Кај другарка ми на свадба, имаше као демек изненадување, ама беше интересно - на сред свадба, прекина да свири групата, се подизгаснаа светлата и од кај манастирот почнаа полека да се симнуваат традиционални свирачи со зурли и тапани, и едно саат време направија невидена веселба. Јас мислам дека сите не воодушевија и немаше човек кој не уграше, буквално сите не дигнаа на нозе а мене лично ме наежија. А беа само тројца, ама каква невидена енергија создадоа, не можам да ви опишам. Така да тоа е добра идеја. Или како што рече Енца некоја песна со пуштање на балони на среќа на крајот, ако сте на отворено и ако е лето. Кај друга другарка пак, изненадување спремија сите деверуши, испејаа песна една омилена на невестата и со тоа ја изненадија Или првиот танц место валцер да биде I like big butts and I cannot lie
Или уште полошо пред сите да побегне со друг се пишмани де... Енцо ма, ти си крива ме наведе да го кажам ова бегај ќе не караат ма Не не читај девојко терај по свое .Ај златна сигурно знаеш што најмногу сака па изненади го некако е од голема помош ти бев знам ...
Skoro bev na svadba i istata ke ja pametam po toa shto mladozenecot i nevestata igraa striptiz na You can leave your hat on...sekako deka bese striptis vo blaga verzija ( verojatno posle si go prodolzile doma D )... i bese mnogu interesno...bi mozele i vie toa da go primenite D [mod-kirilica:1y6blsq6][/mod-kirilica:1y6blsq6]
Вп саботата бев на свадба! И сите прашуват што поклон имало од кумот, а кумот ништо не дадол поклон. И сите ее како тоа толку богат а ништо да не даде и оп кумот се појавува на бина со огромен чек и на него 5илјади евра Е таков кум сакам
Мене ми изгледа дека кумот многу сака да се фали и да привлекува внимание. Не морал поклонот пред сите да го даде, може утре дента да го дал и пак невестата и малдоженецот ке кажеле. Не знам мене ми изгледа дебилно малку.
i kaj mene ke ima cokoladna fontana na svadbata no ne kako iznenaduvanje tuku pri samoto vleguvanje na mladozencite ke go otvorime sampanjot tamu na taa masa a ne na sredina na obicna masicka [mod-kirilica:2fsyso0l][/mod-kirilica:2fsyso0l]
Здраво, прво да ви честитам и на двајцата да имате долг срекен брак со две деца. А сега околу изненадувањето да ти кажам јас во принцип сакам да ме изненадуваат и да изненадувам. Па ете вака кога пред 15 години правев свадба никој незнаеше дека тој ден ке имаат две изненадувања и тоа од страна на невестата. И еве вака да почнам од почеток- Јас и мојата другарка што ми е старосватица само знаевме што ке направиме,еден ден пред свадба отидовме до ресторанот и на келнерите им рековме во колку саат да изгаснат светло се договоривме да им кажат они на музичарите за да не кажувам јас ида не биде приметливо нешто, исто така се договорив со плех музиката во колку и каде да дојде, но не ни беше доволно па најмивме и една трубшна плесачица но да идеме по ред, Кога дојде моментот јас на маж ми му реков дека ке идам со другарка ми до тоалет ок нормално во ништо не се посомневал, Се изгаснаа светлата а јас во венчаница и другарка ми(старосватицата) влеговме први со дајриња во рака пред музичарите а светлото беше само во нас двете тоа беше шок за сите гости во тој момент и се смеев и плачев од срека од возбуда и се така свиреа и гостите со младоженецот на чело занесени во веселбата да речам не приметија дека нас двете најглавни не снема е тогаш стварно отидовме во тоалет ама да се пресоблечеме комплетно од глава до петици во облека за трбушни плес ја имавме купено како за успомен од еден одмор во Турска. И не беше тешко да се игра затоа што ние веке зневме многу покрети. Кога завршија со музиката бендот што ни свиреа на свадбата пуштија трбушни сите тогаш помислиле дека само плесашицата ке излезе да игра дури и маж ми тоа го помислил и си рекол каде е сега да ја види, али нај интересното кога почна да влага влегувавме и ние двете ама малку покриени за да не не познаат одма кога почна убавото играње тогаш ни ги отгна веловите што небеа ни најмалку проsирни и искрено да ти кажам ништо не гледавме каде одиме, е тоа беше едно незаборавно доживување, сите гости беа презадоволни а маж ми најмногу се разбира. И на крај доага шлагот последната точка беше кога ги седнавме маж ми и кумот и сите три им игравме пред нив. И да ти кажам дека долго време се раскажуваше нашата свадба а мислам дека по некој пат пак се раскажува и после толку години. Може малку тие чудно за све ова а може ке ти биде и смешно али најважно од све дека тоа беше све моја замисла која што ни моите родители до тогаш не знаеа што ке се случи. Кога сето тоа заврши маж ми не ми дозволи да се пресоблечам многу беше возбуден и ако ти кашам дека сега таа облека он ја чува така убаво средена во плакарот и недава да се мрдне од таму. Ти посакувам се нај нај и кога се ке заврши ке чекам да напишеш што се случило и како.
А извини заборавив да ти кажам дека можеш да го изненадиш и со некоја карта на пример од некој натпревар на пример еве вака да го земеш микрофонот да му честиташ брак и да му поклониш карта од некој натпревар што сака да гледа а немал прилика или пак некој подарок што он го сакал а го немал до тогаш.
Да се приреди изненадување е убаво,но да бидете сигурни дека на младенците тоа би им се допаднало,а не да им ја уништите атмосверата и расположението.
Здраво феминки, Би сакала да прашам, дали некој знае каде да се распрашам за чоколадна фонтана? Ај ве молам помогнете ми да направам некое изненадување на нашата свадба по кое гостите ќе ја паметат! Поздрав
olence86, имаш на фејсбук, побарај ги чоколадна фонтана чоколенд, јас сум ги земала 2 пати за прослави, многу се професионални и самата фонтана е многу убаво изненадување за гостите. Поздрав
Snow-Queen, неможам точно да се сетам за цената, нешто ми се врти околу 4000-5000 денари, ама знам дека фаќаше поефтино ако сам си ги купиш овошјето, тањирчињата и боцките. Ама секако се консултирав со нив за кое овошје да го купам, бидејќи не се убави сите. Првиот пат ги изнајмив како изненадување за роденденот на сестра ми, и овошјето сама го сецкав и ги редев по тањири. Знам дека имав банани, кои највеќе одговараат, другото не ми текнува, исто баба ми ми направи и мини крофнички, и тие се топ. Најубаво е да си побарате понуда, ако не прашаш нема да знаеш А заборавив уште нешто.. Бидејќи не се изеде целото чоколадо, тоа што остана ми го дадоа, си го претурив во пластични садови, и после тоа си правев сама чоколади домашни. Си гупив бадеми, лешници, фстаци и суво грозје, и си комбинирав. Во пластична фолија си редев, ја виткаш фолијата во која форма сакаш, и во фрижидер да се стврдне. И си имаш custom made чоколадо