Ова ни беше активност од градинка боевме шпагети и правевме цвеќе од нив ,ние малку бевме неспремни со бои па се снајдовме и ги обоивме со една заостаната боја за јајца од лани
Леле и Тео понекогаш Оет и вика еве Тео пишав. А и кога чита нешто што распознаваа обратно чита (пример Д3 е 3Д, Б12 е 21Б, ова витамини што знае ).
Не е. Мајка ми чува мои цртежи од градинка, иста ситуација сум била и јас Изгледа стварно е фаза, додека не почнат да пишуваат во школо.
Фала ви женски за дискусијава со огледално пишување, јас мислев моево некој проблем има, дури си реков да не е нешто сериозно со очите. Логиката за левак можени држи, ќерка е роден левак ама во градинка ја имаат конвертирано, па сега пишува со десна. Ако не ја корегирам, огледално пишува и почнува од десно кон лево.Уште не оди на училиште ама цртежите ги потпишува.
Ќерка ми исто е левак, не сум размислила дека тоа има врска... Иако, имам цртежи од внуциве, они не се леваци па пак вака пишувале. Ќерка ми пример горниот ред го пишува од десно кон лево, а долниот од лево кон десно Кога се потпишува име и презиме, името наопаку , презимето добро... Јас ич не се замарам, едно време убаво пишуваше, сега пак почна вака, после пак ќе се оправи најверојатно. Да не бидам офтопик... Ова може и тука да го ставам бидејќи јајцава се 90% нејзина изработка.