Син ми иако е дел од мене, сепак е посебна личност. Секогаш по име за него зборувам или евентуално бебето зависно сп кого разговарам. Какаме, цицаме, мочкаме, имаме дијареа од секогаш ме нервирале, не ги користам и нема да ги користам.
Многу од изразувањето на родителите не поднесувам, ама на ова зборење во прво лице множина одма обраќам очи, не можам да се сопрам Толку ми е одвратно што избегнувам контакт со такви. Дури и тука на форумот скролам кога видам на ние, а во темите 60% на ние зборат, божем тие какале а не детето. Најодвратно ми е ПОВРАЌАВМЕ, одма и мене ми се повраќа. И смешно ми е објаснувањето демек јадевме, какаме е ок, оти и мајката била до него цело време. Не, тоа само кака, ти му мениш пелена. Колку поголемо е детето толку поодвратно ми е ова. Имаше на ФБ една пишано НаполниВМЕ три години и слика од детето со родителите. И на зафрканција и коментирале : Матеј наполни 3, вие двајца не ми изгледате на толку. Друго ме нервира кога на дете му се обраќаат со лигави зборчиња како "каци бе ти". И кога во јавност ќе почнат да се лигават со дете да се бакнуваат и на цел глас сонце мое колку те сакам, крофно моја, пиле мајкино. Дома ок, ама цел ресторан да ме слуша како правам цмок цмок, сепак е за мене тоа интимна работа. Ме нервира и баба на дете кога му се обраќа со "убав на мајка" а она му е баба. Од друга страна се восхитувам на родители што смирено по 100 пати истото можат да му го објаснат на две годишно дете. Разговараат со децата со саати на различни теми, притоа не менувајќи го гласот или лигавејќи се. Скоро 20 минути така ја гледав една мајка во метрото без да трепнам. На едногодишно бебе му го објаснуваше градот ко туристички водич. Малово не разбира, но ги ококорило очите и ја слуша. Се надевам таква ќе сум и јас, но може ќе станам и лигла, којзнае
Како родител, се сложувам за јадевме, какавме, за бабите кои се умишљаат мајки итн. Ама за тоа у јавност да не изразиш емоција, тоа допрва ќе видош. Ти иде само по себе и к*р те боли дали некој те слуша или не. Едит: да му покажеш/ кажеш на детето дека го сакаш/ колку е сакано, нема место и време, секогаш треба. Другите во околина се потполно небитни. А на темава, мене па ме нервира кога мене ме прашуваат нешто преку бебето. Го гледаат него и кај шетавте, кај бевте, како се викаш, што ти е ова... и ќутат чекаат одговор, па по некое време ќе ме погледнат како "те прашав нешто". И јас ќутам обично, не им одговарам, нека им каже бебето.
Можеби е така дека за љубов да искажеш не бираш место и време, но ете јас бирам. За мене е тоа нешто интимно. Меѓу сите поканети гости ќе ми дојде и некоја со дете, дури правиме муабет малото ќе дојде до неа и на сред муабет ќе почне да го реди со зборчиња и бакнува и лигави, тука на масата пред луѓе. Па малово ќе се разлигави уште толку, родителот уште погласно се лигави а сите на маса вртат очи. Ако и е толку детето најважно, кога ќе забележи дека му е досадно на детето или му се спие, нека стане да си оди. Ама не, ќе седат уште 2 саати на маса дури таткото испие пивото, ама до тогаш ќе се лигават и ќе нема цела маса мир од нив. Јас не би сакала да вртат очи на маса од мене и секој да ми слуша како јас му искажувам љубов на детето.
абе, а зашто сите мајки се изражавате со: ,,ние денес имавме за ручек пасирано, грашаче, морковче’’ сигурно не јадете и вие од бебешката храна или ,,ние денеска се бањавме, ни студеше после ама убаво се облековме и искочивме’’ се бањате со детето заедно, или како? ,,денес почнавме во градинка’’ идете во градинка на 30+? сфаќам ,,отидовме на пазарење“ нешто што правите вие и вашето дете, ама нешо шо праи само тоа, а го пишувате во множина, ми е кринџ
Ја мислам дека вака се изразува личност која што не може својата личност да ја оддели од личноста на детето. Или у попросто кажано.... Опседнати се со децата.
Некогаш природно доаѓа не обрнуваш внимание како кажуваш. Валда се губи кога почнуваат сами да кажуваат за себе
Не сме сите мајки. Не има и нас што тоа не нк е навика. Син ми е одвоена личност од мене, така и се изразувам. Освен за заеднички активности како шетавме, одевме до.., си игравме, се бањавме во вода и сл. Никогаш не сум рекла какавме, мочавме и сл.
Никогаш не сум кажала какавме. Ако сме настинати, кажувам дека синко е болен а јас од него или обратно. Примивме вакцина... Јас пред 20 и кусур години, син ми пред 2.
Јас така се изразувам! Скроз несвесно, и никогаш не сум помислила дека некој до толку се замара со ова дури да се иритира и пенјави по форум колку е глупо. Кај мене, а мислам дека и кај повеќето мајки ,таквиот начин е повеќе изразен кога се малечки. Дали од милост, дали не знам од што ... Немам објаснување. Како растат некако се губи таа навика да се збори во множина, и тоа исто несвесно. Ете за големата ќерка можам да кажам дека пишува, спие, пее... За малата баш утрово пишав порака на една другарка - ние сме болни, не бевме во градинка.
Порано не се користеше овој начин на изразување. Релативно е нов. Не ми се допаѓа ова и не ми се допаѓа кога ме ословуваат со 'мајка' Посебно педијатрите имаат таква навика.
Не мора никако, доволно е културно да ти се обратат. Јас на докторките на пример не им викам докторке, им се обраќам со Вие, така и они можат. Ај мајка, ама мама кога ќе ми се обратеа, коса ми се креваше. Што се однесува до зборувањето во множина и јас зборев кога беше помала. Имам свој живот, да не се грижите, се е во ред со мојата личност а и прилично нормална сум