Уметник на мајка Цртал, цртал и конечно нацртал "коwа" дури и ми донесе да видам и покажа кај е колата
И јас купив Дај те сега предлози како да ги работиме, нешто интересно. Мене ми текна да топиме чоколадо ,па да ги полниме и со некој додатоци, па во фрижидер. ќе не биде ли ? И плус сакам новогодишни лампиони да правиме , ама што користите за украсување ?
Од еден друг проект ми имаше останато стиропол, исто и водените перли кои ми се од пред некој месец. И класично боење и лепење стикерчиња. Ова прва рунда. Ни останаа уште, ќе видам што ќе смислиме за другите.
Не ќе да е на малово човече оваа изработка, ама не знам каде да се пофалам ама и за него е, има на гз да падне кога ќе го види елче
И ја покажувам на сестра ми прво и ми вика.. духче е ова? Инаку добро е, Сара била тоа кога била во мешето... не е една од новогодишните желби
Ако веруваш помислив да ставам една лименка, ама мн мало елчето и немаше како Инаку уште не му ја прикажав, утре
Проект снешко.. Прво кули правеше со чашките.. па после ми помагаше за снешкото Камионот моја изработка од минатата год... исто со негова помош за лепење..
Фала Пиши на YouTube: snowman from cups има повеќе видеа со инструкции, има и со 3 топки висок.. се хефтаат чешките измеѓу. Само совет помеки чашки одбери, околу 300 потрошивме. Очите, носот, устата и копчињата се од колаж. Немам сијалички инаку ептен убаво изгледа и да свети..
Јака му е придружничката Супер Е! Не ми текна вака за раце, имам куп ракавици ке му закачам и јас едни Каминот наш е од стиропор, лепен со Glue Gun, се сече со нож кој се загрева на плинско, прелесно иде така и најбитно не се прави лом секаде! Огинче испринтано и тоа е тоа .