1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Изразувањето кај родителите

Дискусија во 'Дете' започната од edna_malecka, 9 април 2021.

  1. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Не ми смета, ама не применувам.
     
    На Jana06, Celltica и edna_malecka им се допаѓа ова.
  2. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам да сум употребувала множина, а можеби и сум или се уште употрбувам ама не знам, не сум обрнала внимание на тоа.
    Често читам на групи каде мајки зборуваат во множина и не ми смета, на против баш ми е симпатично.

    Живеам во држава каде што бременост се соопштува со "WE are pregnant" и ова ми е исто симпатично колку и " денес 2 пати се покакавме" :)
     
    На IRBBB, kukla21, snegulkata и 6 други им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.420
    Допаѓања:
    165.286
    Пол:
    Женски
    Не ми смета, смешно ми е. Јас така зборам за животните и знам дека ќе користам ко ќе имам дете. :D Ама е начин родителот, најчесто мајката, да се врзи за детето ... Од поќе, ако надмини одредена возраст каде детето треба да почни малку да седи на две нозе свои. :D Ок е до одредена мера, над таа мера можи да штети на селфот на детето, а покасно и од одделвањето на мајката од детето. Не зборам за беблаци туку веќе претшколски деца треба да се диференцираат.
     
    На IRBBB, cresa-jagoda, Celltica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.828
    Јас друго не сфаќам, како стигнавте уз муабет до темата кога точно какале :D
     
    На злоба, edna_malecka и Autumn_ им се допаѓа ова.
  5. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Ми се има случено и глупаво е. Баш гледам на јутјуб една што го исмева овој начин на изразување. Слатко од дуње мислам е пишана. Вика :" Данас смо какили" :D:D:D
    И моја пријателка еднаш во муабет ја прашував како се, ми вика: "добри, ама какаме зелено" :rofl::rofl:
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    9.096
    Пол:
    Женски
    А исто има и такви што наместо во месеци се изразуваат во недели, ми се има случено неколку пати и тоа страшно ме нервира.
    Ами ако е 6 месеци кажи така, а не 30та недела (лупам од ракав, не знам дали 30 недели се 6 месеци). :?:
     
    На IRBBB, Осе, kankus и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.828
    Глумење посебни.
    Сфаќам ако се зборува за некоја развојна фаза која е специфична по недели или месеци, ама стварно е премногу кога прашуваш најобично прашање како колку наполни детето. 154 недели :D
     
    На IRBBB, edna_malecka, Осе и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Хахахахахаха истово ова ми се ина случено. Еве син ми има 2 години јас никогаш во недели не рачунав освен кога гледав на календар и броев и рачунав кога има скок во развој. Една жена пред некое време ме направи да рачунам во себе колку години има детето, кога ја прашав "колку направи"? И ми рече "32 месеци". Као жено шо ти е. До 18 години ќе броите во месеци? :bandit::drunk:
     
    На kikikikirika, IRBBB, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.828
    Среќен 216 месец, среќно полнолетство! :^:
    :D:D:D
     
    На IRBBB, elenaklasik, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Ние сме 216 месеци стари :rofl::rofl: или ние направивме 216 месеци
     
    На cresa-jagoda и Celltica им се допаѓа ова.
  11. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    Може некогаш имам кажано не знам ама намерно да зборам какаме мочкаме не :shake:
    Е сега тоа со месеци многу ми беше чудно, но од кога имам дете и јас кажувам по месеци.
    Прво прегледи, вакцини се се води по месеци.
    Скокови регресии се е по месеци.
    Облеката е исто по месеци.
    Значи автоматски полесно е да кажеш по месец од тие причини затоа што сме така навикнати.
     
    На cresa-jagoda и edna_malecka им се допаѓа ова.
  12. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Не ме нервира, ама некако чудно, па дури и смешно. Некоја спомна за мајка на средношколец што зборува во множина. И јас имам слична ситуација од средно. Класната ни кажуваше за мајка, на која синот попуштил со учење. И таа ја прашува да не е случајно заљубен и мајкава на тоа одговорила: „ЗАЉУБЕНИ СМЕ“.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Ова со ученициве познато ми е.
    Имаше наставничка све во множина кажуваше. Многу професори има така.
    Поубаво би звучело "сега ќе имате англиски, сега ќе учите за..". Отколку "имаме, учиме". Наставниците веќе тоа го научиле, нема што да го учат пак.
    На времето кога учев основно некои деца до 3-4одд со родител одеа и се враќаа од школо.
    Имаше една мајка, детето до 6то го носеше и враќаше.
    На станица разговараше со друга особа и ја прашуваат каде оди. Госпожата со цел памет "еве да се ЗЕМЕМЕ".
     
    На kikikikirika и mode-kristina им се допаѓа ова.
  14. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.816
    Пол:
    Женски
    Не се изразувам вака, и ме нервира да слушам некој така да збори пред мене.

    Ама свекор ми вчера:
    “Леле се сеќаваш, едвај јаОДБИВМЕ од цицање поголемата”.
    Да да,ја и он заедно ја одбивавме, ние бевме тие(facepalm)
     
    На Larahappy, Celltica, elimkd и 16 други им се допаѓа ова.
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Е ова е врвот :rofl:
     
    На Celltica, Oneo, elenaklasik и 3 други им се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.585
    Пол:
    Женски
    Највеќе ми е смешно кога дете од 2,3,4 години го ословуваат со бебе. Пр. Моето бебе е 2 и пол, 3 години. :rofl:
     
    На mariz, kikikikirika, Mnik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    16.951
    Пол:
    Женски
    На ништо не ми смета кој како сака нека се обраќа,како сака нека се изразува,или па чувај боже да се замарам некој што вика бебе за 3 год дете.Вакви работи мене не ми се причина за нервоза.
    Јас си терам како што мислам дека треба и сигурна сум дека за сите тоа не е најправилно.Па сите ние луѓе сме со различни карактери,особини,ако на сите им замерувам,исправам,кај ми е крајот на мене.
     
  18. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.632
    Допаѓања:
    11.029
    Пол:
    Женски
    Селфот? :^) јас пак сефот прочитав :rofl:
     
  19. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    909
    Пол:
    Женски
    Не ми смета ич, исто ми се фаќа дали ќе зборуваат во множина или еднина.
    Но овие кога ги слушам
    :tmi: :tmi:
     
  20. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Ние малата меѓу нас а и кога и се обраќаме си ја викаме Baby. Така ја завикавме од ко се роди и така и остана како надимак.
    Пример: кога се јавува татко и од работа ме прашува "како е Baby"
    или јас ја прашувам неа "Baby сакаш млеко" многу ретко со името :$
    Слатко ни е, интересно ни е, ако на некој тоа му смета тие си имаат проблем и екстра време да се замараат со тоа како јас се обраќам на моето дете од 3 години со Baby.
    Да сме здрави и живи само, и на 20, 30, 40 за нас уште ќе биде Baby ;) (y)
     
    На Маја Т, cresa-jagoda, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.