1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Изнајмување на облека

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 24 јуни 2012.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Кај нас сеуште е оваа тема на некој начин е табу, но сепак постојат продавници посебно за свечена облека кои изнајмуваат фустани.
    Дали сте ЗА или ПРОТИВ изнајмување на облека.
    Дали ако ви се допадне некој фустан би платиле одредена сума, би го носеле и би го вратиле истиот утредента?
    Или сепак ако треба и 5 пати повеќе ќе платите, ќе биде тој фустан ваш и точка.
    А реално ќе го носите 2 пати и ќе ви стои во плакар, исто ко да го немате, нели :)
    Изнајмена венчаница? Тоа е најактуелно и онака тоа е огромна сума дадена за една употреба, иако секоја невеста сака дома во плакар, со тек на време во шпајз ил таван да си ја има венчаницата. А може да се помине многу пати поефтино со изнајмена.

    Би изнајмиле некогаш вака облека за свечени настани?
    Ако не сакате зoшто?
    Страв ви да не го уништите несакајки?
    Од помислата дека други го носеле пред вас (иако знаете дека претходно бил фустанот на хемиско)?
    Сакате плакарот да ви е полн со фустани за еднократна употреба? :)
     
  2. demilovato4ever

    demilovato4ever Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    220
    Јас не сакам ништо да изнајмувам ..
    Како што имаш кашано @rossonerka бидејќи претходно го носела кизнај која ..
    Аа и повеќе сакам да си го имам фустанот во својот плакар и ако премногу ми се допадне колку и да е скап секако дека ќе го купам! :)
     
    На Ivi05 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sun.flower

    sun.flower Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    11
    Дефинитвно се согласувам со demilovato4ever за тоа дека сигурно го носела некоја пред мене која може и била болна :lol: но,ете поише би сакала да го платам фустанот 5 пати повеќе иако ќе бидам свесна дека тој фустан ќе го облечам само еднаш,а и убаво ќе ми биде да со го гледам така у шкаф, да се потсетам дека не е изнајмен и е купен 5 пати поскапо одошто вреди :rofl:
     
    На Ivi05 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Јас сум против.
    Ако од некого сум позајмила облека (некој фустан за некој посвечен настан), тоа е сестра ми. А и тоа е ретко затоа што сестра ми има некои 5-6 кг. помалку од мене (не ја вклучувам тука зголемената моја килажа за време на бременоста :lol: )па ми е тесна нејзината гардероба.
    Причините за мене се едноставни-хигиенски. Како што и самата Роси пишала без разлика дали бил или не бил на хемиско, јас лично никогаш не би облекала било какво парче облека ако претходно не му го знам сопственикот.
    Едноставно тоа сум јас, не сакам туѓо, не сакам да облечам на моја кожа нешто што не знам кој се` го носел, испотил и сл.
    Попрво би платила помала сума и би купила некој фустан отколку да изнајмам, или пак едноставно ќе се откажам од истиот фустан и ќе носам нешто друго. А и да е поскап, нека стои во плакар, може некогаш ќе го облечам и трет пат или пак ако му пројде модата моите наследници (ќерки, внуки) би си имале шанса, нормално, ако сакаат да го модифицираа.
    На крајот на краиштата порадо би си купила материјалче и би си нашла шнајдерка да ми го сошие и би ризикувала да биде барем приближно сличен на посакуваниот отколку да изнајмувам.

    Што се однесува до венчаниците кога требаше да правиме свадба, свеки ми рече да си изнајмам фустан пошто нели според некои обичаи требаше таа да го плати и веднаш излезе со ставот дека не вреди да се фрлаат пари за нешто што еднаш ќе се облече и толку. Неполна година пред нашата свадба, внука нејзина изнајмила невестински фустан и без да се консултира со мене или со мм (тогаш вереник) земала и тел. бројчиња и се распрашувала во кои бутици се изнајмуваат фустани, за колку пари и сл.
    Кога ми кажа бев ваква :o :fubar: :@ , без да ме праша за мислење женава се распрашувала и готово, демек завршена работава ќе изнајмам фустан.
    Не се согласив никако, се осетив навредена, како демек не сум заслужила да ми ја платат венчаницата, и сама т.е. татко ми ми ја купи венчаницата, таква каква што сакам. :)
    А да, прво ја чував во главниот плакар, нели обесена, средена, завиткана....па заврши во спореден плакар и сега е кај моите на таван. Пак е средена, спакувана, од време на време ја вадам, ја луфтирам, ама сепак е на таван.
    Вистина, така завршуваат речиси сите венчаници, ама пак не се каам, вредеше за сите пари што ги плати татко ми за тој ден се чувствувам посебна. :)
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Во странство ова не е ништо ново, има така добри продавници за изнајмување каде има фустани за кои ние може да сонуваме од Елие Сааб, Зурах Мурад, Валентино, Шанел...
    И откако ќе се врати се носи на хемиско, па потоа се изнајмува на други заинтересирани.
    А ние што сме гадливи тоа е друга работа.

    Смешно е што купуваме од Шутка, од пазар, од Еко, од Пренди, Певекс и извинете ама реалноста е дека пред вас може истото парче го пробувала испотена ромка скитничка или бабичка што цел ден во петок се возела во 57ца :P . И после вие пробувате. И сеа?

    Да има кај нас продавница од фустани кои се сон и кои ми се недостижни би изнајмила.
    Јас имам од тука до месечината :D желба за Елие Сааб фустан. Немам 10тина 20, може и 50 илјади долари најмалку за убав фустан. Шнајдерката може да ми сошие, но прво не секој фустан, а второ може да не изгледа нималку слично до тоа. Материјалите го прават фустанот најчесто.
    Да го има овој фустан кај нас на издавање
    [​IMG]
    не ме боли брига дал го носела Госпоѓа Министерка, дал првата дама, дал некоја принцеза, дал некоја циганка што седи под семафори цел ден... битно ако е тоа правилна продавница за изнајмување 100% било на хемиско, фустанот јас чист ќе го добијам и ќе си го изнајмам и ич око нема да ми трепне! 8)

    А за просечни фустани кои може лесно да се изработат не би изнајмила, имаме женски пазар, имам топ шнајдерка и ќе си го сошијам за ефтини пари.
     
    На Candid, eleni23, LadyyGaga и 2 други им се допаѓа ова.
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Aбе ние далеку сме од изнајмување облека, поготово брендирана.
    Hекој да има шанел каиш, ние ќе си мислиме фејк дека е :D Hе би изнајмувала брендиран фустан, да бе, да ми се заарнат, после да не сакам да ги вратам :D

    E сега да изнајмиш фустан од Елие Сааб, Зурах Мурад... Cигурно и тоа не е ефтино. па со тие пари ќе си купам материјал, ќе си сошијам фустан бе :)
    A на крај краева за каде да го изнајмам... чисто за себе? Hе, да си набијам 100 и еден комплекс зашто не можам да си го дозволам засекогаш :)
     
  7. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    79.281
    На ова ќе додадам дека ако знаете како се изработуваат и од каде доаѓаат ткаенините и плетенините од кои се направени некои фустани,па како се транспортираат истите,каде се чуват,како се работат и се друго додека не се добие финалниот производ-фустан во кој ќе се фрцкате,вие истите што никогаш не би облекле нешто изнајмено од хигиенски причини,иако претходно поминало на хемиско чистење,би очекувала дека ќе шетате голи :lol:
     
  8. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    да се изнајмуваат фустани од светски марки, кои чинат како еден стан во МК би изнајмила, ама изнајмувањето да е по некоја разумна цена, но сепак мислам дека кај нас тоа никогаш нема да заживее :^)
    еве венчаниците бидејки тие најмногу се изнајмуваат, мислам дека не се исплати да се земе изнајмена, подобро да се дадат уште малку пари па да се купи нова. Пред некое време бев со другарками да гледа венчаници, во еден бутик што прашавме да и ја сошијат како што сака и да и ја изнајмат и бараа 200е, а истата да ја купи и ја даваа за 300е, не разбрав што математика употребуваат ама за 100е+ подобро да ја купам и да ми стои, отколку да ја носам и да ја вратам :) сепак тоа е спомен за цел живот, не е само за еден ден, па колку сака нека е не ја изнајмувам :)
     
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Баш во првиот дел на филмот Sex and the city помошничката на Кери има изнајмено луи витон ташна :)
    Уште гледајќи го филмот ми стана итересна идеата.
    Кога би се работело за нешто што неможам да си го дозволам, знам дека чини илијадници евра, а да можеш да го изнајмиш за некој ден два додека да ти помине меракот, зашто да не.
    Порано сум била строго против тоа и против секанд хенд, сега веќе не сум, порлиберално размислувам на ти работи.
    Кој не би сакал да изнајми оригинална Луи витон или Шанел или Фенди за неколку дена и потоа ја врати и сите среќни и задоволни. Или Ели Сааб фустан, Захир Мурад, Вивиен Вествоод венчаница, Мајкл Корс часовник ?
    Идеава е топ, само да не беше Македонија каде се е невозможно.
    А за венчаница, искрено 500 евра и повеќе за една вечер?
    Само ако кажете тоа е еден ден во година за кој испати да се троши ќе повратам.
    Од време на време ги читам темите за свадба и се фрапирам од цените.
    Утре кога ќе дојде тој ден, незнам како ќе си купам венчаница. Јас бре за фустан за некоја прилика на ми се даваат повеќе од 3000-4000 што ќе го носам со мерак, а за венчаницава која нема излез само еднаш се носи и никогаш повеќе. Да си најдам таа венчаница по мој вкус за не повеќе од 6000 денари би ја изнајмила зашто да не.
    Особено ташни или пример некое добро парче накит, нема никаква причина за да не биде изнајмено.
    Јас за ова чудо сем би дала ако би можела барем еднаш до два пати да го облечам, дека треба бубрег да си продадам за да можам да го поседувам :|
    [​IMG]
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Оние парчиња од Шутка, од пазар, од Еко, од Пренди, Певекс... ќе си ги купиш без разлика кој ги пробал. ќе си ги испериш и создравје ќе си ги носиш. Многу, многу сме далеку од изнајмување на фустани од светските марки и доколку би имале шанса што мислите колку би чинел тој фустан да се изнајми за една вечер? За тие пари ќе си купиш 10 други и ќе си бидат твои.

    Јас лично сум и против изнајмување на невестински фустан, неможам да си замислам да се мажам, да се венчавам во фустан кој предходно некои други го носеле, не зборувам дека е нечист знам дека веднаш ги носат на хемиско туку онака сакам тој фустан што знам дека само еднаш ќе го облечам да си бидем лично мој! А впрочем колку кошта да се изнајми невестински фустан?
     
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Па да и блузата моја од Певекс е испрана и ми стои во плакар и ќе ја облечам 50 пати.
    А фустанот од Елие Сааб кој го посакувам и кој кажав речиси е невозможно да се изработи кај нас е испран и јас ќе го носам и ќе го вратам. И онака тој фустан ете би го носела на сестра ми на свадбата. И толку. Дал купен, дал шиен, дал изнајмен еднаш ќе го носам.

    Мене не ми е сатисфакција да имам орман полн со шиени фустани за кои може и многу сум платила.
    А нималку не ми е ни комплекс што нема да имам Елие Сааб фустан во животот. Реалноста е таа, немам средства и готово. Реалноста ми е јасна ко ден. За мене шнајдерките се најдоброто решение, ама за некои фустани тие прават бледа копија.

    Ама ако го има тој фустан во продавница за изнајмување кој го имам зачувано во компјутер и кој е свршавање е зашто да не го изнајмам.
    -Не ја гледам причината гадење, не се гадам.
    -Јасно ми е дека неможе да се сошие (ако може да се сошие и е едноставен кажав ќе шијам)
    -Немам проблем дека нема да е мој и онака жал ми е за тие фустани скапи во плакар и 2 пати облечени.
    -И секако тука не размислувам за цената за изнајмување, не знам како се движат цените, ако е претерано многу отпаѓа изнајмувањето.
    -Мене најбитно ми е ете на свадбата на која ќе сум гостин да сум убава и да носам фустан каков сакам, не ми гајле дал потоа ќе ми стои во плакар или не.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    ^ мислам дека секој си има право за мислење нели?
    И зашто да е коплекс, секој си има право на задоволување на своите желби па макар и да би било за една вечер :D
    Пак ќе речам ова е Македонија и ова нема да стигне кај нас ни за милион години, ама сепак хипотетичка ситуација да би имало и се разбира не се некоја ненормала цена зашто да не.
    И не се правите толку многу гадливи, убаво рекоа, облеките по пазарите и по пренди и шутка да не се почисти?
    И во бутициве што пола пеачки и водителки ги земаат фустаните ги носат и ги враќаат?
    Мајка ми со свои очи видела некоја водителка како враќа фустан во продавница, и одма оп на рафт го закачуваат. После тоа било која може да го проба или купи, а нов од продавница.
     
  14. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Знам дека се исперени и чисти може и подобро од моите алишта дома ама не можам и не можам да носам . Плус не ми е некој филм да носам брендирана облека, а и глупаво ми е на свадба да одам со холивудски фустан па колку и да ми се блиски лугето. Секогаш носам нешто поедноставно, со по некое цирконче и толку. Друго, кај нас и не е толку скапа облеката, до 5000 можеш да најдеш убав фустан, а за изнајмените не знам колку е цената овде но знам дека некои од Солун за матура изнајмуваа фустани од 350 евра и повеке. Гледам и многу невестиснки фустани се изнајмуваат, јас би сакала да е лично мој фустанот, па макар и да е поефтин, еднаш сум невеста заслужувам свој фустан, а и ако ми текне повекепати да се мажам истиот ке го носам е си го исплатам :D
    Јас лично не можам. но ако моја пријателка дојде на свадба со изнајмен фустан нема да и преречам ништо, тоа го свакам како нешто најнормално. Ако веке и се допаѓа некој брендиран фустан подобро да го изнајми отколку да лупне тешка пара за него. Секој си прави ситуација спрема желбите и спрема џебот.
     
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    па добро де, јас во ниеден наврат не покажав дека не ги почитувам вашите мислења :)
    Pеков за себе дека попрво би си купила некој фустан, отколку да го изнајмам само за една вечер,и тоа за грдна пара.
    A,сега ако вие сакате да изнајмувате, тоа си е ваше, никој не може да ви забрани :)
    Eдит- и не не е за гадливост :) Jас си купувам и од секнд ханд работи, и од шутка, певекс :)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Можеби единствено би изнајмила некој елегантен, пепелашка стил-фустан, кој знам дека и да го купам ќе го носам еднаш на некоја свеченост која бара одреден код на облекување пример, и не мора да е со потпис на некој познат дизајнер бидејќи претпоставувам и изнајмувањето на нивните парчиња би било скапо...
    А друго како чанти, чевли, панталони, блузи...нема шанси. Според мене да носам изнајмена оригинал чанта на одреден период па да ја вратам е полошо од тоа да носам фејк што сум ја купила на пазарче...
    Ако не можам да си дозволам тогаш нема ни да носам...
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Би изнајмила само ако е тоа нешто што ептен ми влегло во око, нема слично и за посебна прилика.
    Да изнајмувам ташна или некоја маичка, било што, само за онака да ја шетам низ град ми е глупаво. И ќе ја носам една недела, емсец и што после?! Ја немам.
    Инаку од скоро, вакво нешто отворија и во Белград, е тек сега тие како исподотерани ќе шетаат :D
    Значи, за свадба или нешто слично разбирам, ама за онака фрцкање во град ми е веќе бедно и баш искомплексирано.
     
  18. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Би изнајмила од продавница со добро утврдени и почитувани стандарди на хигиена. Би изнајмила облека што би ја носела само во една прилика. Матури,свадби,апсолвентски. Поубаво изнајмен фустан, него цел кредит за него. По таа логика одам. Освен тоа со изнајмувањето можеш да имаш дизајнерски фустан, за кој реално немаш можности. Така што ова ми изгледа како далеку помалку снобовска варијанта ,отколку да фрлиш пари за нешто што ќе го облечеш еднаш.

    Што се однесува до хигената, па хемиско чисти пофино, од дома испрана облека ,купена од продавниците кај нас.
     
  19. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Да изнајмам облека - НЕ. Ќе купам нешто поеффтино ако треба, ама сепак грдо ми е да носам нешто што го носеле десетици или стотици други пред мене.
     
  20. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.304
    Допаѓања:
    16.751
    Да се надоврзам за тоа за хигиената. Па добро бе, нели кога идеш да пробаш купачи, ги нема некој пробано пред тебе? - Нормално дека ги има,и не се носени на хемиско. Добро јас ги пробувам врз долни гаки, ама еве знам и така на голо што пробуваат.

    Инаку за изнајмувањето, ја фустан не би изнајмила ни за свадба кај брат/сестра. Боље ќе идам у некој обичен (не обичен, сега уште какви ги нема), отколку да носам изнајмен од некој познат бренд. И венчаница кога ќе се мажам не би сакала да изнајмувам.