Изложби на кучиња. За или против?

Дискусија во 'Дом' започната од rossonerka, 26 ноември 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Колку ги почитувате изложбите на кучиња?

    Изложба е вид на приредба на која се оценуваат и распределуваат кучињата според пропишаните стандарди земени од Мегународната Кинолошка Организација. Така што им се доделуваат според оценката кандидатури, титули и евентуални награди. Најчесто на изложбите се одбираат кучињата кои најдобро одговараат на тој пропишан стандард.
    На сите кинолошки манифестации кучињата ги оценуваат кинолошки судии за одредени раси. За оценувањето на изложба потребно е кучето да се припреми како и во изгледот така и во однесувањето. Најдобро е кучето да има ринг-дресура. Најосновно е кучето да има родовник, кој е доказ дека води потекло од чистокрвни родители.
    И секако ринг-дресурата. Она што е најосновно без разлика на која раса е секое куче доколку се носи на изложба мора да дозволи на судијата да ги прегледа забите, полните органи, измери висина , должина на гради – (кое кај нас не се применува често) . Но притоа, додека судијата го прегледува кучето вие морате да го научите да стое мирно, да не се обидува да легне или да се обиде да избега или пак да го касне судијата. Исто така задолжително е кучето да се води од левата страна, не од десната, бидејки додека вие правите круг т.е го покажувате движењето на кучето , судијата ке ве гледа само вас – доколу го водите од десната страна. Кога трчате заедно со кучето, го покажувате неговото движење не треба да го влечете за поводникот ниту пак да бидете строги кон него. Само е потребно насмевка, со која ке го охрабрите вашето куче и ке добиете плус поени од судијата.
    [​IMG]

    Да се вратиме на вашето мислење и ускуство со овие изложби?
    Најпрво дали сте ЗА или ПРОТИВ овие изложби.
    Колку е добро да го воспитувате кучето да биде шампион, па плаќате прво огромни суми да купите шампионско потекло, па скапа храна, скапа дресура, за потоа да се фалите со неговите оценки и освоени титули?
    Зошто го носите кучето на изложби? Сметате дека е добро за вас, за фалење и гордост за неговите награди? За потоа кога ќе кажувате за кучето да не зборите колку е добро, колку ве сака, туку со букви да го опишувате C.A.C.I.B C.A.C.I.T. И повеќето луѓе вакви да се :^)

    И обратно зошто некои се против?

    Јас сум во вториве, ни го платив скапо кучето кое ми дава љубов секој ден само торшоци зашто го чуваа 2 месеци, иако има педигре ни знам кои му се родители, ни ме интересира тоа. Ни сакам да го мрцварам ајде стој вака, ајде онака, ајде сеа насмевка, ајде сеа фрцкај се јеееееее добивме награда |( Не и вака знам дека е најубав.
    Почнав да се нервирам многу зашто му барам женцка за парење и неможам да најдам. Кое убаво самојатче ќе го најдам одма ми викаат а твоето оценка има така? И јас оценка? :^) Да бе на изложби, иначе како ќе го париме (во превод како ќе зимеме пари за кученцата).
    И тука мене ми доаѓа да шизнам :devil:
    И така Рики мој најубав лепотан нема женска ни потомство сеуште зашто не го фрцкам на изложби.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Јас сакам вакви изложби но да има и трки со кучињата и некои загатки :lol:
     
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    ^ да не сакаш и борби со кучиња?

    Загатки а, епа да скокаат како во циркуз може? Или квиз некој да им организираме? Милионер!
    Или пред се некоја уметничка точка. Некое да игра, некое да црта на платно, некое да пее, некое да свири.
    Што повеќе ги измачиме толку подобро :lol:

    |(
     
    На blackwave му/ѝ се допаѓа ова.
  4. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    15.767
    Пол:
    Женски
    Како бе Рики нема џемцка само затоа што нема некаква си оценка? :o Тоа какво е убаво, свака му дала...Мех, искомплексирани тие газдите, што да се прави.
    Назад на темава, единствената позитивна страна на овие изложби ми е што самите животни шират позитивност, на изглед мили се кога ги гледам такви средени и убави, како гордо мавтаат со опавчињата како некои прчлиња, ама од друга страна сум строго против! :!:
    Фрцкање и упицување на животинче ми иде нешто слично како оние искомплексиранине теткици што си ги влечат и пластичарат девојчињата уште од 2-3 годишна возраст, за јасно, да се докажат себеси.
    Абре остај го нека си го живее својот кучешки живот, а не целото измрцварено да стои покрај тебе дури ти гордо се смешиш со некое си медалче кое за кучето воопшто нема значење, 10 килограми кучешка храна (која веројатно подоцна сам ке ја изедеш) и некое си лентиче.
    За сопственик што навистина си го цени и сака кучето, не се потребни овие лигавења. За таков сопственик нема поголема награда од тоа кога си идеш дома после напорен ден, да те пречека суштество со весели очиња и размавтано опавче, кое автоматски ке ти го расположи денот.
    Затоа, сум против компетитивно-искомплексирани човечиња кои својата „вредност“ сакаат да ја демонстрираат преку мрцварење на нешто невино. |(
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    496
    Имав куче со педигре, за жал почина од старост на 14 години. Беше од мајка и татко, па и баба и дедо шампиони со не знам ти какви трофеи и награди. Воопшто не не´ интересираше ништо од тоа. Само знаевме дека сакаме да го имаме и да си го чуваме како член од семејството.
    Мене искрено ми е жал да го влечеш по изложби, па специјални тренинзи, па вака да е чешлано, па вака шишано и триста такви глупости. Моето куче беше домашно милениче, ама во вистинска смисла на зборот. Среќно, весело, воспитано, сакано и негувано.
    И нас ни беше тешко да му најдеме женска. Истите прашања и нас ни ги поставуваа, па како тоа од шампионско потекло, а ние не сме го изложувале??? Ако не сум го носела на изложби тоа не значи дека не сум се грижела и не сум посветувала внимание. На крај му најдовме женска и го усреќивме :D
    За некој може изложувањето е начин на покажување, знак за престиж, може е и чисто задоволство (иако чисто се сомневам дека е задоволство и за кутрето)...во секој случај too much, барем за мене.
    Всушност тоа ми е исто толку одбивно колку и оној Амерички избор за Мисс на девојчиња кои ги шминкаат и ги тинтраат (претпоставувам знаете за што зборувам)
    Е баш така.

    п.с. Россонерка не се секирај ќе му најдете најубава женска на лепотанот Рики ;)
     
    На candy.cane и rossonerka им се допаѓа ова.
  6. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.909
    Не сум многу запознаена со изложбиве а имам познаници што најважно им е на изложба што подобро да ги истакнат кучињата. Воопшто не сум за тие изложби,и некое куче за кое би рекле дека е грдо за мене е убаво. Според мене нема грди кучиња т.е. миленици нели:)И сега да го носам да покажувам дека моето е шампион. Кога доаѓам од негде рипа по мене и е среќна, мене тоа ми е доволно :)

    Глуп одговор, ви реков дека не сум запознаена :lol:
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.537
    Тоа ми е класично лечење комплекси. Куче не се чува за да се фалиш со него, најчесто тие кучиња се несреќни и не добиваат љубов. Секогаш сум била против тие квази љубители на животни, што се прокламираат како такви а надвор клоцаат џукелчиња.

    Против изложби сум, повеќе ми значи ако песот што го чувам рипа од радост кога ќе ме види и сабајле ме буди со лижење, отколку ако добие некој медал. Не му ни треба, за мене е најдоброто куче на светот.
     
    На candy.cane, 1209, blackwave и 3 други им се допаѓа ова.
  8. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    Не сум против изложбиве. Кучињата на татко ми секогаш биле прваци. Секогаш ги носел на изложби, биле од убави потекла, прваци со генерации.
    Дресурата е важна независно дали ќе оди на изложба или не.
    Јас мојот сега не го носам. Немам време за толку дотерување. Сакам да му менувам фризури и да си го дотерувам по мое, а за изложбите си има критериуми за изгледот.
    Сите кои го виделе викаат дека е жално што не оди на изложби со оглед на карактеристиките кои ги поседува и дека е чистокрвен малтезер...
    Но, изложбите се убави места на кои се збираат многу кучиња, пред се тие се дружат, можеш да се запознаеш со многу луѓе кои чуваат кучиња и кои можат да ти дадат и добри совети...
    На тие изложби најприсутна е позитивна енергија.
    Така што, јас сум за изложби! :)
     
  9. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.642
    Јас сум за изложби, но не она трагичното сфаќање кое владее кај нас, ги подржувам изложбите како можност да се избере најубаво куче, значи и на изглед и да биде воспитано и послушно.
    И сум уште повеќе за кучето да има родовник односно педигре.
    Не дека не ги сакам мешанчињата, сум чувала и повторно би чувала мешанче, од непознати родители и непознато легло, но кога веќе плаќам за кучето сакам да е како што треба, за утре кога би решила да го парам тоа куче да не го пуштам со некое куче со кое се во крвна врска. Бидејки како и кај луѓето така и кај животните инцестите имаат запрепастувачки резултати. И секако да ги знам предиспозициите кои ги има одредена раса, бидејки расата игра ите каква улога во темпераментот и карактерот на едно куче.

    Конкретно за изложбите, минатата пролет Петко ја однесе нашата лепотица на изложба, баш само заради таа оценка што ја спомена Роси. Имаше година и некој месец, па во иднина сакавме да ја париме, зошто е навистина жалосно едно пред се прекрасно а и квалитетно и шампионско потекло да не се продолжи. Јас ги знам предците на Бела, знам дека „чичко и“ на татко и брат бил Европски а мислам и светски шампион, татко и бил Балкански, и со оглед на тоа дека надвор од државава кучињата се оценуваат според други построги критериуми говори за тоа каква генетика има моето милениче.
    А да не зборам за тоа колку таа изложба била наместена и како биле оценувани останатите кучиња, и всушност кои луѓе биле сопственици на тие кучиња кои ги понеле првите места.

    Ние ја чуваме како миленик, а не како украс или предмет за фалба, ако ни беше за изложби ќе ја спремавме и ќе ја мкневме по разни вакви инвенти и гарантирам дека досега ќе имавме многу титули.

    Но несакам, доволно ми е што јас знам дека ми е најубава, најдобра, најсакана и најпаметна, не ми требаат никакви признанија за нејзините карактеристики. Наместо да се фалам со нејзините титули, и истите да ми носат некаква статисфакција, мене статисфакција ми причинува безусловната љубов која секојдневно ја добивам од неа.

    Инаку и ние имаме проблем што се тиче парењето, ние никако неможеме да најдеме дечко кој ќе и парира, таа е од првото легло на булмастифи во Македонија, и 90% од кучињата од нејзината раса кои се во Македонија и се родини, останатите со кои не е во крвно сродство се помали од неа во раст, бидејки Бела е најголема женка булмастиф во Македонија.
    Не сакаме да ја спариме со било кое куче пред се затоа што уз мојава лепотица треба да има лепотан а понатака не би сакала да ја уништиме одличната генетика која ја има, или да ја спариме со куче без педигре за да и малите немаат педигре и потоа со оглед на малиот број булмастифи во Македонија да се направат безброј инцести затоа што луѓето кои би ги чувале нема да ја знаат нивната семејна лоза.
    Забегав малце офф-топик ама се надевам ќе ми се прости.
     
    На irenna и rossonerka им се допаѓа ова.
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    ^ A како се добива оценка?
    Всушност со учеството на изложбата со поминување на сите чекори те оценуваат?
    Може да има негативна оценка?
    Оценките се од 1 до 10 пример или како?

    А да поткупам оценка јас хммм за едно виски да речеме :D
     
  11. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.642
    Роси немораш да го носиш на изложба туку во Кинолошки сојуз можеш да си појдеш со Рики, окулу 1000-1500 денари е таа фамозна оценка која мора да ја има за да се пари.
    Му оценуваат став, забало, предгриз и сл.
    Оценките се од 1 до 5, 5 одличен 1 слаба, исто како во школо.
    И ќе ти дадат едно како потврда на кое ќе ја пишува таа оценка, со потпис и печат.
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    513
    Јас ги поддржувам изложбите максимално.
    И незнам зошто некои луѓе имаат толку многу против изложбите кога не се ни запознаени за што служат изложбите.
    Јас ќе се обидам еве стручно да ви објаснам некои работи бидејќи одлично сум запознаена со изложбите па можеби ќе го промените размислувањето.

    Како прво изложбите не се за тоа како што вие го нарекувате фрцкање и пунење на его, туку изложбите се пред се за истакнување и подобрување на расните карактеристики.
    Имено, на секоја изложба учествуваат расни кучиња кои што се поделени во 10 FCI (според карактеристиките на расите).
    Секое куче кое што одговара на стандардот може да добие најмалку оценка 5 (потоа следуваат титулите) а секое куче што има отстапки од стандардот или што покажува агресија автоматски тоа куче неможе да се пари и да оствари потомство.

    За да некое куче учествува на изложба како прво и основно мора да има педигре (родовник).
    А секое кученце за да има педигре како прво и основно треба да имаат педигре и двата родители и мајката и таткото.
    Е сега мене нешто што најмногу ме иритира е што некои луѓе не им вадат педигре на малечките кученца кога ќе се родат.
    Со тоа што не вадат педигре (кое што кошта само 600 денари) со тоа прекинуваат една цела лоза од генерации.
    Со тоа што кучето ќе нема педигре, веќе нема да му се знае потеклото и по некоја случајност може да се спари на пример со неговата сестра / неговиот брат и после да се родат пореметени кучиња.

    Секое расно куче мора да има педигре, педигрето е доказ дека расата е чиста, и секое расно куче пред да се пари мора да се однесе на изложба за да добие дозвола за парење, во спротивно доколку некој човек не е способен да ги исполни овие услови подобро е да не го пари воопшто кучето бидејќи со тоа само ќе придонесе за уништување на некоја раса и уништување на расните карактеристики на таа раса.

    Ако имате некои нејаснотии во врска со изложбите, педигрињата и сл. слободно прашајте ме.
     
    На Куба.П., AIT, irenna и 2 други им се допаѓа ова.
  13. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.757
    Кратко и јасно - против сум.
    Против секакво малтретирање на животните.
    Овие избори се само забава за некого, ама за мене се глупост.
     
  14. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    184
    Против.
    Според мене изложбата е нешто лицемерно и снобизам. Како собир на важни луѓе и снобови, да си се докажат кој е кој. Кучето го земам за да го сакам, за да го чувам, хранам, одгледува, негувам безразлика какво е. Само ако е расно и има мајка татко шампиони вреди? |( НЕ !
    Може да е најобично народски кажано џукелче па да биде убаво и да вреди. Кучето го земам да ми биде пријател и да биде член на моето семејство, не докажување на парите кои ги имам за да го купам и него и педигрето, и парите кои ги вложувам во неговата луксузна нега и дресура.
     
  15. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    513
    Е после ќе имало улични кучиња (или некои како што ги нарекуваат џукели) е како ќе нема бе ... нормално дека ќе има од ваквите лубители на кучиња (не ти се обраќам на тебе конкретно туку општо зборам).

    Е мили мои вие противници на изложбите што нас не нарекувате снобови, ние снобовите си водиме грижа за кучињата и им вадиме педигре (родовник) на кучињата и секогаш внимаваме на какви луѓе ги продаваме кучињата не ги даваме на било кого.
    А од љубителите како вас што не водат сметка за кучињата и што не им вадат педигре (родовник) и што не внимаваат каде ги даваат кучињата, е од вас се намножија еден куп улични кучиња кои што немаат дом и сега скитаат по улиците.

    Ете толку ќе кажам.

    Викате дека ние сме си правеле бизнис со кучињата.
    А дали знаете ние колкави трошоци имаме ???
    Знаете ли колку кошта снимање на колковите кај поголемите раси на кучиња ???
    Не тоа вас не ве интересира, туку само знаете да коментирате без претходно да ја разгледате ситуацијата :fubar:
    Дали знаете дека со снимање на коловите се спречува дисплазија на кукови кај поголемите раси на кучиња ???
    А знаете ли дека дисплазијата на кукови е болест за која што нема лек и најчесто кучињата што ќе ја добијат оваа болест умираат.
    Сакате да чувате куче и се да биде во ред со кучето, да не му се појави глувост, слепило, дисплазија и други болести ... а знаете ли како се добиваат таквите здрави кучиња ???
    Е таквите здрави кучиња со здрава генетика се добиваат само преку ИЗЛОЖБИТЕ и отценувањето.
    Сите кучиња кои што се сметаат дека во себе носат некакви болести се дисквалификуваат и им се забранува парење за да се спречат појави на болести, само здравите кучиња смеат да се парат и нормално од здрави родители ќе произлезат и здрави кутриња без здравствени и генетски проблеми.

    Велите сме заработувале од кутрињата.
    Епа кога ќе дадеш 200/300 па и многу повеќе евра за куче богами ќе го пазиш како очите и правилно ќе го чуваш и ќе се грижиш за него :!:

    А вие што сте против изложби и што не им вадите педигре (родовник) на кучињата, после кога ќе ги спарите, ќе ги поклонувате кучињата.
    Е таквите луѓе кои што ќе земат куче на поклон (нормално дека постојат и исклучоци) е таквите луѓе не го ценат кучето бидејќи им е на поклон и баш им е гајле и не се грижат, и после некој период ќе им се смачи од кучето и ќе го пуштат на улица (а да дале 300 евра богами ќе се замислат дали ќе го пуштат) и после така ќе го пуштат кучето на улица, и после нормално дека ќе имаме скитници низ Македонија од таквите љубители како вас што не си водите сметка за кучињата.

    Може забегав оф-топик, али стварно ме вадат од такт луѓе кои што ништо незнаат, туку само си коментираат без врска :puke:
     
    На Куба.П., MiloMalo, kikkki и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.537
    Доберман, џукелите постојат заради неодговорни луѓе. Многу е лицемерно да тврдиш дека ако јас без пари сум го земала кучето помалку ќе го ценам - ете во тоа е и проблемот со чувањето на едно. Таква љубов и обврска не може со пари да се вреднува. Педигре не значи ништо, ама баш ништо.

    Донекаде те сфаќам, и имаш право, ама верувај тоа е меч со две острици. Исто како што постојат луѓе што им дозволуваат на своите расни кучиња на се спарат со некое улично, па кутрињата ги фрлаат на улица, постојат многу повеќе од оние што водат валкан бизнис со одгледувањето на кучиња само за расплод и педигре. Верувам дека си информирана, ама за профит неретко се случува да ја парат мајката со сопствени деца.

    Ама пак ќе речам, ако не можеш исто да сакаш куче што си го собрал од Вардариште или од улица и куче за кое си платил 1000 евра - не ги сакаш, ниту пак ги цениш. А лоши луѓе има и вакви и такви, на крај се се сведува на нашата човечност и чувство за одговорност.
     
    На candy.cane, 1209, Forgotten и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    513
    Те сваќам што сакаш да кажеш и ако добро ме прочита пишав дека има и исклучоци.
    Ама факт е дека кога ќе го платиш кучето, ќе се подразмислиш малку дали да го оставиш на улица, барем за парите што си ги дал ќе ти биде криво.
    И штом даваш толку пари за куче сигурно убаво ќе го чуваш (иако секогаш постојат ислкучоци).
    Али работата е ако земеш куче на поклон, знаеш дека не си дал никакви пари за него (и пак ќе повторам и тука има исклучоци) али повеќето луѓе што зимаат на поклон не водат баш сметка за кучето и баш им е гајле (а верувај познавам многу такви луѓе) и после ако им скурчи кучето ќе го пуштат на улица и после нормално дека ќе има улични кучиња без дом.

    А точно е и тоа дека има и луѓе што зараборуваат од кутрињата и кучките ги парат на секои 6 месеци кога имаат циклус и само ги продаваат колку да заработат, не негирам, постојат такви луѓе.

    Ама постојат и такви одгледувачи кои што ги носат кучињата на изложба, им вадат педигре на малите кученца, внимаваат на крвните линии кој со кој се пари, прават снимки на колковите за да спречат појавување на дисплазија и ред други работи кои што коштаат многу пари се' со цел да има што поздрави кученца без наследни болести.

    Е сега стварно е греота и страмота ние што толку многу се трудиме и уложуваме во кучињата да не нарекувате снобови, лицемерни и со слични погрдни имиња нели ???
    И страмота е да не споредувате со оние од првата група кои што само гледаат да заработат без ништо да уложат.
     
    На papagal4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    671
    Допаѓања:
    1.272
    Пол:
    Женски
    Секој има право на свое мислење и секако дека го почитувам тоа. Изложбите на кучиња ми привлекуваат внимание. Интересни се, но тие секако нема да направат кучето наместо 15, да ви биде здраво и живо 20 години. Ги носите кучињата по изложби, добиваат награди за нивната убавина или дресура, а тие не се свесни за тоа. Наградите се секако за сопствениците, а зашто? Поради бес. Тоа е исто, како да имате дете и го праќате на натпревари по цртање, а претходно тотално го исцрпувате за вежбање, часови, стекнување вештини и техники. И таа награда на детето ќе му претставува едно големо НИШТО.
    А што ако не ја добие наградата? Нема да го сакаш исто кучето?
    Но ајде. Нека, како што кажав постојат различни мислења, тоа е.

    Но од каде дојде до тој заклучок, дека оние кои не биле во можност да дадат неколкумесечни плати за миленик, нема да се грижат за кучето кое го земале без пари? Дека ќе ги пуштаме по улица, затоа што се безвредни, без педигре, тапа еј. Од каде е таа изјава дека не си водиме сметка за кучињата? Моето куче иако е мелез, не би го менувала ни за некое расно куче чија цена е незамислива за мене. Затоа што го имам прифатено како да е член од семејството и дури му посветувам премногу внимание. Кога ќе сфатите бе луѓе дека не е се‘ во парите?
     
    На 1209, papagal4e, Forgotten и 2 други им се допаѓа ова.
  19. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.141
    Допаѓања:
    85.573
    ^^^ Доберман, ова е дискусија.

    Изложба да! Нема ништо лошо во тоа, напротив. Но, ( јбг секогаш има по некое НО) се прашувам зошто на овие изложби неможе да учествува и куче без педигре ( иако кај нас многу лесно се доаѓа до истото). Нека бидат во 11-класа, небитно , ама нека бидат.

    Овака изложбите ако ги споредам со да речеме избор на мис, ми иде како на мис да смееат да се пријавуваат само девојки од тие и тие или вакви и онакви фамилии.
    Па нели сакаме рамноправност?
    Јас сакам и рамноправност за кучињата.

    Сум видела кучиња без педигре ( ниедна раса) кои се многу поубаво чувани и негувани од ОНИЕ другите. И чисто да се знае - кога кучето го носиш на ветеринар не ти наплаќаат според тоа која раса е, туку според дијагнозата, терапијата... Така да, предавањата околу тоа колку чини чување на куче, не држи вода.

    И пак една споредба, ист е трошокот за гориво по литар и за фичо и за мерцедес.
     
    На 1209, papagal4e, rossonerka и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    534
    Кога веке навлегов во темава да казам дека цел живот живеам со куче.Ова ми е трето по ред. Моето сонце, мојот кокер шпанијел го најдов на оглас за ситни пари.Се испостави дека лугето не ни знаеле што продаваат зошто моето сонценце имаше врвно педигре.Тоа баш и не ми беше важно, ни тогаш,а ни сега.И да, моето сонце сега има речиси 10 години, се уште не застануваат на улица за да кажат колку е убав :) а, мене ми е најважно да е здрав и жив и да ми поживее најдолго!А за убавината- па, мене секогаш ке ми биде мојот убавец!