1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Изнајмен или купен фустан

Дискусија во 'Свадба' започната од ciribiribela, 7 октомври 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.993
    Пол:
    Женски
    Секогаш е така, ама затоа ти и идниот ти сопруг ќе си седнете со родителите сите заедно - и јасно ќе им кажете дека вие ја правите свадбата и дека ќе биде како што сакате вие двајца, а не некој друг. Јас и мојот сопруг уште од почетокот бевме децидни - ако правиме свадба, ќе биде како што сакаме ние, инаку ни с од свадба нема да има :D Добро, ова може малку грубо звучеше, ама така се поставивме и не послушаа. За ќеф на старите направивме свадба и не зажаливме, се беше како што сакавме. И нема кој да ти се меша за фустанот, да, зетот (или свекорот) го плаќа, ама ти ќе го носиш.

    Може офтопик е постов :$ :) ама секако припаѓа тука.
     
  2. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Уф , дај боже се да е ок, она вика мразам кога снаата кажува што како, јас ли правам (плакам)свадба или таа :rofl:
     
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Ако има некој заинтересиран за свадбен фустан , еднаш носен :rofl: , за повеќе информации повелете со ЛП :D
     
  4. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Девојки, жени, морав да искоментирам и да прашам-како тоа ниедна не го платила фустанот повеќе од 400 евра, тука сите кои досега купиле бил по 500-600 па разлика е бе? За изнајмување, ако го шијат за тебе прво, е 9000 до 12 000, ама за најмување, ако го носела некоја пред тебе е од 5000 докај 7-8000 илјади денари(барем од тие што ми биле поблиски невести, па кажале), ова ко Њујорк да е Прилепов :?: :o
    Па ако е до кај 400 евра и јас би купила, ама овде е изгор :x
     
  5. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    дефинитивно купен, сакам да го имам секогаш :$ :wasntme:
    сестра ми исто и снаата кај Бианка имаат купено, за сестра ми не се сеќавам, со марки беше тогаш, а снаата пред 3 год, плативме 450 евра за нејзиниот фустан + ние го нацртавме моделот :!:
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.993
    Пол:
    Женски
    Кате, па тоа зависи кај го шиеш фустанот. Овде во Скопје можеш да најдеш и ефтини и скапи. Има доста ефтини во Мавровка, ама ако отидеш кај Зијане во Беверли, спреми се да платиш поскапо.
    Јас во Охрид си го правев фустанот, и кога им кажав каков сакам да биде, ми кажаа дека сите фустани со таков корсет како мојот имаат основна цена од 300 евра, па нагоре, зависи од деталите. Ама јас немав многу детали освен лилави сатенски ружички, па не ми зедоа повеќе. А Зијане за истиот фустан ми побара 500 евра. Ме чуди за Прилеп, а да пробаш во Битола?! Кога ќе решиш да се мажиш де ;)
     
  7. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Јас би купила фустан, уште од кога имав 4-5 години застанував пред излозите и си викав "ех кога ке дојде мојот ден да си купам и јас". Абе не можеа да ме тргнат од местото, ко хипнотизирана :lol:
    И до ден денес исто, нон стоп си размислувам за тоа каков ќе биде :inlove:
    Искрено, практично е да се изнајми, ем помалце пари, ем и онака го носиме само еден ден. Ама пуста моја желба, сакам да си го имам за цел живот.
    Кога имав 5 години, секој ден го облекував фустанот од мајка ми од свадбата, пусти мерак обожавав. го искинав од носење и влечење. Еднаш па тргнав за надвор, па трчаа по мене мајка ми и баба ми циркузи :rofl:
     
    На EraBon му/ѝ се допаѓа ова.
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Моите другарки кои се мажеа, си шиеја фустани, бидејки блиску беше со цената да си изнајмиш и да си сошиеш. И венчаница се носи само еднаш во животот (колку пати и да се мажиш) , и тој ден ке изгледам беспрекорно, а фустанот што ќе го носам ке ми биде задоволство да го чувам во плакар како мало богатство :) Инаку не сум слушнала за тоа дека било традиција мајки да го даваат фустанот на ќерките, искрено прв пат прочитав на фортумов. И може да се сошие убав фустан и за 10 000 денари. Ем по мерка, ем по желба, ем само твој
     
  9. kalinaaa

    kalinaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    9
    Читам тука сите зборувате само за изнајмување и шиење по нарачка на фустани кои се и вака и така скапички! Ме интересира дали некој размислувал за порачување на фустан преку интернет...доста се поефтини, има избор неверојатен, а ти го шијат по мерка ;) Јас искрено размислувам за таква варијанта кога ќе ми дојде денот. Една моја пријателка сега скоро си порача така фустан и со се сите трошоци за шиење, достава и слично не ја фати повеќе од 250 евра, а фустанот беше како од бајките :)
    Ме интересира дали некој друг има вакво искуство да сподели на форумов
     
  10. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Моја колешка од факултет правеше свадба сега во октомври и фустанот го виде на интернет, за среќа ист таков беше нашла во Штип за 300 евра, па не се мачеше да го шие. Јас не сум знаела дека може и по интернет да порачаш,ама сега како што ми се ближи свадбата, ќе разгледам повеќе опции, и дефинитивно ќе го изнајмам, затоа што тогаш веќе ќе имам стомаче и не ми се фрлаат пари безвезе за труднички фустан :lol: И онака и претходно размислував за изнајмување.
     
  11. kalinaaa

    kalinaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    9
    Може да се порачува преку интернет, имаат мн добар модел за да им ги пратиш мерките, буквално секое сантиметарче на тебе ќе го знаат пред да почнат да го шијат фустанот, башка тоа што ги има за 50 - 100 долари што во днос на нашиве цени тука се живо џабе....е сега тебе сигурно нема да ти одговара тоа затоашто твоите сантиметри секојдневно се менуваат :) а времето потребно за да ти го изработат и достават е околу 30 дена
     
  12. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Дефинитивно сум за купен фустан. Па, еднаш во животот ќе бидеме невести, зарем не заслужуваме да си купиме прекрасен фустан :) . Јас кога ќе бидам невеста, нема шанси да се двоумам дали да изнајмувам или да купувам.
     
  13. unique.lady

    unique.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    69
    купен фустан дефинитивно ќе можам да го носам и понатаму да не биде изнајмен па леле го извалкав леле го искашав леле му се скина кончето..
    купен фустан 100%
     
  14. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Не можете така да велите, дека сме заслужувале да купиме еднаш сме биле невести. Тоа е точно, сите заслужуваме но не секој може да си пружи да даде толку пари за фустан, покрај другите трошоци и фустан.
    Тој што има услови ќе си купи, тој што нема ќе си позајми. А има и некои кои имаат услови, а сепак сакаат да позајмат. :)
    Јас уште од малечка си го замислувам фустанот, и ќе купам. Сакам да го имам цел живот.
     
  15. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.901
    Пол:
    Женски
    Се согласувам Лакримоса неможат сите да си дозволат.Јас според тоа каква личност сум комплицирана :D затоа што од готов фустан сигурно некој детаљ нема да ми се допаѓа па ќе сакам да изменам нешто,најверојатно ќе шијам,за да биде баш онаков каков што сакам.
    а ова ми велезе во очи,како мислиш ќе можеш да го носиш понатаму?
     
  16. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Јас сум дефинитивно за купен фустан, мојот знам дека ќе биде шиен, сигурна сум дека нема да ми се допадне такаов каков што е, ќе му фатам замерка и на најмала ситница. :lol: Сепак секој си знае колкави му се можностите. А и секој си има различен вкус и желба, не дека нема можности да купи, туку едноставно сака да изнајми.
     
  17. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Јас дефинитвно би го изнајмила.Би ми го средиле се да ми е океј, би си одбрала секако модел кој ми стои добрo и пред се мене ми се допаѓа!
    Не гледам зошто би давала толку пари (без разлика дали шиен или купен) за нешто што би го носела само еднаш!?Самата свадба си носи со себе многу трошоци,па ваков дополнителен трошок не би си задавала самата.
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Не би ми било проблем да е изнајмен, ако ми е по мерка и вкус зашто да не и така нема да го облечам, туку ќе седи во некоја кутија. Ама ако не ми се свиѓаат моделите за изнајмување, тогаш секако би купила, а за шиење не, немам до толку нерви :D
     
  19. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.791
    Допаѓања:
    5.425
    Некако сеуште не можам да се одлучам (значи рано ми е :D ) од една страна премногу пари фрлени за нешто што го носиш само неколку часа, од друга страна пак спомен е, на стари години ќе си го извадам од шкаф и ќе си гледам слики. Имам замислено ептен едноставен фустан така да не верувам дека ќе најдам таков за изнајмување со оглед на тоа што сите се со светки, корсети, пердуви и што ти знам какви додатоци
     
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.896
    Допаѓања:
    102.986
    Пол:
    Женски
    Ние ке правиме свадба летово и фустанот ке го изнајмам бидејќи потоа ке ми стои во шкаф а и за неколку часа да дадам толку пари не мислам :!: