Како би реагирале кога ваш најдобар другар се обидува да ви го мести неговиот другар во кој сум лудо вљубена и тој се согласи но под услов мојата најдобра другарка му ја мести на мојот другар..и на крајот мојата другарка излезе само со другар му , а мене јако ме зафркна со изговор дека цело друштво го зафркавале поради мене иако знај дека многу го сакам тој го одбра друштвото и сега правиме само едно здраво..Многу го сакам и се што сакам е да го имам барем на една вечер и незнам како да постапувам спрема него ?
Многу ниско од негова страна. Таков воопшто не ти треба, А и твојот најдобар другар сигурно учествувал во измамата. Можел да те повика на кафе барем за да ти заблагодари за работата што си ја направила за другар му.
Јакиот дечко што уште се води по тоа што му викаат другарите. Не му е уште време за женска на кутричкиот, треба уште троа да потпорасне.
Измамена Но како да постапувам спрема него, тој мене демек ме сакал но другарите не го дозволувале тоа а и јас многу го сакам како се однесувам спрема него?
...другарот на другарот твој кој многу го сакаш не му дава..... Оди дирекно до него, бакни го и кажи му дека другарка твоја ти дозволи да го бакнеж . Он тоа се води по емоции или како ќе му кажат другарите, арно вели Теси малечок е уште.
И јас се согласувам со феминката над мене дека си игра си тебе. Изговор е тоа само и многу ниско паднале и двајцата... ти биди си дама со достоинство и не паѓај на нивно ниско ниво. Не спомнувај му ништо веќе за тоа нека се чуди и прави се дека ти поминало и не се замараш веќе, а не да си крева акции господинот.
се извинувам што ќе бидам дрска Ама јас вака ја разбирам ситуацијата, ако не сум разбрала добро не го земајте во предвид моето мислење. 1.Како би реагирале кога ваш најдобар другар се обидува да ви го мести неговиот другар во кој сум лудо вљубена и тој се согласи но под услов = Типот не те сака. Ако сакаше да биде со тебе немаше да постои услов 2. но под услов мојата најдобра другарка му ја мести на мојот другар = А ти каков другар си ако безусловно не ја местиш твојата најдобра другарка на твојот најдобар другар ако знаеш дека тој ја сака= Себичен другар 3.мене јако ме зафркна=sum= што ќе си здробиш тоа ќе си сркаш. Другар ти за да ти покаже дека типот кој го сакаш, нема никакви чувства кон тебе, го одбрал најстрогиот можен начин.Зошто? Злато ти упорно не си сакала да сфатиш дека не те сака. Понекогаш најлошиот начин е најдобриот начин. Сигурно си му се качила на глава за дечкото. Кој според мене не сака да те смисли. Дополнително го одбрал тој начин, затоа што, ти си ги замарила неговите чувства, кон твојата најдобра другарка. Во твојот случај, тој неможел да направи типот да те сака, ама ти си можела да направиш нешто во врска со неговите чувства, затоа што и ти си му него ДРУГАРКА а не само он тебе. Другарството мора да биде заемно. А и како што гледаме твојата другарка имала чувства кон него, зошто да немала, немала да се сложи на двоен состанок, како што направил другар му . Е сега тоа ти невозвратена љубов ...во љубовта нема правила. Нема што да се лутиш. Убаво ти ги спуштиле крилјата на земјата. Кој високо лета ниско паѓа. Жал ми е ама тоа е болната вистина. Се надевам во иднина љубовта ќе ти биде секогаш возвратена.
Чек чек чек чек а како се случи тоа да го сакаш? Како го свати тоа? Што е тоа што толку те привликува за да мора да го имаш барем на една вечер?