Инспирирана од последните постови во темата за игри и развој кај дечиња на возраст 1-3, решив да отворам една нова тема каде ќе се постираат изработки на нашите деца. Сеедно дали истите целосно се дело на нашите дечиња, или потпомогнато од нас, важно е нивното учество. Најдобро да се сподели возраста на детето и степенот или начинот на учество при изработката. Иако се е индивидуално, сепак, да се добие подобра претстава за предизвикот кој би им претстоел на другите дечиња и мајки кои сакаат да го повторат истиот. При покомплицирани изработки би можеле да ги споделиме и чекорите на работа или пак при готови макети каде сме ги набавиле истите. Идеи, совети и трикчиња се секогаш добредојдени. Ќе започнам прва. Момата е 2.5м Првата слика ни е заедничка изработка со готови макети(на жалост дадени од градинка). Сеуште не знае да ја држи ножичката и да ги превиткува рабовите. Тој дел беше мое дело. Најголема радост и беа отпечатоците од рацете и шлакањето со двете бои од страната. Другите три слики се од градинка. Делот со боите, односно нивното учење, конкретно жолтата на оваа слика, е одличен начин за да се задржи вниманието и започне да ги совладува истите. Шлакутнициве се целосно нејзино дело. Наредниве две слики се со заедничка помош. Она ги бира листовите и помага за лепењето и шарењето, а очите и устата од возрасен. Се на се, играњето со бои и шлакањето на рачињата во истите се огромен предизвик и забава за малата. На крај ремек делата се залепени на врата.
Може ли цртежи? Големиов ми е по цртањето, а не е баш по изработките. Иако има неколку од градинка, дома не се интересира, само црта. Ќе ставам некои слики. Првата изработка во градинка, првата година, имаше две и пол години. Ова секако со помош на воспитувачките. Цртеж на три години и 9 месеци, целосно сам го нацрта. На 4 години, кога веќе почна и да бои. Целосно сам го нацрта и обои. Воопшто не сака помош за ништо вакво, и како мал, и сега е таков. Многу се нервира ако погреши и знае да го скине листот на кој што цртал. Упорно му зборувам дека нема ништо лошо во тоа да се погреши при цртање или пишување, дека може да се поправи, мислам дека полека почнува да сфаќа.
Сега за сега имаме само уметнички дела, кои само уметник знае да сфати што се Ова е првиот портрет кој сам го нацрта летоска на 2год и 2,3м Коса, очи, нос, веѓи , уши жолти хахаха Лево јас му покажував како, десно он вратовите се од него нацртани 2год и 6м имаше. Овие ни се изложените дела, другите ни се низ блокови и во папки.. секое ново интересно дело го закачувам
На тој цртежот голем што е на дрвената табла до портретот.. тоа доле лево било река (а и личи), а тие горе дрва... пак нешто мисли кога црта, не шлака само хахаха. Е другите работи незнам што се, само за тие ми кажа
Деца 5 и 3 години. Помалата повеќе со помош на мама и тато. А оваа големата, голема е и многу самоуверена оти се можела сама. Јасно дека за потешкото и нејзе и помагаме. Дедо мразот е направен од ѕвонче и пластично топче. Идејата е украдена од нет.
Браво за темава!! Мојот е 6ипол години, мноооогуууу енергија има, ама понекогаш, ретко, знае да се заигра така од седење. Денес ја видов идејава на пинтерест, па вечерва се занимаваше: Сам сече, лепи, декорира, ама е поголем веќе Имам уште неколку, деновиве ако сеуште има инспирација и концентрација ќе ви постирам пак
Се воодушевив колку креативни деца има, одлична тема! @Annath подитно да го пратите некаде да учи цртање и да го развива талентот, види какви прави линии прави, јас сега нема така да ги нацртам.
Денес изработивме уште едно дело: Му помогнав за сечењето на кругчињата за очите и петличињата, остатокот се потруди сам Имам уште неколку пинувани работилници за до празниците, па потоа ќе размислам што понатаму, бидејќи брзо му менуваат интересите.
Изработка од цевки и мафинс подлоги. Двете деца шлапкаа. Тема цвет. Стикерите ги лепеше малата. Сликата е од пред извесен период. Пластелин на тема зима. Двете деца плус тато. Од утринава. Тесто. Мама плус ќерка број 1. Оваа е од пред некој ден.
Супер тема, често правиме рачни изработки, моментално само ова го имам во телефон. Од есенската работилница во градинка. Ежето сама го залепи, другите со моја помош.
Од постариот братучед Буквите веќе ги научивме, уште распоредот на пишување да го запазиме Дете 3 год и 4 месеци
Еве уште некој цртеж од големово Маша, медо, волците и таксито ... ова го нацрта пред година и пол, на скоро пет години. Овие се понови цртежи од лани Абецедата со овошки и зеленчуци за секоја буква, ама малечки се, не се баш јасни. Есен Пинокио и Џепето.