Сакам изненадувања, сакам да бидам изненадена но повеќе сакам јас да изненадувам. Кога подготвувам изненадување сакам тоа да не биде нешто обично, туку креативно и уникатно и нешто што знам дека ќе и се допадне на личноста за кое е наменето. Оние на кои сум им приредила изненадување биле вистински среќници
Многу сакам да изненадувам. Сега на 30ти беше роденден на другарка ми. Се организиравме јас и другата другарка со помош на уште едно девојче и ѝ направивме мало изненадување, потоа снимката од изненадувањето со песна во позадина ја подаривме на другарката. Во глобала често сум дел во правење изненадувања, безразлика дали роденденски или онака од чиста љубов и ќеф кон човекот. И да, обожавам изненадувања кога се на моја кожа
Обожавам изненадувања, се разбира позитивни. Знам и да приредам изненадување за најблиските и тоа ме исполнува. Се радувам кога ќе видам дека успевам некој да го направам среќен.
Обожавам изненадувања и да изненадувам. Со старото друштво ко помали често си правевме изненадувања пред родендени. Сега одамна не сум била изненадена.