Темава ја отворам со цел на сите што моментално се соочуваат со Анксиозност, Депресија или било каква друга состојба да прочитаат совети од луѓе кои поминале низ ова и како тие се справиле. Секој кој што сака може да раскаже за својата приказна или пак да сподели само совети, за encouragement за сите што се соочуваат со ова. Па да започнам прва јас Состојбата на аксиозност кај мене започна на 15годишна возраст, тогаш не знаев што се случува со мене, а никој од моите не ме разбираше и постојано ми кажуваа "ништо нетие", од разгаленост си таква. Ансиозноста кај мене резултираше со тоа што не сакав да испаѓам од дома, а кога ќе испаднев само чекав да си дојдам дома. панични напади, постојано мислев дека нешто ќе ми се случи, си ставав самата стравови итн.. И така како круг постојано се вртеше ова во наредните 4-5 години. Моментот кога сфатив дека има излез од ситуацијата е кога почнав да читам на интернет дека има и други луѓе со истите симптоми како моите. Ми требаше многу долго време да разберам од каде всушност потекнуваше мојата состојба и како сум дошла до таму. Тактика што ја користев беше да се прашувам на секој мој одговор "Зошто?". Првиот момент на "будење" ми беше всушност една книга "Моќта на потсвеста", а за како да се извлечам од состојбата книгата "Без Оправдување". Работи што ги практикував беа: 1. Поставување на цели ( дневни, неделни, месечни, годишни ). 2. Читање и едукација за како функционираат емоциите и како да се справуваме со нив. Исто така и како работи нашиот мозок. 3. Дишење ( секогаш кога и да ми дојдоа лоши мисли и да почнуваше да ме фаќа паника, започнував со сконцентрирање само на дишењето ). 4. Активност било каква и промена во исхраната. 5. Зголемување на самодовербата. 6. Апликацијата Headspace. 7. Да не ги критикувам останатите. 8. Да живеам во сегашниот миг. 9. Правење на мали активности со кој се чуствувам организирана и дека јас си го водам мојот живот. 10. Помош од стручни лица. И за на крај би сакала да додадам дека гледано од денес по 8 години можам да кажам дека сум така речено среќна што ми се случило ова додека сум била помала, затоа што ме научило дека можам да се изборам, да научам да се сакам и да верувам во себеси.
Здраво. Имам 22 години и пред 6 месеци почнав да добивам панични напади. Мислев дека добивам срцев удар и веднаш отидов на кардиолог, но таму ми рекоа дека се е во ред и дека немам проблеми со срцето. Бев на психијатар и ми препиша АД и Хелекс (хелексот да го пијам само по потреба). Паничните напади се смирија, но анксиозноста не исчезнува. Сега имам генерализирано анксиозно пореметување придружено со депресија и неможам никако да функционирам. Повеќе не ми помагаат ни АД ни Хелексот. Одев и на психотерапија, но без никакви резултати. Постојано ми е лошо, се чувствувам изморено и како да умирам. Ве молам кажете ми како да го надминам ова?