Само со сестра ми менувам гардероба и со никој друг. А тоа горделивоста што викате нема никава врска со ова. Хигиенски причини на прво место и плус ништо не ми значи дали ќе носам брендирана гардероба или па да паѓам во несвест леле мора барем еднаш да облечам фустан од Диор, макар било и последно. И не сфаќам, ќе изнајмам нешто и ќе го носам еднаш за да ме видат дека носам бренд, кои реално никогаш не можам да си го дозволам и никогаш тоа нема да биде мое. Бедно ми е, па и сто пати нека е однесено на хемиско.
Во последниве две години само на свадби одам и за секоја втора свадба купувам или шијам нов фустан кој реално после тоа ми стои само на закачалка, на запад што убаво сегде имаат продавници за изнајмување на фустани каде што изнајмувањето е само 20-30% од цената на фустанот, а може да се изнајмат и online, мислам дека дефинитивно и нас ни фали еден ваков бутик, вие девојки што мислите?
Па би изнајмила, зошто да не. Ќе имам различен фустан за различна прилика наместо истите што ги имам да ги носам постојано.