Сакам изненадувања и да приредувам и некој да ми приредува. Секое изненадување е нечиј вложен труд, така да тоа многу го ценам
Сакам изненадувања. Без разлика дали изненадувањето ќе ми се допадне или не, важно е дека некој се потрудил, тоа најмногу го ценам Аа сакам и јас да приредувам изненадувања
Сакам изненадување, реагирам малце зачудено ама после океј е Мразам само кога ќе ми речат, иамме изненадување за тебе. Епа што ми кажуваш кога е изненадување? Инаку сум приредила неколку
Обожавам изненадувања. Најчесто изненадување ми приредува дечко ми јас нему малку поретко, не сум многу креативна Пред неколку недели ми приреди прекрасно изненадување, на сцена (бидејќи глуми во претстави) по завршувањето излезе да се поклони со маица на која пишува I Love You и моето име. Бев пресреќна и мнооооогу изненадена воопшто не очекував.
колку многу сакам да добивам толку сакам и да приредувам последното изненадување го добив од дечкоми за осми март навистина беше прекрасно и романтично секогаш ке го паметам тоа никогаш нема да го заборавам
Сакам изненадувања. И да приредувам и да ми приредуваат,макар што повеќе сакам да ми приредуваат Мило ми е кога се среќни луѓето околу мене и сакам да ги изненадувам,па макар и со ситници,иако мене многу ретко ми приредуваат изненадувања. Последното изненадување ми беше приредено пред неколку години,за роденден,од страна на моите другарки
Сакам, не викам не! Ама ако више се праи изненадување.... мрзам кога ќе ми кажат ЕЈ ИЗНЕНАДУВАЊЕ ТИ ПРАИМЕ и ја како што сум љубопитна личност неможам да дочекам и сакам одма да дознаам
Го молам дечко ми да ми прави повеќе изненадувања, инаку ќе го сменам Сакам изненадувања, секако позитивни. Мислам дека тогаш најмногу се гледа среќата на сечие лице
Претпоставувам дека следното мое изненадување ќе е или за НГ или по пораѓањето некој убав поклон/пречек.
Сакам изненадување последното ми беше приредено за мојот роденден од мојата најдобра другарка.Ми рече дека ќе дојде после мојот роденден,а она дојде на мојот роденден.Многу ме изненади,а и е многу креативна најубавиот роденден до сега.И јас на неа за роденденот и приредив изненадување
Јас ги обожавам тие пријатни изненадувања, скоро на сите мои блиски им имам приредено таков тип на изненадување. А мене досега само еднаш ми се случи да дочекам изненадување од еден човек кој беше мнооогу заљубен во мене, но нажалост јас не се гледав со него.
Обожавам да приредувам изненадувања за личности кои ми значат.. се сметам себе за креативна личност и имам доста изненадувања приредено.. Исто многу пати ми приредиле изненадувања. последното ми беше за роденденот.. едно од најубавите изненадувања сеуште ја чувам свеќичката од колачот и кога и да ја погледнам ми измамува насмевка.
Повеќе ме исполнува чувството кога јас сакам некој да изненадам. Најчесто изненадување му приредувам на партнерот без повод и со повод.Изненадувањето на моите родителите е секогаш со повод и тоа кога слават роденден и брачна годишнина.Ги сакам пријатните изненадувања како и секој друг.А непријатните ги претчувствувам,така што кога ќе се случат психички сум подготвена.Но,и тие се дел од животот,така што свесни сме дека секогаш не е се позитивно.
Секое позитивно изненадување ме радува особено од блиска фамилија,па потоа од пријатели,девојка,како што јас сакам да ме изненадуваат,така и јас им приредувам убави изненадувања и тоа ме прави среќен.
Обожавам изненадувања !!! Сакам и дечко ми што почесто да ми приредува, уште повеќе ќе го сакам Кога некој ќе ми навести дека ми спрема изненадување цело време само на тоа мислам, нагаѓам што ќе биде
Никогаш не сум била изненадена на роденден, уствари вооште не сум била изненадена. Труп сум, не знам како да реагирам. Сигурно дека нема да заплачам.