Општи прашања Дали некој знае каде можам да изнајмам стан/соба и за колкава цена ? - во прашање се 3,4 саати каде што сакам да му напраам изненадување на дечко ми )
Општи прашања Па незнам дали некој издава стан соба за неколку часа но зошто не одиш во хотел( немора со 5 * може и со 2* ) или собата е дел од изненадувањето
Општи прашања Не е битно,може да е и хотел. Дали би знаеле некој тука во Скопје,колку пари, како што ??
Доколку некој знае да се изнајмува стан/куќа или пак бараат за чување и одржување на куќа/стан во Прилеп ве молам пишете ми во лична порака
Побарајте на www.reklama5.mk www.pazar3.mk Има станови,гарсоњери и куќи за издавање колку ви душа сака
Се издава комплетно наместен двособен стан од 55 квадрата кај стара рампа Кисела вода во портокаловата зграда кај Комерцијална банка, претежно за фамилијарни особи или вработени, со парно. Цена 200 евра фиксна. Контакт 076746222 Светлана
Изнајмувам апартман за сместување (се работи за цел спрат од куќа со три соби + кујна и купатило) во Центар (кај ВИП Хотел), во близина на факултетите на УКИМ. Ако некој е заинтересиран нека пише ЛП.
Жени, сте соработувале ли со агенцииве за недвижности? Јас конкретно барам стан за изнајмување, ми треба за подолг период и за фамилија ама сакам да е со што пониска цена...Се слушнав со Дарма Дома, онака, ама слушам дека ќе ми треба аванс плус кирија ?
Се сомневам дека некаде низ земјава ќе најдеш стан по таа цена, макар гарсоњера, зашто минималната кирија за стан во Прилеп е 6000 денари. За 3000 месечно можеби ќе успееш да најдеш само соба, ако некој издава соби или евентуално стан, но да се снајдеш со цимери/цимерки, па да делите кирија за да ти дојде поевтино. Разгледај понуди на пазар3.
Без аванс со кирија нема да склопиш договор преку агенција. И тоа зависи колку кирии ќе барат унапред. Обично бараат за три месеци, ама има и некој што бара шест месеци унапред. Исто ако одиш преку агенција ќе треба да ги платиш и нив, најмалку 100-150 евра за услуга, зависно од агенција, и ти и оној што го издава станот. Дури и да не одиш преку агенција, издавачот ќе ти бара истото. И тоа посебно аванс како гаранција кој останува кај него додека не оддлучиш да излезеш од станот.
Итно ми треба наместен двособен стан за изнајмување во Прилеп, а може и ако знаете некој што бара за чување и одржување на куќа/стан.