Да де али тоа не е на долг рок добра опција а плус што не е етички тоа за фиромски мајндсет е апстрактна именица.
Не знам што очекувате? Цените на кириите да останат исти како пред 10 години, а цените на становите 3 пати се поскапени?
Едно е стан за под кирија друго е стан за продажба, неможе на стан нереновиран 10год само да се качува кирија од ракав и да се очекува од кираџиите да подсредат нешто тоа е само лакомост, сите знаеме колку е минимална плата во државава наша и треба да се има и тоа во предвид кога се издава стан.
A toa obavezno ima nekoj propust sto treba da se sanira i ja moram so majstori da se zamaram, bez razlika i da go plakja gazdata majatorot sto sum ja duzna da se zamaram so majstori, plakjas tolkavi kirii i uste nedosredeno izdavaat.
Тоа е бизнис, не е добротворна установа Пазарна економија, колку поголема побарувачка, цените одат нагоре. Инаку, ако се земат предвид платите во државава, становите не треба да се повеќе од 500 евра м2.
Прошле покрај добротворна установа. Ова е цедење на макс. Сите у свет дигаат бунт. Само глупиот македонец не се буни коа се дигаат цени дaн рече некој еве нема пари мора да се покаже како има, ако трпи после со паштета цел месец.
Јас како што гледам никаде нема некој поголем бунт. Народот си трпи и се прилагодува на секое ново стестнување на ланецот околу вратот. Ете во една Германија живеењето по кирија е нормализирано. Скоро 50% од населението нема свој дом оти е недостижно за оние со просечни примања. Во тој поглед ние Македонците сме побогати од нив, ама како тргнала работата со зголемувањето на цените за квадрат и кај нас за некоја година ќе им многу поголем процент на луѓе кои ќе изнајмуваат живеалиште наместо да купуваат.