Ајде една интересна тема некој ако се нашол во ваква ситуација? Автомеханичарот да е наплатил за една обична работа брдо пари, а некој друг да сте дознале истото на истото ауто како вашето, мотор се енормно помалку пари? Посебно сакаат да заебат жена ако им дојде на поправка оти мислат дека нема да дознае и дека не се разбира.
Не знам што би можело да се направи и дали има некој начин да се заштитиме ама мене ова ми е најголем страв. Ќе ме scam-нат пошо мислат дека не ме бива и после ќе морам да одам со брат ми до сервисот за да бидат пофини коа ќе разговараат со машко
Сите се измамници. Единствено да се оди кај некој познат во кој колку-толку може да се има доверба. Кога колата е доверена во нивни раце, имаат слобода да прават што сакаат. Да ти извадат нов дел и да го заменат со стар, да ти оштетат дел за потоа повторно да ти биде потребна нивната услуга. А наплаќаат дебело како да имаат диплома од Оксворд. Не ретко луѓе се жалат веднаш после направен сервис дека им се јавуваат други проблеми кои никогаш до тогаш ги немале.
За да избегнеш измама нареден пат нека ти го кажат делот што треба да се смени. Побарај конкретно за твојот модел на кола колку кошта тој дел на странцава https://www.autocentar.mk/ од прилика горе долу треба да е малку поскапо кај мајсторот пошто тој си додава и за работна рака, ама никако дупло или три пати поскапо од цената за делот. Е сега, ист дел може да има цени од-до и многу да се разликуваат. Пример, ламела за Опел Корса Д 65кс бензинец има на странава две опции од 4500 до 8500, а станува збор за исти делови само од различен производител, а цената е дупло разлика. Ако е редок модел колата може потешко да се наоѓа дел и поскапо да кошта, додека за друга кола истата замена може да е далеку поевтина. Друга работа што можете да ја направите кога станува збор за менување делови, е да ги побарате старите што се извадени од колата. Мајсторов кај што одам секогаш во кутијата каде што бил новиот, го става стариот и ми го враќа назад. Секако не можеш сто посто да веруваш дали делот што бил нов од кутија е баш 100% нов и дека не е половен ставен во твојата кола, ама досега лично сум немала проблем, скраја било да рикне нешто веднаш после поправка. Кога носите кола прво прашајте да ви се јави откако ќе ја види и ќе процени цена и за да потврдите дали да ја поправа за таа цена, а не прво да ја поправи и отпосле кога нема назад да ви каже колку ќе кошта. Откако ќе ви каже цена во меѓувреме додека да му потврдите распрашајте се кај друг мајстор ориентационо дали сумата е прифатилива цена за менување/поправка на нештото за конкретниот модел на кола. Можете и да прашате дали е реална цената за поправка на тоа и тоа во темата за Автомобили на форумов, има неколку дечки што стварно се разбираат и добро се запознаени колку коштаат одредени работи.
Сите прават превари и тоа не само на жени туку и на мажи. Е сега мажот ако се разбира малку повеќе, па да му се запне што и како, подруго е. Мојата кола секогаш на маж ми му ја давам да ја носи, мене сигурно јако ќе ме зезнат. Исто би ви рекла, другар, татко, брат, некој да ја однесе наместо вас. Друга опција, да мењате само тоа што ќе ви го покаже како проблем на технички, а преку годината ништо да не чепкате освен оној малиот сервис кога доаѓа време.
Според мене, секогаш во такви ситуации попрво би се обратила на татко, брат, дедо (порано), итн, бидејќи тоа на еден начин им е професијата/специјалноста. Или на дечките од форумот, доколку некој нема кого близок да праша, а кој се разбира. Па по консултацијата да биде појасно што и како
Според другар што работеше во продавница за авто делови ги продаваат 15-20% поскапи од да речиме да си набавиш сам и ДА СИ ЧЕКАШ. Е сеа механичарот колку ти зема итн... дерат и поголемиот дел се идиоти, нема интелигентен и културен.
Па види сега, делот плус работна рака е обично. Ама секако дека ако си женско мислат си глупа по дифолт. Немам свое искуство со носење по мајстори, ама за следно не би се брзала. Ако немаш кој, ваљда имаш рандом машки што би можела низ муабет да ги прашаш колку би чинело отприлика. Евентуално тука во соодветна тема.
Татко ми никогаш не ја оставаше колата сама кај мајстор. Ако мајсторот требаше цел ден да ја прави тогаш и татко ми седеше цел ден таму додека ја прави. Само и само за да не го заебат, и затоа беше се скарал со многу мајстори.
Барај овластени сервиси што се фирми и ти даваат фискална за извршено дело а не овие дивите па и одозгоре се безобразни и манијаци.
Јас живеам во странство однесов кај македонец прво за да се подобро разберам со јазикот, ама имаше лоша намера и мислење дека сум глупава а не мисли тој е глуп дека имам се на гугл денес и можам секој дел да видам колку пари е.. Така да си ја однесов колата кај странец и на крајот ми даде и фискална тоа што направил а не на диво и пари на рака колку му текне во моментот, мора да се држи до ценовникот.