Којзнае од кога не сум ни отворила ни постирала нешто тука. Ме инспирира зверка, денес во креативен занес, малку ги утнала престојниве празници ама ептен ме бендисаа цртеживе
Со акрилни бои. Се сушат еден ден, па потоа се печат еден час на 170 степени за да ја задржат бојата.
Ако се вака подготвени, би требало да смеат. Да додадам, кога ќе се печат во рерна се ставаат во незагреана рерна и се загреваат заедно со рерната. Еден час треба да се печат, а потоа се оставаат да се изладат заедно со рерната.
Еве не и нас, 2 и 5м. Кругот од лицето јас го нацртав, очиња,коса,носе, усте и ушиња синко . Па точки редеше, и на крај рачиња намачкавме за печат