Како шо кажа членката пред мене, обично газдите бараат депозит на почетокот од престојот и тој важи како кирија за последниот месец, фактички тебе ќе ти дојде првиот месец да дадеш две кирии. Е сега, ова месец унапред или два месеци унапред ако се однесува за текот на целата година тогаш тоа е друга работа. Јас кога барав стан еден дури ми побара три месеци одеднаш да му платам шо не доаѓаше во обзир. Види прашај, па ако не ти одговара барај друг стан, не може да менува вака услови кога ќе му текне.
Јас се вселив на 21.09 и тој ден му платив 2000 за деновите до 30.09 што ги седев, пришто си зборнавме дека на до 05.10 ќе му е платено месец унапред како што си бараше, за месецот што ќе го седам (логично, октомври не ми е мене седен па да не се смета како за месец унапред), а и детално си зборнавме, си му беше кажано за кој месец што ќе му е платено и се согласи и рече дека нема проблем. И сега ми кажува месец унапред му значело 2 кирии, значи и за ноември. Ако сакал аванс, односно две кирии да му се платат, ќе си кажел сакам 2 месеци да ми се платат на 05, а не месец унапред. Мене по ниедна логика не ми иде месец унапред да значи 2 кирии, исто како ако плата ти пуштат на почеток на ноември, за месец ноември е унапред пуштена плата за месецот што ќе го работиш, така и ова. Вакви луѓе ми се многу никакви.
Да, не е фер во никој случај но сепак мислам дека не сте се разбрале и дека он месец унапред мислел на депозитот што го збориме. Плата пример никогаш не даваат за месец унапред него за претходниот месец, значи Ноември добиваш плата за Октомври. Секако пробај да се договорите, ако не овој месец па ќе си бараш друг стан. Поздрав
Да, знам за плата дека не даваат, само како пример ми беше нештото, бидејќи платата ја добиваме нели месец за месец, го работиш овој месец и за него добиваш плата наредниот месец. Исто и киријата би била месец за месец доколку му платев за октомври, на крајот на октомври, а вака унапред му плаќам за месецов што ќе го седам...и плус на сето тоа, повеќе пати и јас и моите кога беа тука, му напоменавме како ќе му биде платено. Фала ти инаку
Како издавач еве да ти кажам..на нотар се потпишува договор, 1 или 2 месеци депозит однапред и за месецот кога се вселуваш си плаќаш, значи 2 односно 3 месеци однапред. После на почеток на секој месец си плаќаш кирија за тој месец. Депозитот има право да се искористи доколку е причинета некоја штета од твоја страна или да ти се врати по истекот на договорот.
Епа човеков сакаше договор на нотар само ако јас му го плаќам данокот, бидејќи нему не му одговарало да плаќа данок. За киријата си се согласивме веќе, си разговаравме, па отпосле му текна дека сакал пари за два месеци, а денот кога се вселував можеше јасно да си каже дека си сака две кирии односно депозит. Мислам дека добро објаснив за што се работи.
Ако си во можност разгледај и други станови. Преку глава ми се дојдени газдите во Скопјево! Становите во просек имаат повисоки цени на издавање отколку шо навистина вредат, па згора на тоа и данокот кираџијата да го плаќа, случајно денар повеќе да не потрошат, бидејќи испланирано им е ратата за кредит кираџијата всушност да ја плаќа.
Skoro planiram da izdavam stan i me interesira dali e podobro da napravime dogovor na notar ili ne? Prasuvam za da vo slucaj da ne plakja spored dogovorenoto kako e polesno da go izbrkas kiradjijata zakonski..
Ќе се вмешам, се надевам дека нема да ми замерите. Според мене, договор на нотар е чиста работа. Заштитен е и газдата во ситуацијата шо ја наведен погоре, но и во други ситуации, а заштитен е и кираџијата-има валиден документ за престој, сѐ црно на бело.
Imam edno prasanje vo vraka so presrlbi ne znam dali e za ovde ako ne e premestete go ne ve citam sekoj den I ne znam Samo koga imam potreba nesto da prasam , Prv pat se selam I ne znam Kako da se spakuvam da mi kazete sovet nekoj sto ste se selele jas imam 2 kuferi I 2 3 torbi sto nema sansi da se sobere se vo niv treba da nosam praznam I vrakjam ili vo nekoi kesi da mi dadete sovet?
Здраво, каде можам да најдам стан или простор за Нова година за изнајмување? Бидејќи на пазар 3 и слично најчесто ги издаваат за цел месец или не ги даваат за НГ. хелпппп
Здраво, Барам стан за издавање во Охрид за подолг период, сите што ги имам најдено на нет се за туристи и за краток престој. Може ли некој да ми помогне? Ви благодарам.
Zdravo baram stan so dve sobi posebni plus dnevna vo blizina na medicinski fakultet okolu. 200-230 evra?
Добар ден изнајмувачи , сакав да ве прашам колку вкупно трошите за седење под кирија во стан вкупно со се сметки , ми треба најевтина варијанта како за студент да знам колку да спремам месечно
Девојки, барам деловен простор или празен стан на ниско приземје за изнајмување на подолг временски период. Локација Аеродром. Доколку имате информации, ве молам контактирајте ме во порака.
Најдов едно мало станче во Скопје за живеење под кирија, но го издава агенција за недвижности. Многу често ми велат да не избирам од агенции. Има некаква разлика помеѓу агенција и физичко лице? Дали се плаќа некои посебни дополнителни трошоци за агенцијата, ако да, дали е тоа само на почетокот или секој месец?
prviot mesec plakate po pola kirija ti i sopstvenikot na stanot na agencijata.ponatamu nemate obvrski veke