Многу трудници сум чула дека го приметуваат икањето на бебето во стомакот. Дали вие го имате заприметено тоа, после која недела почнува бебето да ика и како го разликувате икањето? Дали икаше често, кратко/долго?
Мене многу често ми ика. Познавам по тоа што имам во (најчесто) десниот дел од стомакот како слаби удари т.е. баш чувството е баш како срце да чука. Значи икањето се познава по тоа што е во ритам. Ако ја ставам раката чувствувам на рака, а ако ја тргнам се гледа малку на блузата ама треба човек да се загледа. Мислам дека некаде од 6 или 7 месец дека почнав да чувствувам.
Ејј значи тоа било тоа баш се чудев неколку пати, доле во стомакот како срце нешто чука, и си мислев нема шанси толку да го чуствувам срцето на бебето , а тоа икало
Кај мене почна да ика од 7 месец, барем еднаш во текот на денот, а откако влегов во 9ти и по неколку пати. Најчесто почнува откако ќе јадам или пијам вода или пак кога ќе легнам
тоа е треперење на мускул што вам ви се чини икање. Инаку икање, прдење, уринирање, плачење тоа се работи кои не се случуват додека бебето е во стомак, туку после раѓањето, откако ке вдише воздух. Инаку што вие тоа така си го толкувате е убава работа, исто како што е вербата дека бог ќе ви помогне за некоја рабоа. Сето тоа е сосема во ред и човечки одредени работи да си ги толкуате како што вам ви одговара.
Во ред е да се сака нешто да се напише ама треба барем малку од малку да имаш познавање од темата на која што се правиш стручна и делиш совети. Уринирањето на плодот почнува веќе при крај на првиот триместар од бременоста, до крајот на бременоста плодот/бебето уринира околу литар течност на ден. Така да и икањето не е треперење на мускул туку е токму тоа...икање, освен белите дробови кои ги употребува прв пат со раѓањето другите органи ги користи бебето уште додека е во матката. Значи не е како верба во Бог туку е факт, бебињата икаат додека се во матката.
Mojot bebes mn.ikase dodeka bese vo meseto,skoro sekoj den da ne recam.A i sega go pravi istoto iako ima 6 meseci
имам приметено од кога че каснам нашто не поминуваат ни 2 мин. бебето почнува да ика икајњето го осејчам од пред 2 недели (7 месец)
Дали ова икањето може некако да се минимализира на некој начин? Малово бајраче постојано само ика. Само што ќе каснам нешто, по 15 минути си ја започнува работичката. Што толку му се случува, навистина не ми е јасно ?!
Мене ми е многу интересно кога ќе почне да ика. Последниве 2-3 недели ика секој ден. Ама тоа икање многу долго му трае, што и ме загрижува. По 10-15 минути сигурно.
И кај мене ист случај, претпоставувам дека е икање инаку што друго би било таквото пулсирање , стално го осеќам на едно исто место, долу на десната страна под стомакот , и како што викаш 3,4 пати во денот по 10тина минути...
и буца моја мн ика..дури и се нервира некогаш кога ика подолг период,,па шиба мава ..ама и го најдов лекот...пијам вода и веднаш прекинува со икање хааха
juhuu izvesen period bas toj puls go cuvstvuvam i celo vreme mislev srceto na bebeto..ama sega otkriv sto e interesno prekrasno cuvstvo
ако е тоа тоа вечер бев во вц и потоа си легнав и нешто од внатре како чукање срценцето на малото си мислев што ке е,да не го боли нешто а тоа си икало траеше околу 5 минутки и се смири душа убава на мама