Задолжително купен ! Да му се невиди ,еднаш планирам да се мажам ,не сто пати ! Па уште да носам фустан што го носеле сто невести пред мене?!? Нема шанси ! Евентуално ако не најдам каков што сакам ,ќе си сошијам ,да си биде мој ,единствено јас да го носам , дури ни на децата нема да му го давам да си играат !
Сум правела муабет со невести на оваа тема и сум размислувала што е попаметно Мои блиски кои веќе биле невести велат дека е подобро да се изнајми,оти после ќе ти виси во шкаф на закачалка и ќе собира прашина, па на крај ќе заврши како играчка на малите деца! Можеби фустанот би бил драг спомен од прекрасниот момент-свадба, ама како што слушам ретко кој го отвара шкафот за да си го види невестинскиот фустан или пак да си го облече со цел да си ги освежи сеќавањата ! Изгледа подобар спомен од свадбата се фотографиите и снименото видео Сепак јас не би сакала да носам изнајмен фустан, ќе си сакам свој кој јас со ќејф ќе си го одберам,кој ќе биде специјално за мене и во него ќе се чувствувам единствена и најубава на тој ден! Можеби потоа ќе собира прашина забутан во некој ќош, но на значајниот ден го сакам свој, за себе, по мој мерак и без да му ја мислам дали ќе го оштетам или не!
Купен-денес, утре и во вечни векови-амин да остане со мене... Да си го носам на маскембали, ќерка ми да го влече по улица... Спомен си е, и кога после 20 години кога ќе го погледнам да си се присетам колку сум била згодна, во какви времиња сме живееле, што било во мода, што сум сакала да носам... И фотографијата е спомен да, но ова е материјално има некаква вредност, особено кога со 40 и кусур ќе се обидеш да го внесеш гзот во него, а кога си се мажела танка си била, па не иде, тегни лево-десно нејќе па нејќе... За некој се изгубени пари за мене не се, ако немам пари нема воопшто и да правам свадба. Кога веќе сум се решила и имам финансии за да угостам 100 и кусур гости сигрно дека имам можност да одделам некоја пристојна сума за венчален фустан. Не се притресувам јас да биде Вера Ванг со Сваровски, но ете докај 200-300 евра може да се сошие некое поуникатно невестинско хаљинче отколку венчаницата во која сум се венчавала јас да ја гледам и на други девојки. Малце сум себична по овие прашања, но сакам да сум уникатна и единствена ништо повеќе.
Јас купив! Скоро бев невеста, и воопшто не ни размислував. Сакав да биде САМО мој. И така и беше, ми го сошија уникатен, ист јас како што сакав. Мој ден, мој фустан
Купен. И тоа шиен кај нејдобрата шивачка која ке го направи по моја мера и ке биде еден и единствен како што мене ми се допага. А не, ке го изнајмам знаејки дека некој пред мене пак го носел. Јок, нема шанси.
Јас би купен. Не мора да е фустанот од бајките,и да е 1000 евра,само да е мој,и по моја мерка и желба. Сакам да им го покажувам на ќерките,внуците и така натаму,и сакам кога ќе го погледнам да ми се вратат сите чувства и случки од тој ден. А ако е изнајмен...верувам дека ќе го чувствувам туѓ кога ќе го облечам,и нема да бидам толку исполнета.
ми се свиѓа тоа што го направила мајка ми. купила прилично скап фустан кој скоро после свадбата го направила во суќња и кошулка (зборуваме за модели на венчални фустани од пред 30тина год ) иако не би го направила јас тоа, не би ни изнајмила, би ми сошил некој за пристојна сума
Јас сум уште мала ама би сакала купен вустам можеби еднаш ќе го облечам и ќе ми стои во плакарот ама би сакала кога ќе го видам да се потсетам...
Јас сакам да си купам.Сеуште се мислам каде,целестра или жана, Мислев дека целестра се поарни ама пак жана како повеќе да ми ја испофалија....моделот го имам горе долу,сакам шампањ боја,а во целестра би ме чинел повеќе отколку жана. Горе долу вака би бил- Сакам обавезно и вел да носам,а позади ќе биде со гол грб но не целиот и под голиот грб ќе се спуштаат копчиња за затегнување,незнам дали објаснив убаво.За горниот дел сеуште се мислам ,некако сакам со мали чипкани ракавчиња,ама надолу ќе биде вака,вака ќе се шири,малку повеќе од овој на сликата,со ваква нешто чипка. И,што мислите вие ви се допаѓа ли
Мене ми се допаѓа Баш тоа што е едноставно а убаво! Чипката е сон! И јас мислам дека подобро би било со мали ракавчиња од чипка. Go girl
Маца и јас си одбрав прекрасен модел во селестра ама кога разгледав низ мавровка дека ги има истите чипки (дури некаде и поубави) а фустаните се поефтини за минимум 200 еур без размислување си уплатив во мавровка. Не би ги препорачала сите бутици нормално, некои се стварно кич ама ќе видиш кој ќе ти фати око, јас сум мноооогу пребирлива и кога за мене се најде таму тогаш може за секој Бев на проба, фустанот е идентичен, чипката иста а заштедив минимум 300 еур кои ќе си ги искористам за накит Тоа ти е моја искрена и добронамерна препорака, сепак ти си невеста и сама си одлучуваш. Со среќа
Сакам да изнајмам фустан ем ефтино ем нема потоа да ти фаќа прашина по полакарите и потоа ќерките или пак внуките да ти го носат за на прочка
Јас би сакала да си го купам фустанот... Сепак тој ден е мој и сакам мој лично да си биде фустанот... па што и ако миседи во плакарот, може некогаш идниот маж ќе сака да изиграваме младоженец и невеста па ќе го носам само за негови очи како и да е, до финансиите си е тоа...
мојот си го купив и не се покајав ако не јас децата ќе ми го влечат некое време по некој маскенбали ќе кажуват на мама фустанот