Дали некој од вас издава стан или гарсоњера во скопје или гостивар Тетово..? и доколку има која е цената
Фала ви. Ме интересираше, бидејќи цените по огласиве се страшно напумпани па дури и во Кисела Вода за нов стан, наместен, со горенаведената квадратура се издава во просек за 200е, па дури и до 220-250е, ретко да се најде нешто под 200е.
Има секакви цени и секакви услови. Некои бараат и преку 250€ за гарсоњера во стара зграда на приземје, каде има влага и мувла. Во станот во кој што живеам сум веќе 2 години. Тогаш кога баравме, услов ни беше локацијата и да има една спална соба. Сите што ги видовме се движеа меѓу 230-260€. Пробај да разговараш со агент од агенциите што се занимаваат со изнајмување/продавање, можеби ќе добиеш некои совети или насоки.
Станот во Скопје, Аеродром кај што седев оди на издавање. Локацијата е супер, газдите екстра. Комотен е, совршен за вработена девојка која сака мир и стабилност. Ако некој го интересира, може ЛП.
Baram kujka za izdavanje vo Kavadarci. Ako nekoj znae da mi predlozi. Sekoj predlog ke bide prifaten.
Kisela voda 200evra se izdavaat, novite vo Rasadnik zavisno od periodot i kolku e namesten. Toa se na lice mesto se dogovara'!
Здраво, барам две цимерки за во стан од 60 м2 во населба Кисела Вода, на самиот булевар Борис Трајковски. Станот располага со две спални соби, дневен престој со трпезарија, посебна кујна, тоалет, балкон и подрумски простории. Вселив од 01.06.21. Цена: 240 евра. Контакт телефон: 076233557
Zdravo na site.Iznajmuvam stan vo Reonski Centar Aerodrom-Novo Lisice.Stanot e so povrsina od 48m2,kompletno namesten.Na 1 kat, od vkupno 5. Ima lift,centralno greenje.Sloboden od 1vi januari.Cena 200 eur, a za podolg vremenski period moze i 180wur.
Здраво на сите. Имам веќе најден стан во Аеродром над семос. Газдарицата е многу фина. Станот е целосно нов, опремен. Со две посебни спални соби, би биле две цимерки. Пишете ми ЛП ако сте заинтересирани.
Здраво, барам стан за издавње во Битола во близина на педагошки факултет. Дали некој издава или може да ми помогне да најдам?
Здраво, и јас во тој дел барам стан, се слушнав деновиве со повеќе луѓе. Доколку сакаш цимерка, во посебни соби, може заедно да се договориме за некој од становите што ги имам најдено. И мене прво ми беше планот сама, но високи се цените.
Те разбирам но јас бидејќи имам дечко две години може ќе ти смета ако останува плус има двајца браќа со девојки може ќе сакаат и тие да дојдат, а знам дека сакаат тука сме во години. Нема да ти е комотно те разбирам па затоа решив сама за да може да остануваат колку сакаат а да не пречат на никого.
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=3531372 тука се јавив ми рече околу 7-8000мкд, иако пишува кај болницата мислам ми рече дека блиску кај педагошки е. Разгледај ги и останатите на реклама5 и пазар3, имаше повеќе тука блиску, само со повисоки цени.
Здраво дечки, Пред некое време почнав да седам под кирија, и се договоривме да му платам месец унапред. Јас месец унапред подразбирам на почеток на месец да му дадам пари за цел месец што ќе го седам ( значи тоа е тој месец унапред платен целосно ). Е сега, ми побара пари за два месеци, му кажав дека нема шанси, дека ќе биде како што зборнавме. Чисто ме интересира, како луѓето што издаваат станови го разбираат тоа "месец унапред"?
Една кирија е задржана како депозит. На крај од престој или ќе се пребие од последната кирија или ќе Ви го врати депозитот(една кирија). Најчесто сите функционираат на овој начин. Тоа значи месец унапред, односно една кирија ќе си биде депозит, затоа и првиот пат всушност плаќате 2 кирии. Незнам како сте се договориле вие, ама по ова што сте го пишале е така и најчесто така се прави при издавање. Секое добро