Сам си ги извадил количките карс, си ги наредил. Пребројал, запишал и ми сликаше П. С не е којзнае каква изработка, но ме радува што во последно време многу го интересира математика, броеви и пишување.
Пробај да го најдеш Walking with dinosaurs на BBC филм, тек тогаш ќе видиш што е заљубување во диносауруси. Повеќе од 2г е љубовта , а веќе и сите Џурасик ги има изгледано. Овој на ББЦ е многу добар, ние на гледалица го гледавме (преку 20 пати), едно време го имаше и на јутјуб. Толку е опседната со диносауруси што решила Палеонтолог да биде
Од која година е филмот? И мојава веќе длабоко навлезе во опседнатоста. И само месојадци и се фаворити. Сега и е велоцираптор
https://m.imdb.com/title/tt1762399/ Еве 2013, има и серии некои повеќе како документарци, ама ова е баш како филм направен и многу е интересен. Чудна работа големиов немаше некој интерес за диносауруси, демек машкиве повеќе ги сакаат, а малава ги обожава. Од торти за родендени, играчки...
Као мравки да правиме, но он рече бусови биле Му го направив само најмалото, другите две сам. Стапчињава мислам за броење се, баш ни се најдоа
Денес синко изрази желба да шие чорапче Па си земав стара тетра пелена, ја исцртавме од обратна страна и еве го делото Жив среќен дека успеал да сошие, па сега ќе шиеме новогодишни чорапчиња за да ги наполни Дедо Мраз. Уште мама да најде црвен материјал
Скоро секој ден шетаме во природа и собираме лисја во различни бои и ги носиме дома. Јас му цртам нешто на лист а синко ги лепи. Занимација повеќе од еден час.