Дали знаете кои дукани во СК имаат салон за изнајмување на венчаници? и колку се одприлика ? Или да ми препорачате салон од каде би купила?
Здраво девојки! Во потрага сум по венчаница - па првин би дала шанса да откупам/изнајмам некоја на старо. Висока сум 165цм, имам 54кила - носам број С. Ве молам понудете доколку имате. Поздрав
Здраво , Сакам да ја продадам мојата венчаница Дали знаете од салониве што изнајмуваат дали откупуваат?
Кај Антонија Ристовска венчаниците се изнајмуваат на половина цена од првичната цена на венчаницата а и ги продаваат и ако сакаш да ја купиш венчаницата ти ја продаваат по почетна цена без разлика на тоа што претходно била изнајмувана. Тоа што го видов кога јас пробував венчаница таму е дека не се баш одржувани односно имаа извлечени конци и беа подзакинати, изместени потполнки итн. Јас пробав само една и од 10 мин носење целата се исфрлив по телото. Ракавици одеа со неа, ми ги дадоа да ги пробам, на работ беа со дупки.
Не би знаела дали откупуваат, јас пробував со намера да изнајмам од таму, ама не се одлучив заради тоа што го пишав погоре. Во секој случај можеш да прашаш иако се сомневам. Јас искрено немам видено официјална продавница која откупува венчаници во Македонија.
Здраво женски. Имам венчаница за изнајмување/продажба, после носење направено е хемиско чистење, позади е на шнирење и се прилагодува. Гратис следува долг вел за коса. Доколку има некој заинтересиран за повеќе информации слободно нека ми пише.