Обозавам изненадувања се доколку се добри и сакам даизненадувам некого но со цел да привлечам насмевка на неговото лице
Никогаш не признавам дека всушност обожавам изненадувања. Секогаш се правам дека сe' знам и дека ми е сеедно.
Сакам изненадувања ама само кога се пријатни. Многу сакам кога ќе ми се случи нешто убаво, а неочекувано. Таквите работи се најслатки. Инаку, и јас сакам да приредувам убави изненадувања и да видам насмевка на лицата на моите најсакани.
Ниту сакам, ниту мразам изненадувања. Зависно од тоа какви се. Не знам да реагирам на нив, и не ги приредувам. Како што е напишано во првиот пост, некои вкочанети, без зборови, некои плачат, други урлаат, јас? -Ништо. Не сакам да лажирам емоции и поради тоа што сум без израз на лицето ми е уште понепријатно. Едноставно не знам како да реагирам на нив, но да речеме дека кога ми се допаѓа приреденото, ме онерасположува очекувањето за моја реакција.
Сакаааммм изненадувања...но оние баш изненадувања за кои немам појма...а не некој ќе ми рече еј ти купив поклон ќе ти го дадам тогаш и тогаш...ма ебати таквото изненадување... А сакам и да приредувам...
Сум приредила многу изненадувања и сум мошне креативна во тоа. Изненадувања приредувам на луѓе кои добро ги познавам и кои знам што би им се допаднало. И секогаш се чувствувам толку убаво кога ќе им ја видам реакцијата Тоа што се среќни, а причината е нешто што јас сум направила, е бесценето! Мене најмногу изненадувања ми приредиле другарките и дечко ми. До тој степен да не можам „а“ да кажам, ваква сум -
Сакам да ми приредуваат изненадување, а исто толку и сакам да приредувам изненадување. Самиот чин на изненадување е воедно и знак на внимание,почит. Кога добивам изненадување, доволно ми е самото изненадување, а кога правам изненадување се трудам тие секогаш да бидат нови,поразлични од претхофните,да одговара на личноста на која и се приредува изненадување, секогаш се ставам на местото на таа личност за да подразмислам дали тоа навистина би и се допаднало. Лани добив три прекрасни изненадувања. Првото беше од мојот дечко за мојот роденде, тој цел ден не ми честиташе роденден, дури вечерта кога се видовме, ми подари прекрасен букет ружи и ми го честита роденденот. Второто изненадување беше кога се вратив од Америка. Беше мај месец ноќта стигнав околу 23:30-00:00ч, а пред зграда ме чекаа сите мои колеги-стрелци од стрелаштво заедно со тренерот, ме чекаа со букети цвеќе и подароци за да ми го честитаат постигнатиот успех во Америка, со кој обезбедив учество на Младинските олимписки игри, и Б норма за Лондон 2012. А последното изненадување ми беше приредно лани во 6 Август каде што наместо само татко ми да ме чека на Аеродромот кога пристигнував од Минхен, заедно со татко ми, ме чекаше и мојот прв братучед кој го немав видено долг период. Исто така сакам и да приредувам изненадувања.Досега имам организирано многу изненадувања пред 2 години, на дечко ми му купив многу убава торта за роденден со огномет.(бидејќи никогаш немал торта од причина што е на посна куќна слава роден) Исто така преклани на класната и организиравме изненадување (она не знаеше дека ние знаеме дека и е роденден). Едно од последните изненадување и го направив исто така на една наша форумџика-со помош на друга форумџика, изненадувањето беше, пред врата и оставивме ружа и прстен,со картичка во кој пишуваше љубовен текст и на крај ОМАЖИ СЕ ЗА МЕНЕ!!!!! Oткако дозна, мислам дека ќе не утепаше
сакам изнемадувања а сакам и да бидам изненадувана па често другарките ми прават изненадувања си правиме изненадувања
сакам изненадувања,но најмногу сакам да ги приредувам... обожавам да го видам тој блесок од нивните очи,макар и најмал,тоа ме исполнува
Многу сакам изнеданувања! И кога ме изненадуваат и кога изненадувам. Моите најблиски скоро секој ден ме изненадуваат со нешто, макар и да е ситница. А најубавото изненадување кое засекогаш ќе го памтам е кога дојде тетка ми ненајавена од Холандија.
Па сакам изненадувања, меѓутоа зависи какви се.. (ги сакам пријатните ) често кога ќе ме изненади некој прво му се заблогарувам за трудот , а потоа ако ми се свиѓа изненадувањето уживам во него и среќна сум за тоа. .. Секако прво, малце возбудена и вкочанета , хахаха. Не сум нешто посебно креативна за изненадувања, но приредувам од време на време.. (имам и добри и лоши изгледа ) ..