И јас финтата со туширање на вечер ја применувам ако знм дека утредента сум сама со бебе. Мојава се плаши од бањата, нз зошто и плачи само што ќе ја доближм. Инаку заедно ќе си се бањавме.
Да бидам искрена, сега со дете година и пол ми е постресно од кога беше бебе. Се сложувам за се напишано, спремен си да фатиш врата тоа бљуцнало, се покакало прокиснало и слично. Но. Тоа е бебе не знае дека ќе излегува па и да плаче не може да даде отпор. Сега излегувањата се ужас. Јас спремна бебе спремно маж спремен таа се покакала. Од па преслечи ја да те видам. Пишти бега низ соба мисли нема да излеземе а јас сакам само да ја преслечам. Оди објасни да те видам Кога беше бебе торбицата секогаш ми беше спремна со памперс,влажни, павловичева, еден комплет за целосно пресоблекување и лажалка цуцла (таа цуцла ни беше само за во торбицата не ја вадев друга имавме за по дома). Остануваше да земам термос, шишето превриено и во него ставено ад за еден оброк. Во глобала сега повеќе се препотувам од кога беше бебе.
@FreeMind изгледа само ние сме биле наопаку. Како бебе а треба да излегуваме или да се спремаме за излегување он полу успан. Како ќе тргнеме дали со количка или со кола одма заспиваше. Ќе се изнашетаме и пред да си одиме дома он ќе стане и ќе ја викне. Твојот опис за излегување со брзина на светлината од дома кај нас бил за враќање дома.
Абе и мене ранче спремно увек. Едно за шетање едно за градинка. Од вечер ги спремам. Прво има борба ја да влезам у купатило да се средам. После неа да ја облечам. Кога тргавме за ниш 2 пати едно по друго се покака у рок од 5 мин. Не дозволува да ја облечеш, да смениш пелена. На сите ги носи јакните и патиките и нема време она за чекање, за последен поглед у огледало на што личиш. Мора иста секунда надвор. Како бебе ми беше малце полесно зошто се дозволуваше и одеше кај сите. Ама пак, торбици, јакни, да не се испоти, да не се искака, да е јадена, па бљуцнала, па и се спие.. Мислев ќе прооди па као полесно. Оди стигни ја.. како расте е се потешко со неа. Мислам да имам сега второ ќе полудам.
Се спремавме саат ипол за излегување. Сака града, неќе града, сакс шише, не сака шише, ајде памперс смени, одмиј ја во вц, ајде пак нуди шише, јадеше и се преспа, не сакаше да спие,отидов до вц, само што седнав на шоља уууууаааааа врескање,се облекувам фармерки додека одам од вц до дневна. И најважно што јас само се облековфармерки и кошулка и коса врзана. Стигнуваме до Зегин, имаат скаличка. Ајде си реков бебе ќе земам количка надвор(пусти страв ќе ја грабне некој и количката). Земам бебе во раце, ми лета покривката од количката (како се вика незнам, покривка го нареков што се закопчува). Клекнувам да го земам, ветерот го носи, трчам, пак клекнувам, пак ветер носи, и трчам со нога го притиснав. Се враќам накај количката, фармацевтката излегува да не ми треба помош. И кажувам што ми треба, наплаќам со картичка на врата. Жената и апаратчето го изнесе. Отидовме до Либерта (си вресна, арно носев малкј млекце) и си заспа. Само што влеговме дома со количка она будна! И то.
Јас би рекла во стартот бев затечена од обврската дека плус и бебе треба да спремам и ,,куфер,, за него, па се беше така малку хаотично Сите искачања ни биле исклучиво планирани, па системски сум се спремала. Бушава, немиена не сум искочила, но без бб крема, у тренерки и непеглана да Но со тек на време се уходав, сега со 18м бебе ми е далеку полесно и за пола час да решам да искачам, јас ќе се спремам и бебе ќе биде намирено. Небањата ја не ни легнувам, ако треба коса да мијам-сушам тоа ми е 10мин работа и скрос изводливо со него. Уште 10мин да се доспремам и топ сум Кај него има ,,проблем,, да го средам, особено патики да му облечам, но со ред рикање, тегнење, солзи и по некој мрсул биднува. Уствари го ставам да се превртува низ кревет и низ игра се облакаме. За мењање памперс во гаќичките го најдов спасот, еј кое олеснување ми е тоа Во време на дремка не искачам никако, доручкуван и ручан мора да е, но ужинки и вечера може и ,,надвор,, да се јадат. Во торба во старт што се не пикав, ваљда нормално е тоа Сега едната стандард стои у кола закачена за количката и ја прередувам може еднаш месечно. Да се исфлека кај и да е не се потресувам, само мокро мењам, како бебе дали 2-3пати бљуцнал, е лигавки топеше со штоперица Другата исто е секогаш спремна, ако ништо не сум вадела, не ја ни вадам од кола. Освен облека, задолжително мора да се носи нешто да грицка и вода, ако сум заборавила у прв маркет ќе најдам, за играчки не е збор, нив секаде ги има и од секаде искачаат, имаме играчки што стојат само у кола @LoveHope ете зошто треба лесна количка! Имам еден Зегин во кој идам и има скаличка, па количка со бебе внатре во раце, врата потпирам со газот и влагам ова ако никој не ми помогне, а најчесто се наоѓа по некој Скоро во Стопанска карши Рамстор да влезам и вратите нели со сензор се и се отвараат навнатре, а простор внатре за еден, не па за количка. Обично во други банки ми ги отвараат од внатре двете врати, па јас само да влезам, но ваљда овде никој не ме виде. Епа извадив бебе, го фатив за раче, склопив количката, таа у друга врата и си влеговме
Со едно и мене ми беше многу потешко спремањето него ли сеа со две чак не си ни свесен колку си имал време со едно дури не дојде второто Или се е до психа,не знам Се туширам/бањам дури спијат или евентуално додека се бањаат Покрај кадата ми е и туш кабината па на брзина можам туш да мавнам Косата ја пеглам навечер па со тоа минус една обврска со спремање Ретко се шминкам ама некоја секунда очи да средам се наоѓа За облекување секогаш имам обесено врегал по 2-3 пара фармерки и блузи па ни за тоа не ми се потребни повеќе од 5 минути Вташна кај мене секогаш имам 2 памперси и влажни и само со нас земаме флаши вода За храна купуваме надвор ако се гладни а млеко преку ден не пијат повеќе,што е многу олеснувчки Се на се повеќе од 40 мин за да се спремиме сите не ни требаат Когаја имав само Могли ми требаа 2 часа сигурно која паника се креваше тогаш
Не е сеуште тинејџер има само 11години и е во пубертет , тек допрва ме чекаат фешти со тинејџерството. По тешко ми е со по големата, нели малово е мало се уште ништо не разбира и тоа е тоа, големото знаеш дека убаво те разбира се но си се прави на 3 и пол, школото е дополнителен стрес. За тоа кога конечно се "средив" со првото многу не се сеќавам ама мислам дека беше после 1 година. Е сега е многу голема разлика меѓу децава воопшто не се исти, првата од 4 месеци спиеше преку ноќ ако ништо друго барем наспана бев, малово сега уште се разбудува преку ноќ и жива не наспана сум. До душа и јас не сум истата тогаш бев 26 години сега сум 37 , по млад организам по издржлив е. П.С. да не сум по грешно сфатена во претходниот пост, тоа што некогаш ми се случува да носам коса фатена 3 дена не значи дека сум не капена или не перена. Оти ги читам постовиве после мене одма се зборува за кој кога се тушира, и јас средувам заспивам деца и право под туш никогаш не чиста не сум легнала, коса мијам два пати неделно, just saying
Значи чаре е да се иде што побрзо на второ. @FreeMind да си темпираме ние наредна есен, а? Не за друго, матката да се среди нели...
Таман работа, се бањаме и ние секоја недела. Шубе ми е другите денови. Јас искачам два пати на ден на прошетка покрај езеро строго во трењерки. Најчесто викам: Ваму! Мирен! Седи! Дојди дојди да не имаш крлеж да проверам! Не ми стои на чевли да го правам истото, а фармерките ми сметаат во играта со кутрето кое е така поприлично тежок карактер и бара многу стани клекни движења. Секое искачање ни е во природа. Многу ретко да треба да се облакам за негде. @Petra777 лежејќи на стомак те прочитав и воздивнав, ах колку беше убаво 41 недела...Ај не)
Просто и едноставно нема излегување! Ова на шега, но јас еве малата 6 ќе полни не сум излегла сама со сите три. И не се ни осудувам. Сум ги спремала сама, мм само да не земе во кола и до кај моите и два три пати на гости. Спремање торбица, сега за двајцата ставам пелени и влажни во бебешката, па по едњн комплет алишта резерва, па подлоги за преслакање,па тракатанци за малава. Ај тоа ок. Туку јакни, патики чуда. Не не.Ќе се стрпам да се затопли кога ќе се оди со по едно маиче тогаш ќе шетам обавезно. Инаку ако ми е план да одам негде, станувам порано мијам коса обавезно зашто и вњчерта да ми била миена не ми е убава. Па ставам некоја минимална шминка па после пакувам и облакам деца. Мислам дека летово ќе е полесно зашто се надевам малиов ќе извади памперсот, таа ќе седи и нема да има јакни и чуда. Таман ќе се вежбаме за следната зима. За да ги возам сама во кола би се осудила сите врзани во седишта ама за прошетка со количка уште ми е страв.
Научна фантастика ни е на сите изгледа излегувањево од дома... Ај ке излеземе некако, ама хаосот што останува позади нас ме полудува И никако да се навикнам дека неможе да излеземе, а да остане се чисто. Торба уназад е спремна... ама додека јас се спремам двајцата лудуваат, додека едно спремам, едново ровари превртува нешто, додека другото го спремам, другото истото го прави, па зимам раскревам... па тогаш ке му текне на синко дека му се мочка или вода му се пие, а малава веќе пишти пред врата облечена... или па ке се покака во прав момент Веќе пред врата јас сум жива вода, со глава тапан. Плус додека ги симнам доле (имаме едно 15тина скали), додека симнам и торба и се... живците отишле Излегувам пред врата и воздивнувам, конечно пред врата надвор. Па кучето (боксер), ни скока, ни се радува, не бутка, па и додека излеземе од двор на улица ни е весело Е веќе надвор малку раат, умни се ептен надвор, па одмарам и ладам мозок за после кога ке се враќаме, зашто и тоа ни е мачно Пак истото кучето ни скока ни се радува, малава па ептен го сака и она уште толку му прави да се радува Ке се качиме некако до дома, малава вришти за спиење, синко обавезно вода сака и изводи дека неможел сам да се соблече (а може). А тек кога одиме некаде на неколку денови... е тоа е спремање 5 саати Викендов бевме за Маврово, 200 чуда влечеме со нас... од играчки, сликовници, до храна, кебето на малава (само со тоа заспива), количка, никако нешто не смее да се заборави, па некогаш и листа правам... еден ум, кај ке ми текне се Ама додека се сместиме во кола... баш научна фантастика. Гледам да се организирам, ама стресот некако секогаш неизбежен е... се надевам цело време дека кога ке пркнат ке е полесно Едит: го заборавив и трчањето 2,3,4 пати по скали нагоре (додека двајцата ги оставам надвор пред врата доле), зашто чат пат и си заборавам нешто
@mariz тебе барем по скали ти текнува дека си заборавила нешто, мене дури на враќање или кога ќе ми притреба. Вчера ја наредив мојата ташна со документи и испаднавме да завршиме административни работи. Се разбира ташната ме чекаше во ходник кога се вративме, убава прошетка бтњ
Истoтo ми се случи кoгa се пoрoдив првиoт месец. Oдaм вo сoцијaлнo си бaрaм бaрaњa дa пoпoлнaм. Дoкументи? Сегa мoмент вo тaшнa ми се. Нa цел глaс oooo дoмa сум ги зaбoрaвилa. И тaкa си се пресмеaв,ме изнaгледaa. Јaс дoкументи пред врaтa зaбoрaвив.
И така знам да си заборавам... сега за во Маврово им имав спремно помало ранче и во него беа пижамите, резерви гаќички за синко и пелените на малава... и кога дојде ред да сменам пелена, сфативме дека ранчето е заборавено во Ск 20 за 9 вечерта (а продавницата до 9 работи, среќа инаку нз што ке правев до сабајлето... имав добиено и улошки имав, па на ум ми дојде ако нема или затвориле дека тоа ке и ставам ), мм одма отиде до продавница и среќа дури 4ка и 5ка Бекутан само имаа
Да се надоврзам на моментот со заборавање на ташна. Излезени бевме со бебе да шетаме и на враќање застанавме да ја пријавам во градинка. Завршивме и со документи и со разговор со една од вработените и си излеговме. Петок беше......другиот ден барам нешто за бебе и знам дека ми е во ташна. Одам, ја барам ташната, ташна никаде нема. Ме фати паника. Се преиспитав каде се’ бевме и застанавме и на крај ми текна дека можно е да сум ја заборавила во градинката. Одвај издражав до понеделникот да отидам и да прашам, а тие таму, не само што ја нашле, туку и записник направиле за ташната.
Леле Тоа си викам јас... еден ум (збрлавен), кај се ке ни текне. Некогаш си викам арна ли сум што сум заборавена... ама арна сум, мајка сум и мајка само ке не сфати