Прво на тебе ми текна, ама и за сите што не ја знаат, на фб страната на икона има дневен предизвик, даваат тема за цртеж и во коментар се праќаат цртежи од децата. Даваат и награда колку што знам. Деновиве темите се поврзани со животни.
Јас видов жирафа предизвикот кога беше. Победничките цртежи ама ич не ми делуваат како од дете на таа возраст нацртани.
Не мора да значи, син ми црта по јутјуб туторијал, не сака сам да измислува така му е поинтересно, а јас сум среќна што сака да учествува зошто генерално е тежок на убедување. Малава не сака на пример, мислам сака да црта ама кога ќе и кажам нацртај некое животно вила не знам јас тоа да цртам. Си црта по свое. Важно е добра идеја зошто ги мотивира децава колку толку, не знам ни по кој принцип се наградува ни што се наградите, не сме добиле уште Ова ме бендиса исто, ќе пробам денес со малава ако сака https://www.facebook.com/toufik.benbouchta/videos/3093317914012804/
Денешната тема ни е сонца од хартија.Големот со моја помош другите сама. За големото сонце ни беше потребна хартија со ширина 10см, долга 80см.Откако ги залепивме и ја добивме саканата должина ја превиткавме во форма на хармоника.Врвовите од едната страна и ги пресековме во шпиц , а другата ги сошивме со игла.Двата краја ги залепивме со лепак.Одозгора го залепивме лицето на сонцето
Рибите се викаат Хуши и Хеси Лисиците се викаат Тити и Ака Заедно правевме едно јас друго таа со моја помош