Пред година дена барав за изнајмување. Кога се јавував на агенции секогаш ми викаа дека треба да се плаќа агенциска провизија секој месец. Математиката иде: ако станот се издава за 200 евра, упола ја плаќаш провизијата, што значи 300 евра месечно ти испаѓа. Бар така ме држи сеќавање, затоа и сум ги одбегнувала. Инаку има една - две агенции што ги пратам на реклама5 кои имаат нагласено дека не зимаат агенциска провизија. Е сеа, LadyF95 што пиша, не знам дали беше така или како што викам јас, провери си или јави им се директно. Јас одбирам секогаш од физичко лице.
Освен на пазар 3 и реклама 5, и групите по facebook, каде можам на друго место да го огласам станот дека го издавам?
Zdravo, mi treba stan za iznajmuvanje vo Novo Lisice so spalna i decka dokolku nekoj ima da mi kaze.A moze i za kupuvanje pak vo toj del ama pogolem mi treba okolu 100 m2.
Здраво Дали знаете некој што издава стан , куќа , барак сеедно во кое може да се чуваат животни? Поточно мачки
Мислам дека ова е соодветна тема за да ми се помогне хаха Ми треба станче соба во Скопје до 1.000 од вечер ама на booking не се снаоѓам
Здраво на сит, барам стан за изнајмување во Прилеп, 2 собен, за во април сега 2-3 недели, на booking некако ми е прескапо 300-400е за две недели мислам за толку во Прилеп и за два месеци може да се најде.. има ли некој совет или можеби знаете некој да издава апартмани?
Ми треба стан за изнајмување во Охрид. Се преселувам Охрид на 01.04. Ми треба за 6 месеци, потоа уште 6 со заеднички договор. Доколку се договориме киријата за 6 месеци ќе ја платам однапред. 1.100€ за сите 6 месеци.
Дали е подобро да се изнајми стан од Агенција или директно од сопственик и кој се предности и недостатоци на едното и на другото?
Подобро е преку Агенција, им кажуваш што се бараш, локација, квадратура и тие се ангажираат и бараат, значи не се замараш да бараш и да правиш трошоци, откако ќе ти најдат стан сите три страни си склучувате договор и со него си сносите права и обврски, сите три страни си сте заштитени..само што ете како негативност ќе мора да и платиш и на Агенцијата што е и нормално. Во вториот случај се сама ќе треба да бараш, да гледаш
Здраво, овој месец почнувам со работа во Скопје (центар) и најдов стан на Водно (ул. Загребска). Дали може некој да сподели искуство/мислење за живеење во тој дел од градот? Исто така, прв пат ќе живеам под кирија па дали може некој да ме посоветува каква е целата процедура? Станот го издава инаку физичко лице, не агенција.
Дали знае некој која е процедуратата за изнајмување на стан преку агенција за мене како изнајмител? Сакам се да е легално, неќам ствари од типот ако дојде некој кажи внука си ми.. Колку кирии однапред се плаќаат, колку е провизијата, депозит, се ме интересира..