња спремни во стерилизатор, се наместено само да се префрли.
    Се будиме, прво него го пресоблекувам, хранам, па ние јадеме и се спремаме.
    Побрза у живот не сум била.
    Одма знам што ќе носам. Крема за лице, некогаш пудра, малце руменило да не плашам луѓе, коса собрана и ајт... До душа додека еден се спрема, друг занимава бебе ако не спие.
    Таман едно ќе решиш, друго излегува. Сега па проблем ни е седење во кола. Не сака и крај, веќе ни цуцла не пали, не ја сака.
    Почнав играчки да носам. Кај и да е сериозно патна торба ќе ми треба. Кога сме кај торби да ми каже некој кај да најдам некоја поголема а да не е Bebe home, l
    Loco crocco, bebe supermarket.
    Врв на изгубеност ми беше далечинско во торбата.
    Ќутев да не ме направат забегана. :D
     
    На Emma2, mariz, Sexybaby86 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.348
    Допаѓања:
    16.812
    Пол:
    Женски
    Просветно дело
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.987
    Допаѓања:
    21.534
    Пол:
    Женски
    19 месеци подоцна уште сум хаос кога излагаме.. она стокмена ја бушава и со црни кругови околу очи..
    Шминка и чешел у коса само за на свадва..
     
    На Sexybaby86, emkaemka, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Girl-Rabbit

    Girl-Rabbit Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    918
    Пол:
    Женски
    Najprvo bravo za temava koja e najgolema dilema za sekoja majka :)
    Moevo dete 3 godini polni ima pa seuste sum haos koga treba da se izleguva .Dva -tri kompeti obavezno oti ili ke isturi neplanirano nesto ili ke se ispoti poveke pati pa treba da go preslekuvam ili ako e toplo odma kako za inat ke pocne da duva i taka.Pa kako kapak na toa i kakov nejadac e pa mora da se nosi za jadnje nekolku raboti pa i mastiki sekercinja lizalce mislam so kufer patnicki uste malku ke izleguvam ima site da se smeat....Marfi e toa ,sto ke zaboravis da nosis toa ke ti treba.Da ne zboduvame pa za odenje vo drug grad,mislis za nedelen odmor se spemame offff:):):)
     
    На mariz, Animali, Mama993 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.778
    Пол:
    Женски
    Исто и јас како тебе, само моево е 11 месеци :)

    Ми се случува да излезам со пунџата на глава што сум ја врзала пред 3 дена :bandit:
    Заби и лице мијам со една рака а во другата ја држам неа, не смеам да ја оставам на под пошто лази и секаде си фаќа, во дубак нема шанси да ја ставам одма ќе излези и тоа на глава се превртува, а да ја ставам во креветче цела зграда ја крева на нозе, шо има еден глас само за пиперки продавање на пазар :rofl:
    Не е лесно со бебе а другата па е во пубертет :sweat: и така...

    Торбата да секогаш е спремна но пресоблекувањето менување памперс облекување нови алишта ми одзема многу енергија и време. Колку пати само се случува само што ќе ја натокмам ќе ја врзам во транспортер и сум се фатила за вратата да излезам и ќе ми се по кака и ај назад Јово на ново(facepalm)
    Последниве 4 месеци менување памперс е невозможна мисија.
    Дури да излезиме дома се ни е хаос, искрено хаосот почна и да не ми смета, јбг.
    Нема врска на која возраст се многу се тешки ама ако само нека се здрави и живи.
     
    Последна измена: 12 мај 2019
    На Sexybaby86, Ladyyyy567*, emkaemka и 8 други им се допаѓа ова.
  19. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    @ane.bella кажи ми има и тинејџерка како што рече кое е потешко за чување? Кое носи повеќе грижи?
    Во кој период од првото детенце излезе конечно средена од дома? :)
     
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.222
    Допаѓања:
    283.911
    Колку и да е тешко за верување, стартот, со едно дете, ми бил многу потежок одколку покасно, со три деца.

    Последниве 4 години јас вечито сум со бебе, бројот на сопатници растел:D.

    Почетокот додека се стокми дете, торби, ние да се стокмиме и како наврнат и со мокар чорап акнат по глава испаѓаш од дома ми се добро познати.
    Се е во рутината и вежбањето:D. А и човек да не се стресува и препотува за се нешто.

    Инаку како би ми било полесно денес, со три, одколку тогаш, со едно.
    Торби за испаѓање, со резервна облека/памперси/влажни/флаши/дозерки за ад/некогаш и термос со жешка вода спремам од вечер.
    Сето тоа, со исклучок на термосот, ми е секогаш спремно и си стои на закачалка во ходник. Ако спонтано решам да испаѓам само го земам и готово.
    Таков ранец имам и за другите две деца.
    Коса миење и сушење, после два часа туширање само на телото(макар и со дете во дубак/хранилка или да седи на подот од бањата), па дете ранење и менување памперс, па јас да се облечам... се било на рати.
    Јас несредена од дома не испаѓам.

    Претпоставувам првите месеци со прво дете само ми биле шокантни, после веќе, на рати, од рано сабајле па до пладне, едно по едно сум правела, ама сум успевала.

    И не мислам на фризури и три кила шминка. Косата да е свежо миена и барем неколку минути со пеглата замазнета, барем крема за лице и лабело/маскара, џинс и маичка.
    Јас со трењерка не испаѓам подалеку од двор. Кога ќе размислам не е ниту некоја среденост, туку баш минимум.

    Покасно, веќе секогаш ја миев косата навечер, кога спијат децата, сеедно дали ќе испаѓам нареден ден или не. На секои 2-3 дена.
    Не чекам преку ден, со деца будни, да се бафтам со миење/сушење.
    Тоа одзема време. Останатото, коса да замазнам малку и крема/маскара е неколку минути.

    Исто и облека.
    Буквално е една минута да облечам џинс и некоја маичка. Дете на подот, евентуално во фиоките да ровари и да извади нешто(голема работа) ќе се пресоблечам и готово.
    Па и во бања ако е на подот. Нема ништо што би се повредило, малку да расфрли евентуално, ништо страшно. Една минута туш ќе ме спаси од чуството на неудобност кој би го имала цел ден.

    И со три деца едно вришти, друго плаче, трето само што си го облекол почнало да се соблекува, па друготого повторува неговото однесување.
    Додека сите се најадат, облечат, па драми и тантруми околу облека и што да облечат, пелена да се смени или редот на нокшир да поминал... и мислиш готов си и пак некој се натопил, искакал, тебе те ошлакале...и во круг.
    Со разлика што не се стресувам и препотувам како порано.

    Единствено не можам да удрам туш, макар ни безински ако сум сама дома со сите три без мм, ама навечер кога спијат ми е редовна рутина бањање/тегнење во када плус нега на коса.
    Така да и да прерипам пред испаѓање не е страшно.
    Возможно и изводливо е. Се може, ама ако се сака. Некогаш човек се чуствува како исцеден лимон па до ништо не му е дојдено, а не дека не успеал да одвои неколку минути.
     
    На ivance.., Ema.Sk, Ladybug98 и 16 други им се допаѓа ова.