1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Изложби на кучиња. За или против?

Дискусија во 'Дом' започната од rossonerka, 26 ноември 2011.

  1. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    одобрувам изложби и тоа само од една едноставна причина што никој не те тера со сила да го носиш твоето куче ако не сакаш. тоа е право на избор на газдата. сум била на изложби и стварно не гледам какво е тоа малтретирање за кучињата ако 5 минути свртат еден круг да ги видат судиите. па не ги боцкаат, никој не ги малтретира, не им зимаат крв побогу. мислам дека никој не сака животни повеќе од мене ама ова преувеличување ме нервира. толку.
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Доберман темава е две спротивставени страни, има работи за кои те подржувам, ама има многу работи за кои не се согласувам со тебе.
    Но не потпаѓај под провокации.
    И плус темава е сосема нормална нема потреба од навреди навистина луѓе, за теми од стилот трки со кучиња, борби со кучиња, заштита на животни лом ќе се направиме, ама тоа е навистина казниво, ова е само си ЗА или си Против и со аргументи, не ни личи да се навредуваме.

    Јас исто како Саја сметам дека се е до нечовечноста на луѓето.
    Љубовта кон животинчето не поголема ако е повеќе пари платено, парите не ја создаваат таа љубов. Тврдам дека има шампински кучиња кои се чуваат полошо од џукелчиња.
    Е сега обично ако некое скапо расно куче не сакаат да го чуваат газдите настанува тепачка кој да го земе, зашто луѓето реално повеќе сакаат расни кучиња. И затоа таквите ретко ги има на улица, да не речам речиси ич
    И добро легло не гарантира непостоење на болести, има кучиња кои рано умираат, наспроти голем џукелчиња кои живеат над 10тина години. Тоа е исто како кај луѓе здрави родители а дете со мана. Нема 100% гаранција. Инцесот е лоша работа и точно дека не се внимава за тоа и тоа е лоша страна.

    И да не ги сакам изложбите зашто има дискриминација и затоа што многу се наместени, ама многу.
    Сум била да видам што е тоа од љубопитност и не ми се допаѓа. Одиш кај куче и викаш леле што раса е како се вика? И ти почнува тоа е Рики он има сцрфндбдрнвѕугвјбг (оние наградите кои не ни знам како се викаат) и е шампион ваму таму онаму неговото педигре е вакво такво онакво... и јас фала приетно. Навистина не ме интересира ништо од тоа!

    И знам самоједи кои ги чуваат во неубави услови, во неисчистени боксови, во кал и а дојде изложба оп на козметичари, фризери тип топ ќе ги средат и одма фрчат награди само заради педигрето и звучната одгледувачницата.
     
    На 1209, Gluvcee, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    И јас порано изложбите ги сметав за снобовски, ама се уверив дека не е така. Остајте што гледате по амерички филмови како ги хуманизираат животните , ги фарбаат розеви, им ставаат лак за коса...
    Не е така. :!:
    Јас моето куче го носев на изожба за да може да се пари. Изложбата беше во парк позади стадион. Воопшто немаше местење или не знам што. Не познавав ни еден судија.
    Судијата ја измери и ги прегледа забите , ја погали, ја оцени со 5 и ни рече ако сакаме може да останеме да почекаме втор круг за Ц.А.Ц. и Ц.А.Ц.И.Б. Останав, ама кучката моја се возбуди покрај толку кучиња, почна да се лигави и се крена адреналинот, па си реков, доста ти е 5 си одиме дома.
    Инаку имаше луѓе со цели приколки дојдени, не знаете каква удобност имаа милениците :)
    Мене ме фасцинираа шарпланинците. Такви кучиња ретко се гледаат, и баш поради овие изложби ние имаме наша македонска раса.
    Главна причина што отидовме на изложба беше оценката, не сакав стара мома да ми остане муцката моја
    ( нее*ана да умре ;) )
    .
    Некои посебни подготовки немаше, дента ја исчешлав (долго влакно имаше) и тоа немав убав чешел па импровизирав. Сакам да кажам нема потреба од фризери и други луксузи.

    После некое време и најдов згоден центарски фраер исто со петка, после вториот состанок мy даде, а откако си завржи работа му стави два заба во врат и си заминавме ( а бе кучка ) а тој со тажно фациче ја гледаше :)
    И така нашето семејство доби нови членови. Им извадив педигре на кученцата, тогаш беа околу 20 марки по куче, а сега педигрето е околу 20-30 евра, зависи кога го вадите, и за вакцините платив по 500 ден од куче, апчињата за прочистување беа околу 300 ден апче ( едно апче е за 10 кила). Плус секој ден млеко и квалитетна храна за мајката... Ценивe ги кажувам затоа што навистина е трошок да се има легло, 10-12 кучиња не е лесно да се чуваат.
    После третиот месец почнав да ги вдомувам, мора да признаам дека ми беше многу тешко и внимавав на кого ги давам. Дојде еден човек да купи куче ама од врата смрдеше на алкохол, па уште кога кажа дека е разведен и децата не си ги видел цела година го испратив. Ма ни пари ни ништо не ми треба само да знам дека кученцето е опкружено со љубов. Тоа кученце отиде кај две мали девојчиња, во транс паднаа кога го видоа :D , па само ми го платија педигрето и си добија миленик :)
    Малку забегав , ама поентата ми е да не осудувате без да видите со свои очи како изгледа една изложба.
     
  4. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Јас сум против, исто ми е како она со малите деца манекенчиња што ги прават.
    Прво измачување е тоа за нив.
    Чекај да те зачешлам, чекај панделката да ти ја поднаместам, чекај ноктето...

    И сум видела како изгледа изложба, сум била еднаш и не планирам пак да одам.
    Сретнавме таму познаник на татко ми со неговото куче и ни едно ни две - му се измоча на нога.
    Не останав до крај да видам кое ке победи, а искрено не ме ни интересираше.
    Сите се најубави на свој начин и тажно е што некој профит си прави од нив.
     
  5. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185

    Баш тоа продавање од 300 евра мене ми алудира на ќе им ставам цена ќе видат скапи ќе знаат здрави се и побрзо ќе ги шитнам. Љубителот на кучето безразлика дали ќе го продаде или ќе го подари секогаш ќе внимава каде го дава. Јас и 300 евра цена да им опнам пак ќе пазам да бидет со саглам човек, а не размазена пуфла што ќе го шета и со носот ќе сече облаци, види тато 300 евра ми го купи.
    А верувај, воопшто не се ретки случаите кога се напушта куче со педигре и голема цена, во целите брканици со преселување надвор или во државата цената која ја платиле за него не им е пречка.
    Клучот е во човекот кој го зема. Ако е тој човек љубител, не би си го оставил подареното куче, а ако сум сигурна дека нема да го остави ќе бидам и сигурна дека сум го дала во прави раце.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Баш сакав да го поставам прашањево, ама тотално изумив. Каков е ставот за купирање на уши/опашки? Се губат или се добиваат поени за тоа?
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    :lol: не знам за тука, ама јас никогаш не би му ги купирала ушите/опашот на моето куче, а гледам на многу пинчери ова им го прават
    Jас сум против ова, не гледам апсолутно никаква потреба од ова :)
     
  8. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Колку што сум запознаена во последно време забрането е да им се купираат уши и опашки.
    А на изложба не верувам дека би поминало куче со купиран опаш или уши.
    Значи ова се рекла-казала муабети, што сум слушнала од ваму-таму, можеби грешам.
    Затоа се надевам дека ќе се најде некој покомпетентен и запознаен и ќе одговори.

    Ама па на Доберман доберманот колку што паметам беше со купирани уши, а сепак познавајки ја неа односно нејзината кадарност на темава не верувам дека крши некои правила за животните, така да некако многу шпекулативна ми изгледа мојава изјавава погоре.
     
  9. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Сега ги читам вашите постови и некако нешто не ми е јасно. Јас сум нова во целата оваа работа со расниве кучиња. До пред да се преселам од кај моите чувавме (они уште си ја чуваат) кучка ама мешана, а сега на поклон добив куче за во новиот дом, расно со педигре и така натаму, да не зборувам ретка раса исл. Е сега овде читам дека мора да ја носам на изложба за да морам да ја парам или јас не разбрав добро?!?!?!?! Ај ве молам некој поупатен да ме просветли.
    Ви благодарам
     
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Јас имам расно куче со педигре. Неговите родители и баби и дедовци :^) сите биле носени на изложби и некои од нив се добитници на први награди. Моето куче ниту еднаш не го имам носено на изложба, а и не планирам да го влечам по такви ствари, но тоа не го прави со помалку педигре, оти документацијата негова е тоа што потврдува од каде е и што е. Но сепак во оваа земја, Англија, за да неговите кутренца ако ги има ја добијат потребната документација кога тие се родат(ова како извод од матично ќе му дојде), треба да таткото или мајката или обете бидат регистрирани во клуб(kennel club). Јас го регистрирав кога си го купив. Неговите кученца нема да се скапи како него, оти макар што баба кучка е победила шампион на расата, моето не оди на компетиции за добие вакви медали. За македонија не знам, оти таму никогаш не сме имале расно куче а не пак со добро педигре.
     
  11. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Чупе немораш на изложба, можеш да си го однесеш кучето во Кинолошки сојуз, и таму некој чичко судија ќе ти го оцени.
    И да, за да се пари мора да биде оценето.
    Таа оценка е на некој начин доказ дека со кучето е се во ред. Односно доколку увидат дека нешто не е во ред нема да дадат пролазна оцена се со цел да се спречи упропастувањето на расата.
    Прочитај некоја страна наназад имаме дискутирано окулу ова прашање.
     
  12. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Фала ти многу, очигледно треба да се информирам повеќе околу овие оценкиве и судии и се. Фала ти уште еднаш :*
     
  13. papagal4e

    papagal4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    135
    Јас сакам да знам нешто повеке за изложбите бидејки сакам да го пријавам куето .каква дресура треба да знае ми е најважно да дознаам но ве молам пишете за се што е потребно!
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Тоа е само бизнис ништо повеќе.
    Почитувам педигре и да се парат кучињата според педигрето пред се затоа што се работи за нивното здравје и продолжување на здрави гени за понатапошните потомци. А тоа со оценките и ѕвездичките е само додадок за вадење пари, без таа позитивна оценка потомците не би можеле да имаат педигре.
    Неможам да кажам дали ги оправдувам или не, некои се опседнати да вадат пари од своето куче, а некои го чуваат од љубов. Но не значи дека ако го носат по изложби и дресираат дека не си го сакаат својот миленик. Исто ова можам да го наречам и еден вид на спорт за кучиња, а зошто да не, па и кучињата штом се толку паметни треба да се научат на некој ред. Зошто да не ги знае основните комади?
    Се што е претерано не оправдувам, мој познаник има куче Европски шампион, но никогаш не го форсирал, го храни со најквалитетните храни за кучиња и со ориз и морков, со награди во вид на кучешки чоколадца го има научено на сите команди, и благодарение на тоа куче заработува многу пари и има цели одгледувачните, премногу се приврзани еден за друг. Сето ова ни малку не значи дека тоа куче е малтретирано или дека не му е пружано љубов. Ако гледам од оваа страна ги оправдувам изложбите на кучиња, и тие сакаат да бидат мазени, чешлани, бањати ...
     
  15. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Дали некој има информација како иде тоа пријавување за изложба или на крајот каде се одржуваат за да можам барем сега оваа година да видам се како изгледа, за да можам да ја спремам принцезата моја.
    Фала ви однапред :*
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    На 7ми Април ќе има изложба, таму можеш да го однесеш твоето куче и да ти го оценат. Незнам каде ќе биде изложбата, за претходни подготовки ти пишува на првото мислење на темава од Росоњерка :)
     
  17. papagal4e

    papagal4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    135
    Изложба има во Негорски Бањи Гевгелија на петти мај.
     
  18. Jessie-J

    Jessie-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    61
    Изложби за кучиња? Јас сум ЗА :)
     
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Моето куче ми е семејство, пријател, суштество полно љубов, внимание, желба за игра, љубопитност. Ако го однесам на изложба, би ми било исто како да ја носам другарка ми на изложба. Па ајде душо седни, стани, тркалај се, рипни, па ај сеа едно салто, сите да те гледаат и да ти се восхитуваат. Ма си ја сакам ваква блесава, ненормална, себична, размазена. Дури мерак ми прави кога ќе се заинати за нешто, кога иде против мене, така знам дека има свое јас, а не дека е робот кој почитува наредби. Имам куче за дружба, се погоди да е расно, а да не беше, пак исто ќе си го сакав. Не ми се јасни изложбиве...не, не ги сакам.
     
  20. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Изложба на кучиња ќе има ова сабота (31.04) во Битола во домот на АРМ. Секако дека ќе одиме :) Многу е интересно и има кучиња од сегде па има награди за најдобрите...