Феминки едно прашање ако знаете... Овие веб странициве ако знаете како се прават и дали треба да се праќа за да ја направиш
За веб страниците Не те разбирам какви веб страници?Блогови? Не се плаќа ако на тоа мислиш Инаку си можела да прашаш во СДП....
За веб страниците Веб-страните се изработуват во Мајкрософт Офис Паблишер, јас колку што се сеќавам, правевме ние во школо. Тоа е за да ја дизајнираш веб-страната, да пишуваш информации итн. А, за да ја пуштеш на интернет незнам како се праве, сигурно нешто како договор треба, плаќање, не ми е познато.
Дали знаете како може да се отвори интернет стана како фемина или идидвиди или мотика....дали се плаќа нешто и кои се условите?
Најпрво треба да најдеш некој што ќе ја изработи таа страна, мислам на дезен, слики, текст дали во посебен програм или онлајн на страните кои го овозможуваат тоа. Потоа треба да се купи слободен домејн за страната на која ќе се постави изработката. Кај нас во МК овде се продаваат домејни со .mk екстензија, а може да се купат и од Google и некои други слични страни. Цената горе-долу им е околу 10 евра на годишно ниво. Условот за екстензијата .com.mk е барателот мора да има регистрирано фирма и да поднесе такво барање кое ќе биде разгледано и подоцна одобрено, а за физички лица може само .mk На Google или другите такви страни не бараат никакви документи, потврди и слично... Само гледаш дали е слободно, го плаќаш и твое е. Разликата е во тоа што многу малку "фини" имиња има слободни кои можат да се искористат тука (некои дури достигнуваат и превисоки цени) и треба да бидете креативни при наоѓање назив за да не делува смешно страната. Друго, има опција преку Blogger да си водиш веб страна односно блог (кој доколку знаеш да го средиш може да личи многу убаво) и самите нудат домејн исто така за 10 евра годишно. Тоа е тоа околу цените за поставувањето, потоа има хостинг кој во зависност од тоа кај е поставена страната различно се плаќа. Еве јас знам за Wix.com дека отприлика е околу 90$ на годишно ниво, ама мислам дека има други кои даваат бесплатен хостинг. Знам дека кај нас има компании/поединци кои продаваат пакети хостинг и домејн, ама во моментов не ми текнува на ниту еден. На Blogger еве знам дека е бесплатно и доколку станува збор за некоја почетничка, аматерска страна верувам дека е добро најпрвин да се проба таму.
и мене ме интересира баш ова, и дали знае некој кој може да направи страна, мислам каде да се обратам да прашам, и колку би чинело тоа?
Што да најдеш? И што значи тоа ништо да не ти бара? Формулирај ги прашањата како што треба. Всушност дали знаеш воопшто што се е потребно за да имаш веб страна?
bez nisto znaci da ne mi bara za plakanje i da e besplatno. A inace znam deka postojat web- designers ama znam i deka mozes i sam da si napravis samo trebada ja najdes tocnata stranica za kreiranje
Не постои такво нешто. Една веб страна треба да се искодира за да може да работи, а за тоа ти треба веб дизајнер, плус одржувањето на сајтот месечно, плус домеинот и хостирањето годишно (претплата за да го користиш сајтот). Ако беше така без пари, немаше веб технологијата толку да цвета.
Здраво!!! Јас имам вебстрана на вордпрес. Го имам бесплатниот план. Прелесно е. Бираш име и тема и можеш да почнеш да објавуваш. Ако сакате посетете ја https://almightiness.wordpress.com/