Јас мојот го изнајмив за околу 4000 или 4500.Одамна беше-пред 9 години.Многу атипичен,на повеќето им се допадна,и тоа корсетот беше од еден комплет,а долниот дел од друг Мораше така оти со долниот дел кој го обожавав,одеше скоро прозирен корсет од тул и чипка,кој светски изгледаше за тој период,ама јас немав храброст,плус големи гради,ептен бомбастична ќе бев..
Феминки само што правев свадба. Знаете ли каде можам да го продадам мојот фустан, не сакам да го чувам , подобро да го продадам во некоја продавница во Скопје...Кој знае нека пише ве молам. Поздрав
и јас сакав да изнајмувам фустам ама ништо не ме бендиса или ми беше мал или ептен голем пепалашки стил, таков несакам, и се договорив за шиење.знам дека ќе стои во некој шкаф, ама тоа е...
Izborot e vash. ama ne gledam nisto losho ako nosish fustan koj bil na hemisko i ako e vo odlicna sostojba.
Толку пари се фрлаат на свадба, почнувајќи од изборот на мени, покани, украси, музика, што бакшиш фрчи кај музичарите, е сега на фустанот ќе штедиме. Не е работата што ќе го носиш неколку часа и после цел живот ќе ти стои во плакар. Симболиката е голема. Јас би одела на варијанта шиење. Сега барем имате огромен избор на материјали, има добри шивачки, можат да ви направат што и да посакате. А како што ги гледав цените низ темава за изнајмени фустани, разликата и не е којзнае колку голема. Па подобро ќе дадам малку повеќе пари, ама барем ќе знам дека носам фустан правен по моја мерка и желба кој ќе ми остане за спомен.
Јас го купив фустанот. Нарачан беше од Италија, 9 слоен и со многу рачна изработка. Такво нешто нема некој кој може да го сошие овде. Мислам дека и во ф-ка да прашав ќе ме одбиеа. Го платив 600е ама не жалам за ни една дадена паричка. Го имав најуникатниот фустан кој постои кај нас.
Јас шиев фустан, значи модел кој јас го сакав, материјал јас избрав и беше прекрасен, а потоа го продадов на тие што го шиеја. значи ем носев модел кој јас го сакав ем не ми стои дома и не ме фати скапо. Нето цена ми излезе 300 еур.
Се согласувам со мислењето на Ана Каренина!!! Девојки еднаш (или само еднаш!!!) сте НЕВЕСТА!!! Затоа нештедете на фустан!!! Чувството дека е правен само за Вас и по Ваша желба е прекрасно!!! Јас мојот фустан и ден денес го чувам (после скоро 26 години)!!! По моделот и материјалот во ништо не се разликува од денешниве фустани!!! Фустанот и оделото на мажот ми покрај фотографиите и ДВД-то ми се единствените спомени од свадбата!!! Ќе ги чувам засекогаш!!! Затоа девојки фустанот купете го, не го изнајмувајте - ќе Ви биде убав и мил спомен од младоста!!!
Ма се` е тоа еден голем непотребен трошок, ако се прашувам јас. Со сета должна почит кон оние на коишто оваа вечер им е нешто убаво и незаменливо. Најважно е на крајот, човек да се запознава себеси и она што го исполнува. За венчаници, ја ни купена, ни шиена. Бев облечена доволно елегантно за приликата. Тоа е се`. И кога би требало да бирам, би одбрала купена. Не би се чувствувала комотно да носам нешто коешто било носено. Од мала сум таква. Не сум се менувала со алишта од братучетки и сл.
И јас, нити купив, нити изнајмив венчаница. Си отидов во продавница, си купив елегантен фустан, имаше тогаш доста избор за матурите (ама, ај ете одбрав бел, да не е ептен). И искрено, кој и да гледа на сликите, вика, фустанот ти беше ТОП. Баш ќе ставев слика, да видите, ама да ќе ме познаат која сум, си викам Ама барем не дадов стотици евра за фустан (го зедов 5.700 ден, мислам), а сепак се осеќав преубаво во него
Ako sakate vencanica , jas mojata ke ja dadam . Ako sakate da ja vidite ke ja slikam , sakam da ja prodadam mojata vencanica
а од тие што имате искуство со изнамување...каде се најдобри, каде имаат најубав и најинтересн избор? Искуство некакво....?
Кога барав фустан за изнајмнување, лани, имаше само една продавница во Ѓорче Петров што изнајмува фустани ама искрено не бендисав ништо. Бев и до Битола, таму баш има продавници каде може да се изнајми фустан, но и таму не бендисав... на крајот заклучив дека најдобро е да дадам плус 150 евра и да ми направат фустан каков што сакам.
Значи и јас одам со таа логика, дека најдобро е да ти го направат по твој вкус, па на толку дадени пари за плус 100-150 евра, ќе биде само твој. Ама гледам има и задоволни кои изнајмиле, и си мислам да прошетам Скопје, Битола, Прилеп, па ако бендисам нешто - да изнајмам, ако не, ќе шијам.....Ама да не ми е мака дека не сум прошетала, ќе побарам прво за изнајмување