Дефинитивно купен. Готов или шиен нема врска, важно е да е нов. Да не е претходно изнајмуван. Ако немам доволно средства да купам од некој од салониве, јас лично ќе си го сошијам
Јас сум за изнајмување на фустан. Зошто да давам многу пари за да купам фустан, кога после тоа ќе ми стои во плакар. Јас сакав да изнајмам фустан за мојата свадба, ама во бутиците каде што прашував не изнајмуваа. За да не фрлам многу пари, одлучив да купам бел свечен фустан којшто изгледаше како венчаница. Барем тој фустан можам пак да го облечам. Ако купев венчаница немаше пак да ја облечам.
Би сакала невестинскиот фустан да биде шиен само за мене.И да стои потоа во плакар, ќе ми биде драг спомен.Отсекогаш сум велела, кога ќе правам свадба, за венчаницата, за костимот на сопругот, за музиката и амбиентот на ресторанот нема да штедам (секако нема да претерувам).Можеби ќе има помал број на гости но сакам сите да си поминат убаво и релаксирано.Секако свадбата ќе си ја плаќаме сами, родителите не можат бидејќи немаат, фала им и за толку, така да сами одлучуваме.
Мојот фустан беше изнајмен Можеби го носеле пред мене можеби ќе го носат после мене ама јас си бев задоволна со изнајмен фустан кој чинеше 6000 ден. Да напоменам бев 7 месец бремена така да изнајмувањето ми беше идеален потег, затоа што никогаш немаше да го облечам повторно.
Повеќе сум за изнајмување на невестински фустан... На почетокот ке ми биде драг што ми стои во шкав, но подоцна може да се искористи за маскембал, или и понатаму да ми фаќа простор и место во шкафот, како што сега ми стои.... но подоцна деца кога ке дојдат, многу побитни и подраги ми се децата него фустанот... Но нажалост кај нас нема некој квалитетен салон или слично каде што можеш да избереш и изнајмиш венчаница... На неколку места прашував за изнајмување, и тој модел што ми се допаѓаше ќе ме чинеше 180ЕУ за изнајмивање а истиот тој модел да го сошијам ми бараа 300 ЕУ... И на крај пребарав на Пазар3 и Реклама5 и си најдов баш венцаница како сакав се комплет за 100 ЕУ отидов ја пробав, и ми беше таман, и си ја купив... Венцаницата беше многу сочувана и испрана на хемиско и сличничо, исто како од салон, сега и да ја носи некој за маскембал нема да ми е криво....
Девојки во Скопјево има ли некаде каде шијат фустани по твои мерки, кои потоа ќе можеш да ги вратиш?????
шијат ама без враќање може од тие што им се веќе сошиени да ти искорегираат за да ти биде точен и се плаќа најмалце 100 евра за изнајмување и после им го враќаш.
Јас еве баш денес моите ми го земале фустанот што го шиев. Ех се испофалив во секој пост на Фемина, ама ни мужето уште не ми знае, на работа сме па подоцна ќе му се пофалам. И значи јас се одлучив за нов. Многу ме чинеше точно. Зошто? Јас не инсистирав да се прави свадба, напротив, и милион пати до сега јасно и гласно си кажав по дома дека се кајам дека ме бутнаа во тој филм свадба во кој јас како невеста си сносев најмногу нервози и терет. Значи јас ќе се омажев и без свадба. Ама, кога веќе ќе има свадба ќе има пристојна свадба. Значи неможе било како фустан, било какви чевли, кој сеуште не сум ги нашла, било каков ресторан.. Да ние имаме ептен одбрани најблиски гости, нема да има бонбончиња, и китенки за сите гости.. Јас сум таква по пирода, црно-бело, или-или, и донекаде перфекционист. Ако се прави нешто, да се прави. Мајка ми добро тоа го знае, јас за свадбата не изводам, јас сум таква. Кога купувам, купувам, кога немам, немам, си ќутам и не купувам. Затоа јас си шиев фустан, и ммм едвај чекам сега да си дојдам домче и да си го облечам. За тие пари и не е нешто, да бидам искрена и да многу пари се за мојот буџет. Ама свадба, никој не рекол дека мора да се прави.
Од тие што сум ги пробала ниту еден не ми се допаднал целосно, а да ми е до некаде точен, додека тие што ми се допаднале биле огромни. А кои се тие бутици што инзјамуваат од нивните?
Би си купила кратко невестинско фустанче од причина да се изнаиграм на свадбата и да не се потам цело време
Јас кога разгледував венчаници во Мавровка, во ниту еден бутик не изнајмуваа. Барем таму каде што прашав. А сакав да изнајмам венчаница.
Ако можам за пристојна сума да си сошијам фустан точно каков што сакам, секако дека би сакала да е нов (и тоа шиен, за купен не сум зошто нема да е 100% тоа што сакам). Ама ако тоа што го сакам чини премногу, во тој случај и би го изнајмила, без разлика дали некоја го носела пред мене. Ама и во тој случај би бил фустан од продавница, така да не знам колку би била на кејф... По карактер не сум воопшто цепидлака или перфекционист, сум си шиела фустани за повеќе свечени прилики и обично повеќе прифакам предлози од шнајдерката отколку што сама си измислувам. Ама за венчаницата сум опседната од најмлади години, веќе до детали ја имам замислено, така да дефинитивно сакам да си ја сошијам. Ја имам и постирано во темата за венчаници пред некое време
Како што еднаш пишав зошто ги имам на facebook, прочитав дека бутикот за венчаници Лидија изнајмуваа фустани. А вчера ми се појави дека имале многу големи попусти и на готовите венчаници. Па можеш да провериш или да им пишеш на фб. за да не се мачиш да идеш кај нив, ако не изнајмуваат. Иако имаа така пишано.
Ни едното ни другото. Јас ке си го креирам за да испадне баш како шо сакам.. па ке го однесам да ми го сошијат. Имам специфичен вкус кога се во прашање тие работи.
И јас си шиев по моја желба и вкус, но не луксузирав многу, гледав да поминам поефтино бидејки секако си стои во шкаф сега, колку и да го платиш судбината на фустанот е иста .
Јас знам дека нема шанси да најдам нешто што 100% ќе ми одговара. Јас би сакала мојот да го искомбинирам по мерак и да го сошијам.