Изложба: "Белег", фотографии на @MissChievous Јессссс, мои! Конечно најголемата желба и цел ќе си ја остварам! Па, ве поканувам на мојата прва самостојна изложба! Датум: 25.01.2019 Час: 20.00 Место: Kolectiv Gallery
Во моментов има неколку изложби низ градов. Во Даут Пашин Амам има изложба насловена "За неа"; во Акантус Галерија има изложба на браќата Емил и Тони Шулајковски; во изложбениот простор на Тутунска банка има изложба на Анита Огњановска насловена „Длабочина“; за други места не сум сигурна дали имаат моментално изложби. Утре во Музеј на современа уметност се отвара изложба насловена "Ослободување-на-просторот", а на 15ти март во Археолошки музеј се отвара изложба насловена "Требениште".
Уште трае изложбата на Васко Ташковски во Даут Пашин Амам. Сум му била и претходно на изложба, но оваа е исклучително богата со многу дела, уфф прекрасни mind blowing дела! Идете додека можете, таман за викендов доколку немате планиво, ете супер идеја за активност. За мотивација:
Перица Георгиев Пепси во Чифте Амам, изложбата трае до крајот на месецов. Интересни дела, као комбинација од Кле, Кандински и Баскијат.
Леле, колку ми е мило што повторно се активирала групава Доста време не сум посетила некоја изложба.. Што има периодов низ Скопје? @Indiegurl @MissChievous гледам последно вие сте биле во тек
Проверив сега, колку што видов, моментално има само во Чифте Амам, на Перица Георгиев Пепси. Таа ја спомна и @MissChievous погоре. Отворена е уште утре.