Јас си купив од бутик тина во мавровка.Жената е професионалец го видов на кукла прв модел таков што го сошила беше фантастичен од пиозади цел збрчан на посебни делово чипкаи се влечеше малце однапред беше пола чипка со некои сваровски а некои обични као нитни и од десната страна од половинта исто извезен со нитни и чипка, и долниот дел на фустанот беше таков, само што не беше толку збрчкан како позади.Фустанот беше фантазија, и ракавички кратки чипкани.
Јас не сакам да изнајмувам,секако за изнамувајње само ќе те фати 200 евра,па зошто да не додам и да си купам или сошијам мој? Јас сакам фустан САМО ЗА МЕНЕ,без потоа да го давам наваму натаму,нека си сседи,тој ќе ми е спомен. Еве на мајка ми е дома,оштетен што го давала на блиски,затоа не сакам да си го давам јас. Иначе го пробував нејзиниот,убав е,чипкан се,би можело да се преправи,ама сега сакам поинаков модел,не баш ко него. На другарка ми беше сон,шиен беше,по мерка и беше,не беше прескап и прекрасно и стоеше. И сега имам идеја кај да го шијам
Јас мојот фустан за свадба го изнајмив и сум многу задоволна.Го платив само 5000 ден. што е ниска сума за невестински фустан, немав никакви обврзувачки договори за плаќање ако го оштетам.Инаку не бев прва која го има носено фустанот ама воопшто не ми е криво оти кога го земав 1 недела пред свадбата мирисаше на чисто, со тоа тие го испочитуваа договорот да го однесат на хемиско чистење пред свадбата. Исто така по моја мерка го стеснија фустанот. После свадбата фустанот беше хорор филм оти беше набран и старејкото којзнае колку пати ме нагазна,инаку и други ме газија, ама оти он со кумот цело време зад нас и лом ме направи и со секое нагазнување фустанот се продолжуваше и беше многу извалкан.Кога требаше да се врати му кажав на маж ми да праша дали треба уште нешто за доплата, ама не побарале.Ако требаше поштено ќе си платев нема лутење на тоа, несакав после да излезе некоректно од моја страна. А за во мојот град исто така изнајмуваа фустани по поскапа цена 8000-9000 ден.Ама фустаните катастрофа умрени муви ислепено на нив оти стоеа на излогот пожтеле од стоење, па и од згоре на тоа ако ми одговара фустанот како што е нема негово преправање ни во должина ни во ширина.Исто така слушнав за девојче кое изнајмило фустан и кое го терале после на неоштетен фустан да доплатила де за хемиско, де друго, за трето и така на крај рекла па подобро да си го купев отколку да го изнајмам пак исто пари додадев.Се знае кога се носи бел фустан не можеш да го вратиш во оргинална состојба е сега ако си го стварно оштетила ќе си платиш и ќе молчиш, ама да ти тражат само рчки за да доплаќаш ми е стварно несватливо.
претежно сите изнајмуваат, но тоа треба да си прошеташ.Џабе вака што ќе ти пишеме...кога треба прво модели и цена да видиш, а потоа се друго.
И јас сум за купен,да ми остане спомен,а вака би ми било криво подоцна да гледам слики,а да не го имам..
Сега случајно на фб забележав дека во бутиков Лидија почнале и да изнајмнуваат фустани, па може на накој ќе му биде од корист
Jas mojot go kupiv,i pak da se mazam-pak bi kupila.Toa e spomen za cel zivot taka nekogas koga burickam po plakarot ke naletam na nego,go vadam,go razgleduvam,go cackam...mi budi spomeni i ubavo mi stanuva na dusickata.
Ke mozes da mi pratis slika i da mi kazes za kolku go iznajmuvas. A ako ima i drugi feminki sto iznajmuvaat fustani moze da mi pratite sliki zasto mi e hitnooo (( (( . Na 18 dekemvri mi e svadbata a jas na 13 dekemvri ke bidam vo mak mnogu malku vrmeme mi ostanuva za sienje a i kaj i sto prasav mi vikaat deka ne iznajmuvaat zatoa pomagajte ve molam ([/quote] Нела87, а каков фустан конкретно сакаш? поедноставен, тесен, широк..? отприлика димензии..?[/quote] Овие слики што ги имаш поставено ги има во Жана..баш ги пробував...незнаеш за која да се одлучиш преубави се...ама и скапи [/quote] Колку од прилика коштаа венцаниците во Жана што си ги пробувала, сакам да имам орентација за цените, ке ми треба наскоро.
Незнам како да размислувам и што е поправилно. Од една страна кога веќе си одлучил да правиш свадба со сиот трошок што си го носи, зар на фустанот ќе земеш да штедиш. Сега сите од фамилијата ќе се облечат во ново, а најбитниот човек, невестата, во нешто старо. Па ако се збори за залудно истрошени пари за организација на свадбата пре би скратила на покани, разноразни цветчиња, китенки, од јадачката што ќе се служи, поевтин накит,него од гардеробата на невестата. Па немора купениот фустан да кошта 500-600 евра, може да се одбере и сошие поскромна варијанта. Мојата сестра се распрашувше за изнајмување и не беа баш џабе, уште ако му се случи нешто на фустанот (а голема е веројатноста, ќе те згазнат, па имаш свеќи, храна и пиење околу фустанот), со се оштетата испаѓаше исто колку поскромен да го купиш. Е сега од друга страна скоро сите живееме во кнап простори или во заедница, а фустанот цел живот ќе ти фаќа место, и ќе ти фаќа и ќе си стои, и тоа не го бива баш. Па стварно незнам. Јас пошто не правам свадба, туку ќе има скромен ручек со домашните ич не си отварам ваков проблем. Ќе си носам некое фустанче или костимче и ајде со здравје, ќе си го носам и понатаму. Ама јас мислам меракот е најважната работа во вакви мигови, така да кој како си се осеќа и каков мерак има така да си постапи, тоа е најправилно.
Тука, изајмениот фустан е најмалку 8.000 ден, зависи во која продавница гледаш.. А прашав за шиен фустан, ми рекоа 6000 за рака ќе ми земат, а материјалот мој, епа сеа кога давам 8.000 или 9.000 ден за изнајмен, ќе дадам уште 2.000 повеќе барем ќе знам дека фустанот го носам прва, нема да бидам копија на некоја друга невеста, и ќе можам да го изнајмувам после тоа. Ова е моето мислење за фустанот..
Од братми жената сама си го дизајнираше и шиеше 700 евра и нормално еднаш го облече и сега и стои, џабе парите! Јас не би купила никако, еднаш си била невеста и што ако и тој е бел фустан и другиот ке облечам колку мерак да ми помине ем со помалеце пари ем прашина нема да ми собира. Така да јас си сум строго за изнај,ен фустан.
Јас сакам да прашам нешто. Дали имате да ми препораќате некоја шивачка (но не само за венчаници) во Скопје ? И по можност да е проверена лично од вас. Инаку што се однесува до темата. Јас би сакала мојот фустан да го купам, затоа што планирам во животот еднаш да се мажам, и тој фустан да ми остане. Е сега се зависи од финансиската состојба, но јас од се би скратила, мојот фустан ќе да е најважен
не! Купен дефинитивно од каде да знам јас која пред мене го носела фустанот недај боже може се да се случи, сакам јас прва да го облечам фустанот и да биде мој па макар и да фаќа прашина после свадбата. тоа ќе ми биде најголемиот успомен мајками кога се мажела и го изнајмила а пред тоа го носела некоја невеста која била бремена и се пуштила го изгубила бебето, па мајками останала трудна со мене и со сестричето, две сме биле ама тоа се родило мртво од каде да знаеме можеби е со тоа поврзано, не се знае можеби има некое значење можеби ви изгледа ова смешно но јас мислам дека е подобро купен мојот дефинитвно ќе биде купен
Е аман бе, многу некако. Или јас немам пари па 700 евра ми е многу . Што фустан ќе беше. Како и да е, јас како мнооогу прагматичен човек на 700 евра ќе им најдев друга примена. Односно пола свадба ќе ја платев А кој го плати. Она сама си го плати или свекрвата? Шала на страна ако тоа и бил меракот, бар до крај си го направила
Мајками го плати хахах па со сваровски кристали е ехее и јас не би ги дала тие пари за така ама тоа е, за 700 евра можеше облека да купи, или било што друго. Сега стои во плакар собира прашина.
Како мала често си играв со фустанот на мајка ми , го облекував и се шетав по дома а денес е целиот со дамки од лак и кармин од моите шминкерски походи Јас би сакала купен , никогаш не сум позајмувала облека со другарки ,имам некоја фобија , па за свадба не би носела фустан што друга го носела . Нека ми стои на закачалка бе , кога ќе имам ќерка нека си игра со него и секако не очекувам да го носи тамн работа
Јас сакав да купам.... сите што ги видов беа прескапи а не беа нешто посебно. Се премислив и реков дека ќе изнајмам..... изнајмувањето ме кошташе само 100 евра... два дена пред свадбата беше генералната проба на фустанот.. пошо требаше да се тесни и такви работи.... шивачката го имаше згрешено цел фустан во корегињето... ден пред свадбата отидов во Битола и купив фустан, непланирано..... фустанот беше преубав.. ме кошташе 800 евра... се договорив со продавницата да им го продадам после свадбата.. ми го фатија 400 ерва... што мене ми одговараше... Така да, одговор за ова прашање на темата не знам.... купен си е купен.. ама ако немаш и изнајмениот не е лош...