1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Изнајмен или купен фустан

Дискусија во 'Свадба' започната од ciribiribela, 7 октомври 2010.

  1. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    купен фустан и тоа кога ќе се спремам ќе барам на интернет некој модел кој ќе ми одговара спрема телото и да не е кичерајско. се водам по тоа еднаш сум невеста и заслужувам да се осетам и така. немам ништо против изнајмувањето но сакам тој фустан да го имам поктрај себе како спомен на нешто убаво, магично.... така да дефинитивно ќе си шијам
     
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Јас кога се мажев не ни размислував да изнајмам фустан, сакав да си имам мој личен, иако поедини личности ми викаа што ќе фрлаш толку пари за еден ден.
     
  3. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Се ближи денот на мојата свадба па ништо од идејата да изнајмам фустан, свекрвата запна да ми купи :) Така јас си видов идеален фустан на слика на интернет, ја испринтав и правец кај шивачка на шиење. Се надевам дека ќе сум задоволна за најубавиот ден :)
     
  4. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Мајка ми го искористила и тоа добро . Направила завеса од него :D Еднаш ја прашав зошто и вика па да собира прашина ? Да бидат добро искористени парите :lol:
    Инаку за мене не знам .. зависи од финансиската состојба :)
     
    На Dolphin4e, MarchelineAmaru и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  5. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Леле ама ме насмеа :D Ова ни на сон не би ми текнало, од фустанот завеса да направам. Јака фацка е мајка ти :lol:
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    А знаеш дека 15 години дур живеев во претходниот стан не знаев дека во дневната имам завеса која всушност е венчаницата на мајка ми ? :D И дека истата со брат ми фативме да ја гориме , секако незнаејќи што била во претходниот живот :D
     
    На eleni23 и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  7. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Купен фустан најдоброоо!!! Плус некои викате дека зависи од финансиите ако правиш свадба прави ја со сите марифети, ако не воопшто не прави, значи ако некој нема пари за фустан како би имал за цела свадба, сепак фустанот треба да остане за спомен
     
  8. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Јас на мајка ми венчаницата ја носев по маскенбали, шема беше :D
    " Во што си маскирана: Во невеста ! " ...а фустанот се влече два метри по мене и собира ѓубре :D
    Младост лудост, ама ми помина таа невеста-фаза :D

    Инаку доколку имам можност би си купила или сошила венчаница, јас не сакам класичен бел фустан, туку нешто поинакво , ама има време :$
     
  9. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    јас наскоро ќе правам свадба и веќе почнав да разгледувам по продавници за венцаница,и дефинитивно ќе ја изнајмам.за понатамошно чување на венчаницата дома немам ни простор ни услови,а и се прилично скапи за купување.вака ќе се задоволам и со изнајмување за само еден ден.сепак пак ќе имам спомен од фустанот на свадбената фотографија.
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Дали ќе биде купен или изнајмен секако таа што ќе го носи ќе биде најсреќна. Еднаш се бидува невеста, а тоа е најмал проблем. Сепак, се' зависи од финансиската состојба. Доколу се има доволно пари, може да се дозволи купен, скап фустан, а доколку се нема пари зошто да го исплаќам фустанот 10 години на рати? :^) Важно е на тај ден да си поминеш незаборавно, а никој не мора да знае дали е купен или изнајмен. Тоа сепак е индивидуална ствар. :)
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    744
    и јас мислам како ана-банана добро би било фустанот да ни остане за спомен дома и кога децаата ке ни пораснат и ќе не прашуват мамо каде ти е фустанот да има што да им покажеш.......и да им користи и на нив за некои маскенбали ...........а изнајмен и толку само на слика и цедето ќе го гледаме...
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    јас сакам да прашам нешто.кој го купува фустанот на невестата од страната на младоженецот или од страна на невестата?
     
  13. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    463
    По нашиве „правила“ и обичаи, родителите на момчето ја купуваат венчаницата, а родителите на невестата костумот.
    Ама како и да е, па не е само фустанот во прашање, камо штили, нокти, шминка, фризура....охооо има еден куп работи, тоа секако невестата си го плаќа ;)
     
  14. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Фустанот го купуваат по традиција родителите на младоженецот. А ако немаат финансии, кој има тој ќе го купи. Некаде родителите на невестата купуваат костум на младоженецот, некаде не .
     
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Кај нас мајката на невестата си го купува фустанот :D Така е адетот, таа да оди и да го плати :)
     
  16. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    секаде различно. некаде го купуваат родителите на младоженецот, некаде родителите на невестата. во принцип како ќе си се договорите. кога ќе видиш сума сумаро исто ти се фаќа. ти него одело он тебе венчаница. за да не се срамиш или остручуваш дали си сакаш венчаница од 500евра а имаат да ти дадат само 300 или кој колку дава да не ставате на кантар, најдобра варијанта е секој нека си купи за себе.
     
  17. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам искрено, спортед мене е глупаво да го купуваа свекрвата, немаат врска парите тука, има секакви карактери, што ќе биде ако таа сака да ми купи фустан од 600 евра а е невиден кич и јас ни на сон не би го облекла, а јас сакам фустан од 400 евра кој е скромен....ете ти кавга уште не тргната работата.....затоа јас моето тој неговото, а старите по дома нека не се мешаат во се ...

    поздрав :*
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.013
    Допаѓања:
    198.827
    Пол:
    Женски
    Ама таа нема да го бира, ти ќе го бираш, таа само ќе ти даде пари :lol: :lol: :lol:

    Кај нас се почитуваше традицијата - зетот го купува фустанот, невестата костумот. Јас немав поим за тоа кој што плаќа, се' додека не си го зедов фустанот. Како и да е, пак си беше по мој вкус :)
     
  19. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски


    хахаха имаш среќа што имаш таква свекрва да да де Госпот и мојата да го плати фустанот а јас сама да го одберам :D
     
  20. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Ама секаде е така, не само нејзината свекрва е таква.