Гаража од чачкалици и пластелин. Лепиме со грав и макарони, јас цртам линија, он по неа лепи, после и бои. Сите броеви на овој начин ги научи. Ем едукативно, ем интересно. А и доста време поминува. Црта, се труди доста... додуша се што има права линија знае, коси не знае да пишува
@LaDyDoLl супер игра. Обавезно ќе ја примениме! Мислам дека и на ќере ќе и се допадне. Ние вчера јужно а денес шумско овошје цртаме. Нек доврши па ќе сликнам и споделам тука.
Ова сега му е хит. Името со смајлиња да си го пишува. Ама буквално секаде се потпишува, каде што има пенкало и лист, хартија, салфетка, било што Ова последно го сликнав на потсетник залепено на фрижидер. Утрото го видов, баш слатко се смеевме со мм. Иначе, знае да ги пишува и препознава сите букви, сега сам ги учи латиничните(од тастатура на лап топ) И јас воопшто не го форсирам, забележувам дека детево не сака да не знае, кога некаде ќе видеше буква на латиница а не ја препознаваше, се нервираше. Сега го гледам на лап топ ги учи Броевите ги научи од саатот, сега веќе и го препознава.
Браво за малиот. Баш Ранко Рајович збори за тоа како после 2рата година децата се најспособни да учат симболи, бројки, букви, знаци... само сето тоа да биде неисфорсирано, низ игра и асоцијации. Синко е 2 год, одамна ги знае броевите, ги научи од сложувалки, почнав да му покажувам и букви и брзо учи, ама па потоа прочитав една друга статија од некој руски невропсихолог кој пак кажува обратно, дека децата пред школска возраст не треба да учат броеви и букви, дека им ја црпи енергијата и дека може да има последици во подоцнежниот развој, па навистина се ставив во дилема што е правилно, а што не. Моментално прекинавме со такви игри, ги кренав и сложувалките со броеви и букви, мада никогаш не сум ни инсистирала, или приморувала за нешто, напротив сам покажуваше интерес.
Време е за пластелин. Дете со меше у пупе (папоче) и бројки. Бројките сам ги прави, детето го направила баба му, а коса, очи, уста, нос, уши, пупе ставаше он.
Јас од она што сум учела знам дека на предшколска возраст треба да го сфатат поимот за бројка, односно количина, симболите за бројки не треба да ги знаат. Значи да знае да изброи колку има јаболки, колку крупи и слично и да разликува што со што е исто. Може накај 6 годинки и да споредува каде има повеќе, каде помалку, ама да знае дека 6 е шест не треба. Е сега мислењата се сепак поделени. Ако самото дете покаже желба да ги учи симболите тогаш не треба да се стопира. Исто така е битно да знае просторно и моторички да ги прави движењата за букви и бројки пишување, ама да ги препознава кога ќе ги види не мора. На пример она што е како Монтесори вежќба каде децата во песок пишуваат букви и бројки со прстиња или со нога да прават движења во простор како бројки/букви, ама не треба да се форсира пишување на истите на хартија со молив/боички или да се форсира читање пре дда се тргне на училиште.
Многу контрадикторни мислења има за сè во врска со развојот на децата што човек колку повеќе чита толку повеќе се збунува. Јас барем многу се плашам да не згрешам во воспутувањето и на тој начин да му наштетам на своето дете. Тој самиот изразува желба за броеви и букви, во игра брои цело време, кога има повеќе предмети на купче на пр боички, бонбони, оревчиња... ги брои по неколку пати. Напишани цифрите одамна ги разликува, тоа признавам го учевме додека ја сложувавме сложувалката со броеви, ама ништо исфорсирано и со наметнување. Кога читаме од книга прашува за буквите, кога му велам ајде да цртаме ми вели напиши мама, тато, дете итн... Значи кога самото дете си покажува интерес дали треба да се продолжи да се насочува или да му се одвлекува вниманието....???
Дел од честитките кои ги изработивме за баби/прабаби/учителка/вујна/другарки Омилена активност му беше лепењето и ставањето на своеврачен потпис