Zdravo Devojki Izdavam vencanica socuvana, tesna po u stelo, iznajmmuvam za cel den 1, 65 sum visoka! Za podelni info slobodno piste moze I po telefon! Za seriozni kanditatki!@
Јас не разбирам она ИЗНјАМУВАМ ИЛИ ПРОДАВАМ ВЕНЧАНИЦА,освен во случај на развод.Не навредувам никој ,така си мислам,тоа ми е свето нешто.Без љутиш.
Мене пак баш ми е во ред да ја продадам. За изнајмување сум онака ама за продавање why not. Океј да, си се венчала во неа, најубавиот ден во животот бла бла. Ама сега повеќето парови ко што живеат по станови без визби/подруми да чувам јас венчаница по дома да ми фаќа пола плакар и да ми собира прашина, а јас да немам кај да си ги сместам секојдневните работи ми е нонсенс. Башка зошто да ми стојат толку пари дадени за нешто што знам дека веќе нема да го носам.
Не ја давам јас, нека си стои под мојот кревет дома кај моите. Спакувана со хемиско. Не ми е убаво да ја дадам, сакам да си ја чувам.
Јас живеам во стан,фаќа место.Ги чувам и халахопките,прслукот,долни веш,е чевлите се во подрум,и корпата фаќа место,пари не ме интересираатза ова друго- се можам да продадам ,и златото ако затреба од свадба за нешто ако ми затребаат пари,ни па го носам.И да сакам не можам ,срце не ми дава.Во посебна кутија ми се алките од пораѓај од децата и тест за бременост со 2 цртки.
Секој си има предмети со кои е емотивно поврзан. Мене златото (бурмата и вереничкиот прстен) на пример повеќе ми имаат значење за разлика од венчаницата и не би ги продала никогаш освен ако морам. Од друга страна и јас ги чувам алките од пораѓај, позитивниот тест итн, ама тоа се ситни рботи. Но поентата ми беше дека венчаницата е огромна, барем мојата. И реално многу простор фаќа. Моментално ја чувам во стан во кој не живееме бидејќи дома сме пренатрупани од облеки за нас, за дете и особено откако имам дете секој слободен простор дома ми е пополнет. Но да би немала кај да ја чувам попрво би ја продала нејзе отколку да се стегам дома да ја чувам а да немам кај останатите работи да ги сместам.
Чекај не ме разбра бурма и веренички прстен не ги рачунам во злато,мислев поклон за свадба на невестата кога дават златна огрлица,обетки,нараквица ,тоа вреди секогаш држи цена..Инаку се разбира за венчаница ти си знаеш ,ако најдеш купец продавај.
Аха, да, за тоа и јас не би се мислела ако морам да продадам. Реално и не дека има некое значење, повеќе го сметам како поклон а не нешто за кое би била емотивно врзана.