Здраво, Имаме за издавање сосема нов опремен стан во Карпош. Пишете ми во порака и ќе ви ги објаснам сите детали.
Барам да изнајмам двособен наместен стан во Кисела Вода или Аеродром. Понов мебел до 200е месечно. Доколку има некоја од вас што издава или што знае друг што издава, пишете ми во пораака. Благодарам
Во понеделник ќе одиме да го видиме станот што сакаме да го земеме и да се договориме со газдата. Е сега ме интересира на што да се обврне внимание дали се потпишува договор на нотар или како оди тоа,газдата ми кажа вие како сакате така сее ствар на договор. Пред време пари не планирам да давам туку месец за месец,се надевам дека ќе се сложи на тоа.
Грото бараат две кирии или бар една обавезно унапред . Ние бевме краток период под кирија и требаше договор на нотар ама човекот за да не плаќа такса некоја писмено потпишавме договор (тоа ништо не значи чисто за него мислам). Знам пишуваше дека треба да одтавиме како што е, за штета треба да си платиме а ако нешто се расипе пример бољер, шпорет поправа тој) Не ти помогнав ништо
Јас депозит не оставам. Само 50 еу за сметки депозит оставам. Ако му одговара ок. Ако не пак ок. пошто ти си таа која ќе дава пари треба ти услови да поставиш. Во спротивно се понашаат ко да услуга ти прават. гледај влага да не има. Тоа ти е најбитно за бебе. договори рок за плаќање пример од 1 до 5 во месецот да е платено.
Станов е во нова зграда па се надевам влага нема да има. И јас мислам дека 50 евра му се таман за депозит за сметки цела кирија или две кирии пред време шанса нема. Месец за месец најубаво. Ќе видиме во понеделиник како ке биде.
Ако сака депозит онда на нотар и да стои дека сте дале. А не на жими мајка. Во нова внимавај ја звучна изолација. На комшијата горе коа му вибрира телот го слушам дома
Богами звучна изолација е битна особено со мало бебе има да ги шизне тие околу нас. Јас кога го прашав за договор на нотар он кажа ако сакате вие ако не сее ствар на договор помеѓу нас.
Ако сака депозит онда да. Ако не не ти треба. Затоа и ти спомнав за изолација зашто мене редовно детево ми го будат... може си ме читала каков проблем имам со едни. .
Ако има нотар ќе треба да плаќа данок, тоа се 20 повеќе за тебе што треба да ги плаќаш. Не оди на нотар но имај договор. И изолацијата оти е битна за тебе оти ако комшиите се караат ќе ту го будат бебето.
Како може некој да те пушти во стан само со 50 евра однапред дадени? Ако се согласи ок ама некако не ми се верува. Ќирија не се плаќа однапред? Што ако му киднеш на крај на месец?
Од 1ви до 5ти се плаќа. Тоа му е ризикот што не плаќа данок. Да плаќа, ќе има и нотарски договор, плаќање на сметка и сигурност.
Здраво. Дали некој изнајмува соба од стан во Скопје во близина на Рамстор ? Другар мој најде работа во Скопје и бара соба сега за сега. Благодарам
Дечки некој што издава стан за нова година дали знаете?Или како да најдам на овие пазар3, реклама5? Има само станови за живеење под таков наем.
Спремаме еден стан за издавање, па ме интересира што се подразбира под целосно наместен стан? Дали тоа само значи дека има мебел, ТВ, опремена кујна (фрижидер, плотна, рерна)? Дали треба да има на пример: електрични апарати за во кујна: тостер, кафемат и сл., комплет прибор и садови за јадење, постелнина, усисивач, џогер, даска за пеглање, пегла и сл.? Знам дека на некои од вас ќе им бидат смешни и глупави прашањава, ама ние прв пат ќе го издаваме станот, па немаме доволно информации како тоа треба да изгледа. Однапред благодарам на сите што ќе ми одговорите.
Колку поопремен стан, поуреден, поубав , нов или реновиран- толку поголема цена ќе ставиш. Постелнина никој не остава, а и да има, мислам никој не користи. Усисивач, корпа за алишта, сушара- мораш. Пеглаза алишта, прибор за јадење-пожелно. Тостер, кафемат, фен, даска за пеглање ако више се друго има, зошто да не и ова.
Целосно наместен значи баш тоа - целосно наместен. Да дојдам утре, да донесам постелнина и пешкири и да си легнам. Шпорет, фрижидер, машината за садови не е задолжителна, машина за перење, кујна, трпезариска маса со столчиња, гарнитура во дневна, тв, а електрични апарати во кујна не се скоро никаде во цената вклучени затоа што ретко кој ги става.. Знам за еден случај каде што потстанарите украдоа микробранова, правосмукалка, фен, пегла и неколку други ситници и заминаа.. пријавија 30дена пред тоа дека нема да се продолжи договорот за закуп после тие 12мес ама тие заминаа, клучот во сандаче и толку беше.. Иако имаа договор на нотар, депозитот од една месечна рата не беше доволен за да ги покрие трошоците, а тие не ни можеа да докажат дека имале микробранова, миксер, правосмукалка и такви ситници во кујна па да пријават и кражба.. И така си останаа без апарати.. Ретки се вакви будали ама ете да споделам пример за да пазиш..
Здраво дечки. Со дечко ми сме во план да седиме заедно од јуни/јули. Бараме стан со една спална и да е колку-толку понов мебелот. Ни одговара најмногу Кисела Вода, но исто може и Припор, Аеродром, Карпош и Центар. Цена до 180 евра (го изнајмуваме за минимум година). Доколку некој издава стан, или седи во стан па планира да се сели, ве молам исконтактирајте ме во лп. Доколку имате слики, би било супер да ми пратите. ☺️
Здраво, барам стан со една спална во автокоманда или околу нова железничка. Цена до 10000 денари. Би било добро да ми пратите слики, доколку имате.