Последниве неколку дена се вртат искуства и скриншотови од креативци (Handmade Macedonia групата) каде луѓе ја лајкнуваат страната и едноставно бараат и пробуваат да изнудат подароци од луѓето ако се нивниот 1000 или 1666 или 2050ти фан Јас искрено сум згрозена од начинот на кој некој сака да добие нешто гратис. Со еден збор РЕКЕТАРИ Што мислите вие? Не сме ние некоја држава каде може да се пријави ова, а многу лесно можат да им наштетат на оние луѓе кои вршат рачни изработки со срце и душа, за некој да добие нешто гага
Не е само таа страна,има и други страни каде имаше коментари. Според мене многу е непристојно да бараш подарок за лајк бидејќи кога ставаат лајкови на одредени страни никој не ги присилил. Ова се со еден збор гребатори.
Леле, и јас имам фан страна на фб, минатата недела ми се случи ова. Бев во шок Во рецензии пишала: ваш 8000 фан, треба подарок (од доле имаше едно 30 коментари: подарок, подарок, мислам треба подарок. Па таа пак коментар чекаме да вратат, ги нема, па као срамота)... Сопругот вика игнорирај, на што личи ова, срамота. Ма да реално немаше што подарок да и дадеме, мислам на нешто ситно.... Многу непријатно ми дојде. И кога размислив, ако на неа не и е глупо да се гребе, што има јас да се замарам.
Работиме со зебра завеси, стварно не знам што би и подариле. Завеса за во тоалет (како најмал прозорец)??? Немав ни и идеја што да и дадам како подарок..
Ама зошто да им се даде? Не ја гледам причината тука. Ако јас сум ти редовен муштерија мене срам би ме фатило да побарам попуст, а не пак нешто бесплатно. Што викаш, тебе срам те фати зашто нема што да и подариш? Прати и една штипка за завеса може ќе падне во несвест Убедена сум дека ова е плански смислено и дека постојано коментираат едни те исти луѓе Немам толку слободно време ко нив да дремам на комјутер и да анализирам
Е, ајде де, зошто??? Гледаш бара нешто, од доле еден куп коментари за поддршка, и си викаш ајде може треба да дадам нешто (да скратам од мој џеб). Сега гледам дека цела мафија биле, не знаев и дека на други места исто правеле.... И, смешни се со реферати цели кога има наградна игра (као најдобри, да ви цвета бизнисот), па рими, проза, поезија..... Леле, среќа што сопругот ме убеди да го игнорирам постот...
Леле и јас имам една ваква на фб. Нема пост со награда кој не го споделила и не коментирала. Дури моле за лајк на чат. Стварно не ги разбирам ваквите
Да, да. Па во приватни пораки пуштаат слики, колку луѓе замолила да лајкнат, да споделат, како они многу се потрудиле и треба да ја добијат награтата. А, условите си се пишани, и дека ќе оди извлекувањето преку апликација
А, врз основа на што би ги пријавиле каквите? Не можеш да споредуваш вакво дебилно однесување со вистинска изнуда или уцена.
Види они мора од негде да почнат. Ако им палат вакви работи на ситници понатака може ќе се префрлат на нешто поголемо. Па погледни само како се силат уште, се закануваат со суд дури (солзи ми потекоа од смеење читајќи) Овде има организирана група, а никаква заштита за занаетчии. Занаетчиите и ракотворците немаат фирми, нема кој да ги одбрани во криминална ситуација и мора да се бранат сами. И да, според мене ова е криминал Можеби ги препродаваат тие подароци кои ги добиваат и еј easy money Подршка од мене за ова што почнаа да ги објавуваат јавно со име, профил на фејсбук за сите да видат со свои очи.
И јас денеска го видов постов и не ми се веруваше. Ако ја пребарате на фб оваа иста личност од сликата погоре, има еден куп награди добиено, кој знае колку луѓе оштетила
Дебилно е и инфантилно да, ама не е криминал. Мислам буквално ти вика: „Дај ми поклон“ и толку. Не ти вика „Дај ми поклон или ќе ти ја запалам куќата“. Затоа ваквите Каренс се толку ужасни, пошто не прават ништо криминално, а се досадни и немаш начин во 2 секунди да се справиш.
Па не прават криминално ама ќе јадат гомна после кај стигнат, еве ги овие на некој даваат поклон мене не. Ќе ти го ругаат бизнисот наместо да седнат сами да пробаат да направат нешто па да видат дали вреди да се дава гратис. Кретенки